Стратегија “БУНТОВНИШТВО”

Ако парите и удобноста управуваат со нашите одлуки, тогаш најчесто реагираме поради некаков немир и потреба да ги задоволиме нашите родители, старатели.

Кога човек одбира поле кое не е во согласност со неговите најдлабоки склоности, таму ретко го наоѓа задоволството по кое копнее. Вашата стратегија треба да биде двојна: прво, што е можно порано да сватите дека сте ја избрале својата кариера од погрешни причини, пред да ја загубите самодовербата. И второ, активно да се побуните против силите кои ве оддалечуваат од вашиот вистински пат. Подбивајте се со потребата за внимание и одобрување, бидејќи со нив само ќе залутате.

За вашиот развој е здраво да следите независен пат од вашите родители и да изградите сопствен идентитет.

ВОЛФГАНГ АМАДЕУС МОЦАРТ

Во 1760 на свои 4 години, Волфганг Амадеус Моцарт на свое барање почнал да учи да свири пијано, под упатства на татко му. Можеби дел од причините за оваа негова иницијатива бил соперничкиот однос со сестра му. Гледајќи колку внимание и љубов се посветува кон сестра му поради пијаното, Волфганг го посакувал истото.
По неколку месеци вежбање, татко му Леополд кој бил талентиран пијанист, композитор и учител, увидел колку исклучителни вештини поседувал младиот Моцарт. Најчудно за негова возраст било што детето обожавало да вежба и навечер морале да го тргаат од пијаното. На 5 години почнал да компонира свои дела а набрзо татко му го понел ова свое чудо од дете заедно со сестра му по сите главни европски градови каде вчудоневидувал кралски публики пред кои самоуверено свирел и импровизирал секакви мелодии. Татко им заработувал добар приход за целото семејство, бидејќи се повеќе кралски дворци сакале да го видат младиот гениј во живо.

Кога Моцарт влегол во пубертетски години почнал да се збунува од себе. Незнаел дали повеќе ужива во свирењето и градењето сопствен стил во компонирање или во славата која ја добивал? Во 1777 година на свои 21 година, Моцарт со дозвола од татко му заминува во Париз придружуван од мајка му, со цел да се пробие како диригент и го издржува семејството. Но Париз не бил по негов вкус и додека сеуште биле таму, мајка му се разболела и починала на патот назад кон родниот град, Салцбург. Дома се вратил посрамотен и конечно се потчинил на волјата на татко му да заработува традиционално и заработува за семејството. Прифатил досадна работа како дворски свирач на оргули но се повеќе чувствувал немир затоа што творел за безначајни провинцијалци кои не го ценеле неговиот талент.

“Јас сум композитор! Ниту можам ниту сакам да го закопам овој талент со кој Бог, со сета своја добрина, толку богато ме наградил“, му напишал во едно писмо на татко си.

Во следните 10 години татко му гневно реагирал на жалбите на неговиот син и редовно го потсетувал за неговиот долг кон него, за подучувањето и трошоците кои ги плаќал за нивните бескрајни патувања. Во еден блесок, на Моцарт му текнало дека неговата љубов никогаш не била пијаното, ниту пак музиката сама по себе. Пред другите се чувствувал како кукла, но открил дека компонирањето и љубовта кон театарот е тоа за што е создаден.
Кавгите со татко му му го уништувале и здравјето и самодовербата и животот. Сватил дека татко му бил љубоморен на неговиот талент, а не на парите кои ги заработувал. По 10 години болка и расправии со татко му, Моцарт донел одлука да замине во Виена и остане таму. Никогаш не се вратил дома кај татко му, а раздорот меѓу нив никогаш не се поправил. Кога Моцарт дознал дека татко му починал, почнал да компонира во лудо темпо и сите негови најпознати опери и композиции ги излеал како да е опседнат од нешто.

Инспирирани од “Мајсторство” и Роберт Грин

Останати статии