ШТО Е ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Дознајте што е Емоционална Интелигенција (EQ), развивајте ја секој ден и направете си го животот подобар!
Дознајте што е Емоционална Интелигенција (EQ), развивајте ја секој ден и направете си го животот подобар!
Живееме во бурни времиња а околу нас постои неверојатно напредна технологија за комуникација. Но сепак, луѓето се чувствуваат сè повеќе изолирани едни од други. Зошто овие околности влијаат на луѓето да бидат понестабилни, нетрпеливи, спремни да се расправаат, да бегаат или да се блокираат. Како да развиеме практични вештини со кои ќе може подиректно и посамоуверено да ги решаваме реалните проблеми со кои се соочуваме индивидуално и колективно.
Можеби во минатото постоела мала потреба активно да ги учиме вештините на емоционалната интелигенција. Но денес во овој свет на растечка сложеност, сите ние треба да развиеме свесност и вештини за да може ефикасно да се справиме со сопствените и туѓите емоции и да сме подготвени за иднината. Тука имаме потреба од емоционалната интелигенција.
Емоционалната Интелигенција (EQ) е вештина која може да се научи и да ја развивате цел живот. Емоционалната интелигенција е клучна за постигнување на високи перформанси. EQ не е вашиот IQ, таа е интелигенција со која управувате со себе и своите емоции а ги управувате и вашите односи со другите. EQ е компатибилна со IQ и заедно со неа човекот учи како да ги користи своите потенцијаи. Со емоционална интелигенција може да ги идентификувате, користите, разбирате и управувате емоциите на ефективен и позитивен начин. EQ е мерлива, научно потврденa вештинa којa ги подобрува ефективноста, одлуките, ги зајакнува врските и вашето влијание, ги подобрува благосостојбата и квалитетот на животот кај возрасните и децата. Емоционалната интелигенција ви помага да бидете попаметни со емоциите, да сте посвесни за нив, да имате појака намера, поголема цел.
Природно, луѓето не се спротивставуваат на промената. Тие се спротивставуваат на стравот од промена или на болката од непознатото. Затоа промената треба да започне со размислување: Промената е добра! Проблемите се добри! Конфликтите се добри! Со вакво размислување вие сте спремни за слобода.
Високата EQ им помага на поединците да комуницираат подобро, да ги намалат анксиозноста и стресот, да ги смират конфликтите, да ги подобрат врските, да чувствуваат емпатија кон другите и ефективно да ги постигнат своите цели.