8 СОВЕТИ ОД ЕКСПЕРТИТЕ ЗА ВАШИТЕ ДЕЦА ДА БИДАТ УСПЕШНИ И КОНКУРЕНТНО НАСТРОЕНИ

Од (YPO), една од најдобрите светски образовни програми за учење велат дека:
НАТПРЕВАРОТ Е ФАКТОР БРОЈ 1 ЗА УСПЕХ

Пишуваше: Ивана Димитрова
Време траење на текстот: 8 минути
Јуни 2021

Сите сакаат нивните деца да бидат паметни и успешни. Но постојат несогласувања околу тоа што влијае врз успехот и паметноста. Секако, со текот на годините се менува стилот на родителството. Некои велат дека поважно е учеството, одколку напорот кој се вложува во нештото.

Следуваат советите на Џејк Нојберг и Рамит Варма, светско познати интелектуалци во областа на едукација на деца и претседатели на (YPO). Тие воопшто не се согласуваат со ставот дека: Важно е да се учествува на натревар, не да се победи. Тие им помагаат на децата да ја развијат својата конкурентна природа со високо ефикасни перформанси, а на родителите – како да ги одгледуваат своите деца во овој се поконкурентен свет.

1. Вашите деца сметаат дека можат да извршат повеќе работи истовремено

Една од најчестите жалби на родителите во врска со училишните активности на нивните деца е дека децата се преоптеретени и имаат премногу задачи и работа. Многу родители се жалат дека на децата им се одзема детството затоа што секоја вечер имаат по 6 часа училишна работа. “Во реалноста поверојатно е дека вашите деца имаат 2 часа работа, но нив им се потребни 6 часа за да ги завршат активностите бидејќи не се целосно фокусирани на истите, а времето меѓу задачите го трошат на нешто друго”, велат Нојберг и Варма. “Решението не е во одземањето на нештата кои им го одвлекуваат вниманието (мобилниот телефон, телевизорот или пристапот до социјалните мрежи), туку да им се овозможи време да уживаат во своето детство и да ги прават своите омилени работи без да бидат спречени во тоа поради училишни задачи. Потоа, посветете време и на училишната работа без телефон во собата или било што би им го одвлекло вниманието. Ова бара сериозна дисциплина и кај учениците и кај родителите, но затоа резултатите се подобри, има помалку стрес, а повеќе сон.“

2. Пофалете ги децата за напорната работа, не им кажувајте дека се премногу паметни

Ова може да изгледа контра-интуитивно за градење доверба, но постои цврста наука зад овој пристап. Нојберг и Варма велат, “Истражувањето наречено ’Growth Mindset’, предводено од Керол Дјук на универзитетот Стенфорд, докажува дека начинот на кој ги фалите децата има значително влијание врз нивните перформанси. Експериментите кај средношколци покажале дека учениците кои се пофалувани како паметни имаат намалување на интересот (од 58% до 53%) во перформансите на тешки математички испити. Во меѓувреме, учениците кои се пофалувани дека работат напорно, се забележува големо зголемување на интересот (од 58% на 75%). Па, што треба да направи родител кој го поддржува своето дете во неговиот развој? Наместо да го фалите вашето дете дека е паметно или дека стекнало добра оценка, пофалете ја упорноста и ќе видите позитивен резултат. Наместо да кажете: ‘Јас сум горд на твојата оценка од тестот, толку си добар во математика.’ Кажете: “Јас сум горд на тоа колку напорно работиш по математика и по твоите резлутати можам да видам дека тоа се исплати“

3. Фокусирајте се на правилната работа

Нојберг и Варма посочуваат дека многу родители се фокусирани и им помагаат на своите деца да запомнат формули, зборови или датуми. Но децата треба да развијат свој начин за меморирање. Нојберг и Варма предлагаат алтернатива каде родителите дискутираат и анализираат порелевантни информации за да му помогнат на детето да развие нијансирана перспектива. Значи, ако темата е Илинденското Востание, помалку е важно родителот да му помогне на своето дете да запамети дека се случило на 2 август 1903 година, а поважно е да му помогне на детето да ја разбере важноста на овој настан за исходот од Македонската револуционерна борба и тековните меѓународни односи . Уште поинтересно е да се разговара и дискутира со вашите деца на вакви теми, наместо постајано да им кажувате некои факти.

