НАШИ РЕФЕРЕНЦИ

Новото време налага и нови вештини и алaтки со кои треба да се служиме, ние, а уште поважно е децата да се насочат уште од мали нозе да прифаќаат и да применуваат вештини и знаења кои ќе им помогнат да го реализираат целосниот капацитет. Како родители воопшто не се двоумевме нашиот син да ја посетува програмата, посебно затоа што ваквиот тип на програми може да помогнат во развој на целосниот потенцијал на личноста и да се добар почетен материјал кој понатаму ќе се доусовршува.

Посебно ни се допадна пристапот на Г- ѓа Нела Јолеска, како и заложбата за активна практична работа во полето каде што секое едно од децата учесници покажува талент и посебен интерес. Последново го сметаме за исклучително битно, бидејќи се работи директно со професионалец истакнат во областа на интерес кој посветува целосно внимание во текот на практичната работа, а програмата е флексибилна во зависност од спремноста на детето, секогаш е забавна, а дека има ефект доволен показател е нетрпението со кое се чека секој нареден час.

Талентот сам по себе не е доволен за успех и развој на целосниот потенцијал, потребно е многу работа, тренинг и посветеност, а сето тоа децата низ еден практичен процес може да го осознаат и понатаму да го применуваат. Морам да истакнам дека и часовите за возрасни се многу интересни, па можеби и кај некој од нас ќе се развие некој скриен талент кој долго чекал да излезе на површина

Фамилија Стојкоси

Како талентиран татко, на талентирано дете, со полно срце ја препорачувам програмата “Мали и Возрасни генијалци” водена од г-ѓа Нела Јолеска, зашто помага и на децата и на родителите како да делуваат пред Се во корист на детето, но секако и на родителот.
Сите ние имаме по еден или повеќе таленти, кои некогаш ќе ги пронајдеме, но некогаш и не знаеме дека поседуваме талент за нешто…

Јас од моето лично искуство за среќа ги открив и ги искористив моите таленти кои ми го направија животот многу поубав. Сум видел луѓе кои имаат талент, но за жал не го користат или не се свесни дека се надарени за нешто. Со еден збор-генијалци кои талкаат без визија и гледаат на погрешна страна… Затоа, со полно срце им препорачувам на сите родители кои се грижат за детето и секако, му посакуваат секогаш се најдобро, да ја пробаат програмата каде што полесно ќе ги видат квалитетите на малото човече кое го имаат дома и “со кого си имаат работа”, за да работите побргу, полесно и на време се канализираат и насочат. Жално е архитект да го тераш да свири виолина…

Владо Георгиев – фотограф

Од аспект на родител чие дете го посетуваше програмот “Мали и Возрасни Генијалци” сум задоволна во целост имајќи во предвид дека на почеток имав дете кое не верува во себе, т.е. поради ниската самодоверба се плашеше од непозната средина и даваше отпор за на крајот на овој програм јас веќе имам дете полно со самодоверба… дете кое ужива да стекнува нови познанства, да шири пријателства, дете кое е упорно и многу повеќе, благодарение на Нела Јолеска која е најзаслужна за напредокот на моето дете..

Работилниците се тематски прекрасни, супер осмислени и опфаќаат се она со кое можеби едно дете би се соочило како предизвик во својот живот, да знаат да се спротивстави на пречките на кои ќе наидува во животот. Нела, ви благодарам за тоа што до вчера моето дете не знаеше да каже “НЕ”, послушно извршуваше се’ и сите други беа “подобри” од неа. Денес е сосем поинаку, гледам сосема друга слика. Имам дете кое знае да каже “НЕ”, прави разлики и кажува што и се допаѓа/што не и најбитното… Секојдневно го слушам она: “мамо, денес бев најдобра.”

