ЗА НАС
Едукативниот програм “Мали и Возрасни генијалци” е долгорочен проект на EQ Excellence со Визија: “Развој на таленти и емоционална интелигенција за секое дете”.
Едукативниот програм “Мали и Возрасни генијалци” е долгорочен проект на EQ Excellence со Визија: “Развој на таленти и емоционална интелигенција за секое дете”.
Мали и Возрасни Генијалци е едукативен програм фокусиран на развој на исклучителност, емоционална интелигенција и таленти на деца и млади до 18 години
Секој човек е роден со некаков талент, дарба, специфичен интерес. Нашиот фокус се потенцијалите и “примарните склоности” на личноста кои уште од рано детство ги препознаваме како специфични интереси а со тек на време истите ги развиваме во кариерни способности. Честопати, примарните склоности на личноста може да се под влијание на интересите на други личности и процеси од околината. На таков начин младата личност се трансформира и развива комбинација на своите природни и ново стекнати интереси. Доколку индивидуата чувствува страст кон своите интереси, таа може да продолжи да се развива и усовршува, или да ги запостави и со тек на време ќе ги игнорира своите интереси.
Овој едукативен програм е специјално дизајниран за деца и млади до 18 години и нивните родители, со цел да ја забрза еволуцијата на нивниот емотивен и ментален ум и ги зајакне нивните емотивни и когнитивни способности над човечките ограничувања! Користиме научно докажани алатки со кои децата се развиваат и кариерно насочуваат. Се фокусираме на развој на емоционалната интелигенција и талентите, учиме како работи нашиот мозок, ги усовршуваме нашите таленти и ги користиме како наша предност.
Работиме на супер проекти кои може да ги следите преку нашава веб страна и социјални мрежи (YouTube, FB, Instagram). Инспирирани од креативноста и слободата на себе изразување, за вас креираме интересни и поучни драми, кратки видеа, блогови, мотивациони пораки, аудио книги… се што може да ве инспирира во вашиот личен и кариерен развој, да ги подобри вашите таленти и емоционална интелигенција. Додека работиме и учиме… многу се забавуваме. Бидете дел од нашиот тим!
Овој програм ги мотивира младите да бидат упорни и со страст да продолжат да ги развиваат своите интереси во таленти. Преку многу работа и креативни проекти ги охрабруваме еден ден да станат експерти во својата област на делување, со силни кариерни способности и изградени здрави врски со себе и околината. Креираме вредности, учиме преку искуство и се забавуваме.
Додека работиме и учиме… многу се забавуваме. Бидете дел од нашиот тим на Талент Ангели!