МНОГУТЕ ЛИЦА НА ГЕНИЈАЛНОСТА

Дали интелигенцијата се определува со успехот во училиште? Не секогаш.

Пишуваше: Ивана Димитрова
Време траење на текстот: 3 минути

Во 1895 година, Алберт Ајнштајн полагал испит за да влезе на универзитет. Тој паднал на сите не-научни делови од тестот. Сепак, Ајнштајн стана еден од најпознатите генијалци во светот. Вупи Голдберг на училиште имала проблеми со читањето и пишувањето и на крај, го напуштила средното училиште. Но таа ја освои секоја голема награда за извонредност во шоу-бизнисот: Oscar, Emmy, Tony, and Grammy.

Овие вистински животни приказни ни покажуваат дека интелигенцијата е многу покомплексна од нешто што може да се мери со тестови и училишна работа. Всушност, интелигенцијата е толку сложена што научниците не можат да се согласат како да ја дефинираат. Некои луѓе мислат на интелигенцијата како на способност за решавање на проблеми, некои како на способност за учење на нови работи или како адаптабилност, способност за прилагодување на нови ситуации. Други на интелигенцијата гледаат како на способност за справување со светот.

Да се биде интелигентен се смета ако си добар во читање, пишување и математика. Училиштата најмногу се посветуваат на овие предмети. Но, луѓето можат да бидат интелигентни на различни начини. На пример, луѓето можат да имаат развиено:

  • Визуелна интелигенција: способност да се визуелизира, чита мапи и црта,
  • Лингвистичка интелигенција: способност за читање, пишување, раскажување и објаснување на работи,
  • Логична интелигенција: способност да решаваш загатки, да работиш со форми, да гледаш шеми или да создаваш машини, како на пример компјутери,
  • Емоционална интелигенција: способност да ги препознаваш, разбираш и управуваш сопствените и туѓите емоции,
  • Телесна или кинестетска интелигенција: способност за танцување, глумење, спортување или вешто работење со свои раце,
  • Музичка интелигенција: способност да се прилагодиш на ритам, да пееш, да свириш инструмент или да компонираш музика,
  • Интерперсонална интелигенција: способност за поврзување и дружење со други луѓе, разбирање на туѓите емоции, разбирање на комуникацијата со другите и однесувањата, давање добри совети,
  • Интраперсонална интелигенција: самосвесност, способност за разбирање на своите емоции, познавање на своите силни и слаби страни или да донесуваат лични одлуки,
  • Природна интелигенција: способност да го разбереш природниот свет, да се поврзеш со природата и ја разбереш својата улога во неа.

Наскоро ќе ви понудиме тест за проценка на вашите интелигенции, во што сте најдобри.