Имаше прекрасни работилници за родители на кои ние како родители разменувавме искуства и после секоја од тие работилници децата прашуваат за следниот пат што ќе работиме… на светот нема што повеќе би го исполнило еден родител од тоа детето кое е пред вас да е среќно и исполнето, да стои пред вас и ви раскажува за нови импресии поминати на програмот “Мали и Возрасни Генијалци”.

Фамилија Ивановски

Програмата “Мали и Возрасни генијалци” е вистинското место каде што ќе ги најдете сите одговори кои ги барате во врска со своите најблиски.

Г-ѓа Нела е одличен предавач но пред се голем човек кој ќе му помогне на вашето дете да си го најде патот кон успехот. Во програмот тренерите несебично ќе ви помогнат да си ги поставите клучните прашања за кои не сте имале одговор и ќе ве насочат сами да дојдете до решение.

Напредокот на децата е повеќе од очигледен, тематските работилници за возрасните се максимално креативни и отворени. Децата имаа можност да стекнат нови пријателства и да се здобијат со нови знаења. Ја користам оваа прилика искрено да и се заблагодарам на Нела како и на сите нови пријатели кои ги запознав.

Чичкото Лазар и Александар Стевановиќ

“Oд програмата “Мали и Големи Генијалци” јас сум навистина крајно задоволна.Ова е вистинска можност и вистински пат по кој треба да чекорат сите родители заедно со вистинското воспитување на своите деца. Оваа обука ја поттикнува креативноста и ја зајакнува самодовербата кај децата уште од мали нозе што е еден од клучните фактори за успех во животот.

Децата исто така преку оваа програма учат да ја подобрат својата способност за интеракција со другите деца и да бидат потолерантни со своето опкружување и поотворени. Истото ова важи и за во кругот на семејството каде што и јас забележав видни промени кај моето дете во позитивна смисла.

Оваа програма и едукација ја препорачувам на секој родител кој што заедно со своето дете учат како да бидат подобри во денешниот свет на измешани вредности. Браво и останете на оваа патека и понатака и ви посакувам понатамошни успеси!

Поздрав и благодарност”

Даниела П.Георгиевска, офис менаџер во адвокатска канцеларија Марковски-Андревски

“Сакам да се заблагодарам на г-а Нела Јолеска која што со својата фокусираност, позитивност и посветеност преку овој единствен тренинг им ја насочува на младите енергијата кон откривање на своите таленти и допринесува до развој на нивна длабока емоционална интелигенција, согледување на своите вредности, развивање на својот ум – како најважни алатки кои еден ден ке бидат одлика на успешно изреализирани возрасни луѓе.

Овој тренинг им го препорачувам на сите родители кои што бурно го следат и сакаат до максимален степен да го гледаат и да го насочат развојот на своите деца на вистински пат. Преку овој тренинг родителите заедно со децата имаат пристап до најдобрите светски практики. Справувањето со понатамошните животни предизвици на вистински начин, зависи од правилното учење и согледување на сопствените квалитети уште од мали нозе. Талентот треба да се открие и да се научи како да се негува истиот. Сепак иднината зависи и останува на младите, затоа преку овој единствен тренинг во нашата држава јас лично не се сомневам во квалитетите кои ќе се развијат еден ден во секој поединец.

Програмот “Мали и Возрасни Генијалци” е збир од практични животни вештини и од заедничко вмрежување на родителите и на децата во оваа едукација која е од неминовно значење во воспитувањето кај младите и искрено ви посакувам уште поголем успех. Убедена сум дека ќе се развивате на уште поголемо ниво.

Еднинствени сте!”

