Додека бегате од себе ќе се сретнете со разни видови скриена болка. Најчесто човек се оддалечува од себе поради мамката наречена пари и очекувањата за да се стекне со имот. Бидејќи нема да ја работите работата која е во согласност со она што лежи длабоко во вас, со тек на време ќе губите интерес кон работата а парите се потешко ќе ги добивате. Можеби ќе почнете да барате други лесни извори на пари, се повеќе оддалечувајќи се од својот пат. Дури и ако вашите материјални потреби се задоволени, во себе ќе чувствувате празнина која ќе се обидувате да ја пополните со најразлични разоноди и уверувања. Таму нема компромиси, се додека не се соочите со себе.
Потребно е да ја слушнете пораката која доаѓа од болката и фрустрацијата, да и дозволите таа да ве води, да го слушнете својот внатрешен глас. Се работи за живот или смрт.
Патот назад ќе бара жртви од вас. Не можете да добиете се што ќе посакате во сегашноста. Во наредните 5 до 10 години потребно е да се фокусирате и трпеливо да работите на себе. Ќе се соочувате со предизвици и задоволства, непријатности и радости. Најважно е да разберете дека задоволството кое ќе го доживувате додека ја исполнувате својата животна цел, ќе ви биде подрагоцено од сите пари и слава стекнати претходно.
ТЕМПЛ ГРАНДИН
Некои луѓе стануваат болно свесни за своите ограничувања а не за можностите и потенцијалните кариерни патишта. Работите кои за другите се лесни, нив им е тешко да ги постигнат. Туѓите критики и осудувања упатени кон нив ги прифаќаат здраво за готово и така формираат мислење за себе дека се суштински неспособни. Ако не внимаваат, тие мисли може да станат уверувања и нивна реалност.
Во 1950 година, на 3 годишна возраст, Темпл Грандин била дијагностицирана со аутизам. Имала слаб прогрес во учењето на својот јазик, а околината почнала да размислува дека Темпл нема да има прогрес и дека нејзиниот живот ќе го помине по институции. Но мајка и пред да се откаже од борба, сакала да проба нешто ново и ја испратила на логопед. Младата Темпл почнала да го изучува јазикот а на училиште почнала се повеќе да го совладува материјалот кој другите деца веќе го знаеле. Но едно било јасно, мозокот на Темпл функционирал на поразличен начин. Таа размислувала со слики, не со зборови. Тоа и го отежнувало учењето математика, јазици но и социјализирањето со деца. Поради тоа на училиште таа била исмевана, а кога нејзиниот екстремно активен мозок не бил фокусиран на нешто, таа станувала анксиозна и вознемирена.
Додека се соочувала со вакви искуства, барајќи внатрешен мир и слобода за себе изразување, внатрешниот инстинкт ја поврзувал се повеќе со грижата за животни и активности кои бараат рачна работа (шиење и дрводелство). Додека комуницирала со животните, особено со коњите, таа имала натпросечна способност да ги чувствува нивните мисли и чувства. Набрзо станала експерт како јавач на коњи а откако го посетила ранчот на нејзината тетка во Аризона, развила уште поголема емпатија кон животните но и желба да се грижи за нив. Таа ги набљудувала животните додека биле вакцинирани, како се беспомошни и стегнати со справи, а тоа кај неа предизвикувало паничност и одбивност кон стегање од луѓе – затоа што се поистоветувала со чувствата на животните.
Бидејќи била опседната со добитокот, стегите и ефектот на допир и притисок кај аустичните деца, кај неа се појавила голема љубопитност да истражува и затоа почнала да развива вештини за читање. Додека ги развивала тие вештини, открила дека има невообичаена моќ на концентрација. Со саати можела да чита задлабочена во книгите за психологија, биологија и наука.
Запишала магистратура на Универзитетот во Аризона, за наука на животните и изразила желба да ги анализира однесувањето и реакциите на животните кога се во стеги. Професорите и кажале дека е невозможно да се направи таква анализа, но бидејќи таа не прифаќала “НЕ”, се обратила на друга катедра во Универзитетот и добила спонзорства за таква анализа. Додека го правела истражувањето, таа сватила дека нејзина животна цел е да им нуди свои услуги на разни сточарски и живинарски фарми, дизајнирајќи стеги кои повеќе им одговарале на животните и биле поефикасни.
Додека го употребувала своето визуелно чувство за дизајн и инженерство, ги научила основите на бизнисот и дизајнирала похумани кланици и системи за управување со животните. Темпл Грандин се преобразила себе си во напреден предавач за животни и аутизам, станала писател и се вратила на универзитетскиот живот како професор.
Најважно – ги надминала сите препреки кои и стоеле на нејзиниот пат кој ја водел до нејзината животна цел.
Инспирирани од “Мајсторство” и Роберт Грин