ЕВОЛУЦИЈА НА ТАЛЕНТИТЕ
Еволуцијата на човекот никогаш не запре. Генијалците, а не еволуцијата, се примарен двигател на напредокот.
Еволуцијата на човекот никогаш не запре. Генијалците, а не еволуцијата, се примарен двигател на напредокот.
Еволуцијата на човекот никогаш не запре. Според докторката Теган Лукас од австралискиот Универзитет Флиндерс, ние луѓето се раѓаме без умници, а имаме и артерија повеќе! Истражувањата покажуваат дека еволуираме побрзо отколку во последните 250 години. Тоа се приметува преку следниве примери: човековото лице стана помало, со помалку простор за забите, а бебиња често се раѓаат без умници и со дополнителна артерија на подлактицата, како и со повеќе коски на нозете и стапалата.
Размислете, што се случува со човекот откако ќе се роди и почне да се осознава себе си, а посебно откако ќе почне да ги препознава своите интереси, дарби, потенцијали? Што се случува со човекот кога им се радува на своите интереси но истовремено ги развива и своите емотивни и интелектуални способности?
Семејството има многу моќни ефекти врз детскиот развој, влијае врз неговите ставови, убедувања, можности, навики и одлики на неговата личност. И во 21ви век, одлучувачки фактор за развојот или стагнирањето на способноста на дете со талент – може да биде влијанието на семејството. Сите знаеме индивидуи кои се многу успешни иако во детството немале поволни и поддржувачки семејни околности за да живеат според нивниот потенцијал. Исто така познаваме и деца со талент кои покажуваат екстремен потенцијал за високи достигнувања во различни академски или креативни полиња. Но честопати на овие деца им се потребни различни наставни методи или посебни програми за да ги задоволат нивните академски и социјални потреби.
Еден ден децата ќе пораснат, ќе станат финансиски самостојни и зрели личности со изграден карактер и свесно доживеани животни искуства. Иако возрасни, сепак длабоко во своето срце тие ќе знаат дали биле искрени со себе и доследно го усовршувале својот талент, градејќи живот со цел и визија, или пак, живеат живот во кој другите им кажуваат што треба да ги прави среќни и исполнети.
И по 100 години, ако човекот не ја научи оваа лекција, ако не еволуира во свеста, ако не ја вреднува моќта на своите потенцијали, тогаш најголемиот извор на болка на извршните директори и современите организации ќе биде неуспешното управување со талентите.