Мирјана Марковска-Андревски, сопственик на адвокатска канцеларија Марковски-Андревски

“Програмата “Мали и возрасни генијалци”, ние како родители чие дете ја посетуваше, ја оценуваме како исклучително корисна од неколку аспекти:

  • обуката кај нашето дете продолжи да ги стимулира примарните поттикнувачи на креативноста
  • поттикна креативно размислување и зацврстување на самодовербата
  • доведе до разбирање на вештините за рационално справување со барањата и притисоците на околината
  • разви сет на способности за изразување на емоциите и користењето на чувствата во мотивирањето, планирањето и постигнувањето на целите во животот
  • подобрување на способноста да се сочувствува со другите, да се проценат и да се создадат добри односи

Сметаме дека овие работилници на кои децата ја подобруваат и усовршуваат емоционалната интелигенција се и те како потребни во однос на развојот на талентот што секое дете го поседува, а можеби не е ни свесно. Се гледаме повторно во септември со наполнети батерии кон нови успеси!”

Габријела е активен тренер која држи обуки во земјава во НАТО Регионалниот центар за односи со јавност кој е во нејзин сектор и надвор преку мобилни тимови за обука на повик на други земји.

Габријела Ѓорѓевиќ, Раководител на Сектор за комуникации, аналитика и оперативна поддршка во Министерство за одбрана и Сертифициран медиа тренер од страна на норвешката фирма Gambit Hill+Knowlton Strategies

“Со големо задоволство го препорачувам овој единствен тренинг во нашава средина кој ја вклучува емоционалната интелигенција и им помага на децата и младите во откривање на нивните таленти, но и во креирањето на фокус и цели за родителите кои го следат и насочуваат развојот на своите деца.

За огромниот ентузијазам, пожртвуваност, позитивна енергија која евложена во развојот на оваа програма, сакам да го изразам своето задоволство и восхит кон г-а Нела Јолеска, која е сертифициран тренер на тренери за мерење и развој на емоционална интелигенција.

Голема благодарност до неа за упорноста и успехот што го постигна со моето дете.”

Лидија Tрипуноска
Генерален менаџер на “Марили” – Агенција за маркетинг, видео и продукција и издавачка дејност

“Го поздравувам вашиот вложен труд, ентузијазам, идеја и упорност да работите на еден поинаков начин со децата, да ги охрабрувате, делувате се со цел еден ден од нив да произлезат поединци свесни за своите квалитети кои ќе ги ревалоризираат на најдобар можен начин. Како родител и човек воопшто сметам дека развиена емоционална интелигенција е особено важна за да можеме да се справиме полесно со предизвиците кои се исправени секојдневно пред нас како поединци, семејство, луѓе воопшто.

Што се однесува до вашата детекција на животните вештини, способности и таленти и нивната развиеност кај Јана потполно се согласувам со опсервацијата. Нејзината реакција беше дека и таа може само кога сака. Но поважно беше дека таа согледа дека треба да се ангажира и да не престане со работа. Талентите се негуваат, надградуваат и се покажуваат.

Морам да нагласам дека начинот на кој е замислена оваа едукација, програма, опсервација како родители ни отвори една нова перспектива за работа со Јана, но и ни даде потврда дека сме биле на добар пат во воспитувањето и развивањето на нејзината личност тргнувајќи од нејзината смисла за критичка мисла, свесност за различностите околу себе и толерантност кон нив, како и искреност, слобода и отвореност особено во семејните односи, но и пошироката околина.

Се надевам дека оваа амбициозна програма ќе го најде својот пат до многу деца за полесно да ги искористат своите потенцијали, да ги остварат своите цели и соништа и понатаму во животот да стекнат мудрост која ќе ги направи среќни. А нам родителите ќе ни овозможи да им помогнеме во тоа со ваша помош се разбира.

Честитки за постигнатото и желби за понатамошен успех!

Ваша Ана Олтовска”

Ана Олтовска, претприемач

“За овој програм дознав случајно, преку социјалните мрежи и заедно со мојот сопруг од радозналост отидовме да видиме што се нуди. Нашите впечатоци беа дека: “ДА! Тоа е тоа што ни треба прво на нас како на родители, па потоа да можеме да го спроведеме наученото и со нашиот малолетен син”.

