
УЧИ
ДОДЕКА СИ ЖИВ
ОТКРИЈ ГО ТВОЈОТ ТАЛЕНТ
ИСТРАЖИ ГИ ТРЕНИНЗИТЕ





ОВДЕ Е ПОЧЕТОКОТ НА СЕ ШТО САКАШ!
ЛИСТА НА ТРЕНИНЗИ
Секој од нас има посебен талент и дарба да направи нешто исклучително. Можеме да имаме значително влијание врз светот околу нас – само ако го одбереме тоа. Ако барате начин како да создадете извонреден живот, Водичот за Генијалност е моќен и практичен прирачник кој ќе ве инспирира како да бидете исклучителни.
Регистрирај се
АКРЕДИТИРАНИ МЕЃУНАРОДНИ ПРОГРАМИ
Kомпанијата EQ Excellence е единствен сертифициран напреден тренинг центар за развој на емоционална интелигенција во Six Seconds во Балканов и пошироко
Компанијата EQ Excellence е сертифициран нетворк лидер на Six Seconds, во 2013-2014 година беше Партнер на Six Seconds. Од 2016-2020 беше Партнер со Six Seconds и УНИЦЕФ во најголемиот светски проект EQ POP UP Festival кој го одржавме во неколку основни и средни училишта во Македонија, со повеќе од 5000 ученици, родители и наставници. Од 2022 ќе имплементираме акредитирани програми и модули од Six Seconds за емоционална интелигенција во училиштата во Македонија. Во 2021 година EQ Excellence се ребрендираше во Genuine Dynamic.

РАЗВОЈ НА ТАЛЕНТИ
Ако ја погледнете вистината во очи тогаш голема е веројатноста да се соочите со две објаснувања: талент и напор. Талентот се однесува на способностите, вештините и стручноста кои утврдуваат што може да направи човекот. Напорот се однесува на степенот до кој лицето ги распоредува своите таленти.
Јасно е дека некои луѓе се и талентирани и вредни, но честопати постои тензија меѓу овие две крајности. На пример, талентот може да ги натера луѓето да бидат мрзливи затоа што додека работат помалку се напрегаат и ја постигнуваат посакуваната цел, за разлика од помалку талентираните кои вложуваат многу труд и напор за да ја постигнат истата цел. Но, колку всушност е важен талентот? Што може личноста да добие со талентот доколку не го усовршува и постигне исклучителни резултати?

За позитивните искуства на дел од нашите учесници



НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
ЗОШТО ГО КРЕИРАВМЕ ОВОЈ ПРОГРАМ?
За да ја разбудиме вашата креативност, иновативност и прогресивност затоа што тие се клучот за успехот на едно општество. За да ве инспирираме да ги развивате вашите уникатни таленти, способности и емоционална интелигенција.
За потребите на секој ученик специјално дизајнираме програми а за да постигнеме успешни резултати, менторот се води според планот направен за секој ученик, со цел да ги оправда инвестираното време и буџет.
ШТО Е ЦЕЛТА НА ПРОГРАМОВ?
Нашата најдлабока желба е да ја разгорите желбата која што веќе ја имате кон некој интерес и ја претворите во бесконечен циклус на Ваш креативен раст. Така вашата желба ќе го поттикне вашето учење, а вашето учење ќе ја разгори вашата желба. Ова е магијата што го прави генијалецот. Под водство на ментори ќе превземате АКЦИЈА откако ќе
препознаете: во која од трите фази на развој е вашиот талент и како да ја развивате емоционалната интелигенција.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ ПРОГРАМОТ?
За тие кои веруваат дека се уникатни и сакаат да инвестираат во својата оригиналност, за секој кој сака да научи како да се фокусира, решава комплексни проблеми, учи лекции од неуспеси, за секој кој од себе сака да создаде вредност и има желба да научи како да го употреби својот целосен потенцијал.
КОЈ СЕ ТРЕНЕРИ ВО ПРОГРАМОВ?
Нашиот тим на тренери е составен од елоквентни професионалци, универзитетски професори, како и професори кои имаат долго годишно искуство со тренинг на алентирани деца за на домашни и меѓународни олимпијади и натпревари.
Со помош на индивидуални/групни тренинзи, тренерите ќе го извлечат најдоброто од вас и ќе ве поддржуваат во вашиот прогрес.
КОГА Е НАЈДОБРО ВРЕМЕ ЗА ДА СЕ ПРИЈАВАМ?
Сега. Зграпчи го својот прогрес! Искористи го сегашниот момент и инвестирај во својата оригиналност. Почни да ја зголемуваш својата вредност и фокусирај се кон постигнување на цел со која ќе ја инспирираш својата генерација.