Дарвинова стратегија

Светот на кариерите е како еколошки систем. За да преживеат, луѓето окупираат одредени области и се приморани да се натпреваруваат со другите.

Колку е понаселено местото, толку е поголема конкуренцијата и на човекот му е потешко да просперира. Со тек на време ќе се уморите од борбата да привлечете внимание, како и од политичките игри и борбата за да обезбедите ресурси. Ако сте заведени од областите во кои другите добро заработуваат, вие се повеќе ќе чекорите по патишта кои другите ви ги одредуваат.
Наместо да ги емитирате другите, треба да најдете своја ниша во екосистемот во кој вие може да доминирате. Додека го барате своето место, ќе ви бидат потребни стратегии и трпение. Добро е уште од сам почеток да одберете област, која грубо кажано одговара на вашите интереси (медицина, електрично инжинерство, креативни уметности), а од таму може да бирате еден од двата правци.

Првиот правец ќе ве носи од главната област до се потесна (специјализирана) област која треба да е во склад со вашата уникатност.

Вториот правец е правецот на Јоки Мацуока, кој откако ќе завладеете со главната област ќе барате други предмети или вештини кои би можеле да ги додадете на првата област и така ќе создадете сосем нова област, можеби нешто уникатно во кое по некое време може вие да имате следбеници. Ако тргнете по овој пат, никогаш нема да престанете да го ширите своето знаење.

ЈОКИ МАЦУОКА

Јоки Мацуока растела во 70-те во Јапонија, збунета од очекувањата на другите со чувство дека целиот нејзин живот и е испланиран однапред. Системот за образование и нудел ограничени можности и перспективи, а родителите ја запишале на пијано и ја форсирале да се натпреварува во пливање, од најмала возраст. Може на другите деца им било олеснувачки друг да донесува одлуки за нив, но на Јоки тоа и причинувало потешкотии. Нејзиниот интерес биле математиката и науката. Сакала и спорт но не пливање. Имала голем натпреварувачки дух и на 11 години одлучила да стане професионална тенисерка, за што било потребно да вложи големи човечки напори и да се одрече од малкуто слободно време.

За да вежба патувала надвор од градот, а домашните ги пишувала понекогаш и стоејќи во преполните вагони додека се враќала по тренинзи кон Токио. Почнала да мечтае да ги спои науката и спортот, да одбере кариера која во тој момент не ја наоѓала во Јапонија. Посакала еден сон… да измисли робот со кој би можела да игра тенис. Станала една од најперспективните тенисерки во Јапонија и почнала да ја посетува академијата за тенис во Флорида. Но Јоки длабоко во себе знаела дека тука не лежи нејзината кариера и затоа ги разубедила своите родители да и дозволат да остане во Америка и студира на Универзитетот на Калифорнија, во Беркли. Во Беркли не можела да се одлучи што да студира, како ништо да не и одговарало на нејзините широки интереси. Сепак, се одлучила за електрично инжинерство.

Еден ден Јоки му се доверила на еден од професорите на нејзината катедра за својот детски сон, да изгради робот со кој би играла тенис. На нејзина голема радост, професорот не се насмеал туку ја поканил да му се придружи на неговиот лабораториски тим, составен од додипломци за роботика. Јоки толку многу се покажува во тимот што ја примаат на постдипломски студии на МИТ каде што се приклучува на лабораторискиот тим за вештачка интелигенција на пионерот за роботика, Родни Брукс. Тогаш целосно се посветила во обид да направи роботски екстремитет (човечка рака) а нејзините дизајни го воодушевувале Брукс, затоа што направила нешто што до тогаш не било развиено. Нејзината следна одлука е да се стекне со диплома и знаење во невронауката, која кулминирала со создавање сосем нова област – невророботика, дизајн на роботи со симулирани верзии на човечката неврологија.
Тоа што создала нова област и донело голем успех во науката и врвна позиција на моќ-можност слободно да ги комбинира сите свои интереси.

Инспирирани од “Мајсторство” и Роберт Грин

Останати статии