Кирил беше најмалиот член во групата и супер се вклопи. Работилниците беа многу добро тематски осмислени – КАКО преку игра да научи за емоциите и како да се справи со истите. На крај на работилниците добивме конкретни алатки и коучинг насоки од Нела која несебично се даваше во сето ова. Сеуште учиме и спроведуваме и до сега имаме постигнато одлични резултати.

Среќна сум што ја запознав Нела и знам дека овој проект допрва ќе дава резултати посебно важни за најмладите – затоа што тие се иднината.

Марија и Ласко Коцеви, родители на Кирил”

Фамилија КОЦЕВИ

“Мали и Возрасни Генијалци” е единствен тренинг! Во него јас и мојата ќерка спознавме како да ги негувавме своите визии, убавина што се оформува во умот и срцето, шарм што ги обликува најфините мисли и емоции.

На работилниците спознававме како со сопствените визии (под услов ако им останеш верен), можеш да го формираш својот свет исполнет со самодоверба, само почит и себе реализација.

Ви благодарам за овој моќен спој на длабока мудрост и практични животни вештини. Програмот “Мали и Возрасни Генијалци” мене лично ми помогна да ги трансформирам многу димензии во мене како родител, а на моите деца им помогна да постигнат поголем успех.

Продолжуваме! Ве сакаме!”

Анушка Арсовска, медицинска сестра

“Програмата,”Мали и возрасни гениjалци”, за мене како родител беше многу корисна. Во разговорот со син ми што најмногу му се допадна во програмата, тој ги истакна дружењето а посебно советите од тренерите. Дури и сега се потсетувам, вели тој – кога ќе бидам во одредена ситуација да делувам, се потсетувам на нивните дадени совети, на добрата и правилна комуникација и толеранцијата спрема другите.

За мене како родител е корисно син ми да се едуцира преку посебна програма и дружење преку симулирање на конкретни животни ситуации за развој на самоконтрола, самодисциплина и емпатија, што во школскиот систем не се многу истакнати затоа што таму му се дава поголем акцент на учењето и знаењето.

Точно, токму таа – емоционална интелигенциjа се извлекува како најважна а програмата “Мали и големи генијалци” одлично ја развива. Исто корисно, би го навела фактот дека во слободно време син ми почна повеќе да се дружи и не игра некои игри на телефон. Денес се повеќе се дружи со врсници, креира и знае како да постапи во одредени ситуации и во исто време – се забавува. Многу сум задоволна како родител!!

Jас како наставник многу jа ценам ова програма. Ова е време кога децата имаат се помалку време да поминуваат квалитетно време за дружење, а со програмов моето дете научи како да гради квалитетни врски со себе и со околината.

Валентина Граждани Ванѓеловска, родител учесник во програмот кој еднаш неделно патуваше со својот син од Албанија до Скопје

“Важно ми е секогаш да ги следам активностите на кои моето дете учествува и да следам колку е задоволно од истите. Затоа што, ако не е задоволно, крајниот резултат е помалку или воопшто не важен.

Нела има вештини и знаење со кои умее да направи пријателска и среќна средина во која, најпрво, децата се чувствуваат слободни и релаксирани, а потоа има способност да го адаптира знаењето од Програмот “Мали и возрасни генијалци” преку имагинативни и реални животни ситуации и да им помогне да разберат што е најважно за нив. Таа ги води низ процеси со имагинација, проектирање, фокусираност и одлучност до многу важни животни лекции со кои ги подготвува да се поспремни во реалниот живот. Ги тренира да знаат што е најдобро за нив и како да реагираат. Толку многу енергија, љубов и знаење во една жена која несебично се дава себе и создава вистински борци од локалните деца!

Програмот “Мали и Возрасни Генијалци” им помага на нашите деца да станат способни да се изборат за подобар живот за сами себе.Остануваме со неа и понатаму ја следиме!”

Маја Станојевич, родител учесник во програмот “Мали и Возрасни генијалци”, и мајка на дете во чиј клас волонтерски го одржувавме програмот