МЕТОДОЛОГИЈА ЗА РАБОТА
„Мали и Возрасни Генијалци“ ја користат методологијата на SIX SECONDS
„Мали и Возрасни Генијалци“ ја користат методологијата на SIX SECONDS
Методологијата на Six Seconds ни помага практично да ги идентификуваме нашите ментални таленти и да ја развиваме емоционалната интелигенција. Во 1997 година Six Seconds развија модел како процес од три дела – акционен план за користење на емоционална интелигенција во секојдневниот живот.
Моделот на EQ во Акција започнува со три важни дела: ШТО ПРАВИТЕ (да станете посвесни и да приметите што правите), КАКО ДА ИМАТЕ ПОСИЛНА НАМЕРА (да го правите она што го мислите) и ЗОШТО ДА ИМАТЕ ЦЕЛ (тоа да го правите со причина).
За разлика од другите теоретски модели овој модел е активен, практичен, едноставен процес кој ги поддржува перформансите. Основниот модел е циклус од три клучни дела (од лево) и осум мерливи вештини кои може да се научат а со нив да ја развиете емоционалната интелигенција:
Свесност: Разбирање на емоциите.
Менаџирање: Однесување со намера.
Насочување: Водење со цел.
Ќе забележите дека моделот го претставивме во КРУГ – затоа што тој не е листа на способности туку е процес! Процесот работи кога го вртите, како пропелер што движи брод. Како што се движите низ овие три делови од процесот, така и постигнувате позитивни резултати!
Да се знаеш себе (ви дава одговори на „што“).Значи јасно да гледате што чувствувате и што правите. Емоциите се податоци а овие способности ви овозможуваат попрецизно да ги разберете. Кога се познавате себе си ги знаете своите силни и слаби страни, знаете што правите, што сакате и што да промените.
Избери се себе (ви обезбедува одговори на „како“) Значи да го правите тоа што сакате да го правите. Наместо да реагирате „како автопилот“, овие способности ви овозможуваат да бидете проактивни. Овде разбирате како да преземете акција, како да влијаете врз себе и на другите, како да ги „операционализирате“ овие концепти.
Дајте си на себе (ви дава одговори на „зошто“). Кога се давате(внесувате) себеси во нешто, вие сте јасни и полни со енергија, фокусирани. Прашајте се: Зошто избирам да одговорам на одреден начин? Зошто треба се движам во нова насока и зошто другите треба да дојдат на одговорот. Способностите во овој дел ви помагаат да ја активирате вашата визија и мисија, да водите цел и со целосен интегритет.
Плус, еве го воведот за моделот од Џошуа Фридман, извршниот директор на Six Seconds https://vimeo.com/180796639