4. Не грижете се толку многу за оценките, освен за математика

Успешните родители често се сколни кон тоа да вршат притисок врз децата за децата да добиваат највисоки оценки. Ова може да предизвика стрес и фрустрација кај учениците што доведува до спротивен ефект. Нојберг и Варма веруваат дека највисоките оценки по сите предмети не се клучни, освен кај еден предмет. „Не се сите предмети создадени еднакво“ тврдат тие. „Многу е поважно вашето дете секоја година да добива највисока оценка по математика, наместо по било кој друг предмет. Тоа е така затоа што математиката се гради самата себе си, за разлика од другите предмети. Замислете ја математиката како зграда од блокови, само ако неколку недостасуваат, истата може да се сруши. Доколку вашето дете има проблеми со математика, помогнете му веднаш.“

5. Нема ништо лошо во барањето помош

Нојберг и Варма велат дека многу е веројатно некои ваши пријатели да преувеличуваат колку нивното дете е добро во училиште. Некои родители веруваат дека да имате учител е значка на неуспех, но Варма и Нојберг нагласуваат дека ова е деструктивен поглед. „Родителите се воодушевени од тоа колку нивните деца растат со искуството од работата со нашите учители, па повеќе од 90% од нив велат дека со задоволство би не препорачале на пријателите. Сепак, многу од нив никогаш не го прават тоа. Кога ги прашуваме родителите зошто тие всушност не не препорачуваат, слушаме еден одговор повеќе од кој било друг: “Не сакам моите пријатели да знаат дека на моето дете му треба учител. За да се разбере каде се празнините во учењето и кои области можат да се зајакнат кај детето – клучно е да се добие помош од воспитувач. И се разбира, да се одбегне пресудата од другите кои не се вклучени“.

6. Децата нека размислуваат критички

Читањето има мала вредност ако детето не може да ги задржи информациите и да ги искористи – за да се вклучи во дискусии. Нојберг и Варма го објаснуваат правилниот пристап на професорите. „Ги охрабруваме учениците, како што читаат, така и да си поставуваат прашања во нивната глава за читањето, а потоа да одговорат на тие прашања: “Која е поентата на овој став? Како се поврзува ова со она што го прочитав? Зошто е ова важно?” Овие се прашања што учениците ги поставуваат доста често. “Додека децата читаат, ги охрабруваме да си ги постават овие и други прашања и да се обидат да одговорат на нив. Тоа многу им помага на децата да се фокусираат на читањето и да читаат повеќе критички.“

7. Дел од учителите прават повеќе штета, одколку добро

Голем број наставници се полни со знаења, но некој од нив не им помагаат на децата во нивниот правилен развој. “Образованието е различно на многу начини. Не значи дека секој што оди на училиште и подоцна завршува студии за наставник, дека ќе биде добар наставник. Само затоа што некој е добар по математика, не значи дека ќе може ефикасно да го пренесе своето знаење. Кога луѓето се симнуваат од авион, после лет, не велат: “Во ред, нареден пат сум спремен да управувам со авионот“. Тоа што им е потребно на децата за да имаат познавање на предметот се и ефикасни предавања, инспирација за да учат повеќе, едукација која влијае на нивната зголемена самодовербата. На родителите им препорачуваме да бараат професори/ментори кои ќе ги натераат децата да работат многу повеќе одколку само да слушаат. Треба да го разберат предметот и да можат прецизно да го објаснат.

8. Неуспехот е една од најважните состојки за успех

Многу успешни луѓе до успехот стигнуваат по потешкиот пат и сакаат нивните деца да ги избегнат тие тешкотии. Кој е резултатот од тој став? Многу деца сега се плашат од неуспех, без разлика дали преовладува желбата да се придржуваат кон стандардите на нивните родители или едноставно, не знаат како да се справат со тоа. “Овој страв може да ги спречи децата да пробуваат работи кои се тешки, а со тоа ја намалуваат веројатноста за успех“ велат Нојберг и Варма. “Пред да им понудите совети на вашите деца како да го надминат овој страв, можете да ги споделите вашите неуспеси и што сте научиле од нив, како сте пораснале со неуспесите, па дури и понекогаш како сте ги претвориле во успех. На децата треба да им дозволите и да не успеат, за да можат да научат како да се справат со тоа, да се опорават и да растат со тоа. И до моментот кога ќе стигнат на факлутет, нема да се плашат од неуспех. Зад себе ќе имаат неуспеси за кои знаат дека водат до среќен и уште поуспешен живот.“

Оставете го детето да падне, првиот пат помогнете му да стане, да ја увиди грешката и да научи. Вториот пат бидете потрпеливи, ќе видите дека самото ќе стане. Ќе научи да ја исчисти нечистотијата од себе, без да се откаже од својата цел. Нека знае дека ја има вашата поддршка, но дадете му простор да се обиде и само да се справи со некои случувања. Неуспехот е предуслов за успех, колку побрзо го научи тоа, толку повеќе ќе си го олесни животот.

Извор: Кевин Даум, Inc. 500 Најпродаван автор I Претприемач

www.mvg.mk им помага на децата и возрасните да го сменат светот во кој живеат. Примете совети за развој на емоционална интелигенција, таленти и исклучителност. Направете Subscribe за бесплатен пристап до нашите содржини.