ТРЕНИРАЈ ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
СО НЕЛА ЈОЛЕСКА

Научи да ги препознаваш емоциите и комуницираш со нив, како што комуницираш со зборови. Развивај ја својата самодоверба, развивај лична ефикасност и изгради квалитетни врски со околината. Мотивирај се самиот себе и фокусирано постигнувај ги своите цели.

НИВО:

Почетен
Напреден

ТИП:

Индивидуален/Групен
Индивидуален

ЦЕНА:

2000-28.500
5000-28.500

БРОЈ НА ЧАСОВИ:

2-48
2-48

Емоционална интелигенција

ЗОШТО Е ВАЖНО ДЕЦАТА ДА ЈА УЧАТ ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Помислете на децата на кои им се воодушевувате. Тие деца изгледаат самоуверено, лесно се справуваат со животните предизвици, градат квалитетни врски со околината, се мотивираат сами себе и фокусирано ги постигнуваат своите цели. Со тренингот за емоционалната интелигенција ги учиме децата како да ги препознаат своите и емоциите на другите, како да комуницираат со емоциите и го разберат своето однесување, како да градат висока самодоверба и емпатија, да донесуваат квалитетни одлуки, да прават избори со кои ќе креираат живот исполнет со среќа и задоволства.

Со силна самодоверба, секој човек може да постигне многу повеќе од што е свесен. На овој тренинг преку игри и практични примери децата учат меки вештини со кои ќе можат полесно да ги препознаваат можностите, а предизвиците ќе ги трансформираат во успеси. Запознавајќи ја моќта на емоциите и своите внатрешни капацитети, децата ќе научат како да бидат посилни, помудри и посреќни. И можностите и препреките се на чекор од нас, но тоа не се причини поради кои децата треба да се откажат од постигнување на посакуваните цели, туку се причини кои можат да ги направат посилни и помудри.

Овој тренинг е практичен и динамичен. Тренингов има за цел да ги научи децата да развијат висока емоционална интелигенција и преку практична работа на проекти да ги отклучат нивните потенцијали.

Во текот на 12 модули децата ќе имаат можност да работат на проекти кои се специјално креирани на нивната личност и потреби. Под водство на менторот децата ќе ги користат личните способности за да постигнат конкретни цели, ќе учат да донесуваат самостојни одлуки, ќе развиваат стратегии, а од врвни светски мајстори ќе бидат инспирирани да манифестираат исклучителност.

БЕНЕФИТИ ОД ТРЕНИНГОТ

Учениците развиваат 12 вештини за емоционална интелигенција под водство на својот ментор, работат на специјални проекти кои се симулација на нивните посакувани цели. Преку практична работа на разбирање на своите и туѓите емоции, децата развиваат емпатија и квалитетни врски, ефикасност и процесот како да донесат добри одлуки, мапираат цели кои сакаат да ги постигнат во наредните 30 години. На почеток на програмот правиме мерење на емоционалната интелигенција на децата со помош на алатките на Six Seconds, SEI Youth Profile а за време на целиот тренинг ги користиме резултатите од тестирањето.
Во тренинг програмот за развој на емоционална интелигенција се фокусираме на развој на 12 вештини, поделени во 4 области: Симни брошура

ШТО ЌЕ НАУЧАТ ДЕЦАТА

  1. Како да ги препознаат сопствените и туѓите емоции, како со самодоверба да разговараат за нив,
  2. Како да управуваат со интензитетот на своите емоции и соодветно да се однесуваат со нив,
  3. Како да размислуваат критички, да решаваат проблеми и постават здрави граници со околината,
  4. Како да живеат среќен и исполнет живот со јасна Визија за тоа што сакаат од себе, да развијат емпатија кон себе и околината и стратешки да постигнат исклучителни резултати

ШТО ЌЕ НАУЧАТ РОДИТЕЛИТЕ

  1. Како да комуницирате и останете смирени со вашето дете кога тоа е емотивно, вознемирено и раздразнето,
  2. Како да поставите граници без да користите закани,
  3. Стратегии со кои ќе му помогнете на вашето дете побрзо да ги развива своите таленти,
  4. Како да му помогнете на вашето дете да развие самодисциплина, самоодговорност и среќна визија за себе – што сака да постигне во животот.

ПОНУДА НА ЧАСОВИ

 

ЗАБЕЛЕШКА: Целата содржина на програмот за емоционална интелигенција ќе биде доставена онлајн на ZOOM платформата и претходно нема да биде снимена во облик на лекции, а учесниците ќе имаат можност активно да учествуваат во истиот. Тренингот може да биде испорачан на македонски, англиски и албански јазик.

НУДИМЕ ДВЕ ОПЦИИ:

• Регуларни тренинзи за ученици кои сакаат да развијат висока емоционална интелигенција
• Повремени тренинзи за ученици на кои им треба помош за совладување на конкретни прашања поврзани со зголемување на самодоверба, носење на одлуки, градење на квалитетни врски, ефикасност и креативност

Регуларни тренинзи:

Индивидуални часови
1. пакет од 24 часа (максимално време на користење е едно полугодие со минимум една онлајн средба седмично од два часа или 120 минути) (вкупно 28.500 денари со можност за уплата на 3 еднакви рати)
2. блок часови (120 минути) по потреба на ученикот за совладување на одредена проблематика (2000 денари/блок часови)

Групни часови
За група од пет до осум ученици предлагаме пакет од 24 часа (максимално време на користење е едно полугодие со минимум една онлајн средба седмично од два часа) за ученици од 1+/1- генерација во основно и средно образование (10.800 денари или 450/час)

ПОГЛЕДНИ БРОШУРА

ТРЕНЕР: НЕЛА ЈОЛЕСКА

Менторот Нела Јолеска е ко-основач на EQ Excellence, меѓународно сертифициран напреден тренер и коучер за емоционална интелигенција во Six Seconds (BPC, EQAC, EQPC, SEI-360, CEQF, EQFIT), тренер за перформанс менаџмент во Institute for Leadership во Канада, дипломиран менаџер на еконоски Факултет во Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Покрај работа со млади и талентирани индивидуи, Нела коучира и тренира иѕвршни директори, менаџери, домашни и меѓународни компаниски тимови, индивидуи со високи перформанси. Во нејзиното 15 годишно професионално искуство таа има повеќе од 1500 часа тренинг, 750 часа консултанство и била 50 часа говорник на конференции.

Уште од 10 годишна возраст, Јолеска љубопитно се интересирала за потенцијалите на човечкиот ум и интуитивно, речиси истовремено со времето кога во светов научно е поставена Емоционалната интелигенција како вештина, си ги поставувала големите прашања за значајот на емоциите во одредување на нејзината животна цел и правењето на позитивни промени во општеството. Откако во 2010 година директно го искомуницирала Даниел Големан, таа почнала со едукација и професионален тренинг за емоционална интелигенција. Три години подоцна, во 2013 година, и по стекнување на меѓународно сертифицирана диплома за коучинг и практикување на EQ, Јолеска ја основала компанијата ЕИ Екселенс.

Заинтересираните ученици за изучување на емоционална интелигенција, како и за продлабочување на своите знаења и развивање на визуелна, телесна, интерперсонална и интраперсонална интелигенција, може да стапат во контакт со неа.