ТРЕНИРАЈ ШАХ СО ОРЦЕ ДАНЧЕВСКИ

Научи да играш шах. Развиј силни мемориски способности, фокусираност, брзина за обработка на информации и флуидна интелигенција – способност да разгледуваш нови видови на проблеми и користиш стратегии за нивно решавање.

НИВО:

Почетен
Напреден

ТИП:

Индивидуален/Групен
Индивидуален

ЦЕНА:

1200 час/450 час
1200 час

БРОЈ НА ЧАСОВИ:

24
24

Шах

ЗОШТО Е ВАЖНО МЛАДИТЕ ДА УЧАТ ШАХ

Шахот им помага на децата уште од најмала возраст да ги развијат нивните вештини за решавање на проблеми. Во секоја шаховска игра, тие се соочени со предизвици и проблеми кои треба да ги решат. Шахот им помага да размислуваат неколку чекори пред да направат шаховски потег, да не брзаат со одлуките и да ги проценат предностите и минусите на нивниот избор.

Истовремено шахот е игра и спорт, во Русија официјално признат како спорт. Бара интелектуална, физичка и ментална подготовка особено ако се земе во предвид дека постојат маратонски шаховски турнири. Додека играат шах, играчите генерираат бројни варијанти во нивниот мозок, развиваат силна фотографска меморија и препознаваат шаблони.

ЦЕЛ НА ТРЕНИНГОТ

Со шахот децата учат како да решаваат проблеми а тоа значително им помага да ја развијат својата тактичност, логични стратегии, критичко размислување, концентрација, креативност и силна волја. Ништо не е така охрабрувачки како сопствениот постигнат успех и достигнување. А новостекнатото знаење го користат во играње со партнери и на турнири.
Нашата цел е со шахот децата да развиваат: фокусираност, дисциплина, фотографска меморија, самодоверба и вештини за самостојно донесување на одлуки. Ги тренираме да развиваат и достоинственост во однесувањето, независно дали е тоа победа или загуба.

БЕНЕФИТИ ОД ТРЕНИНГОТ

Шахот им помага на децата да развијат

  1. Зголемена концентрација и фокус. Самата концентрација е од суштинско значење во шаховската игра. Луѓѓето без концентрација не се во состојба да играат шах затоа што брзо ќе направат груби грешки и ќе ја изгубат партијата. За да трае подолго партијата со шах, тие мора да ја зголемат концентрацијата. А зголемувањето на концентрацијата е правопропорционално со бројот на одиграни шаховски партии.
  2. Создавање на работни навики и дисциплина. Вљубениците во шахот секој ден вложуваат време во играта што ја сакаат и на таков начин ја јакнат работната навика која што може да ја искористат во било која свера во животот.
  3. Зголемување на меморија (фотографска меморија). На искусен шахист му е доволно една шаховска позиција да ја погледне 6 секунди и истата да ја репродуција понатаму. Оваа вештина најмногу им помага на сите кои се занимаваат со брза промена на информации.
  4. Зголемување на самодоверба. Со редовно изучување на шаховската игра, самодовербата е право пропорционална со знаењето. Самодовербата се гради уште со првата победа на официјален шаховски натпревар. Право пропорционално, колку повеќе се учи, толку повеќе се победува и развива поголема самодоверба. А самодовербата помага за откривање на сопствените вистински вредности.
  5. Донесување на одлуки. Со оваа вештина и со практикување на играта, поразот се претвора во лекција а се постигнува достоинственост во победата. Со шахот децата учат како да го почитуваат противникот и после завршената шаховска партија заеднички ја анализираат за да ја подобрат играта на тој/таа што ја изгубил/а партијата. И двајцата противници се обидуваат да ја откријат вистината во дадената шаховска партија, т.е. кој бил подобар во критичниот дел од партијата.

ОБЛАСТИ ОПФАТЕНИ СО ТРЕНИНГОТ

  • Основи на шаховската игра: табла и фигури, движење на фигурите, напад и земање, специфичноста на пионите, одбрана, шах и бегање од шах, мат, правило на рокада, профитабилна размена, напад 2:1. Мат или Пат, матирање со кралица, шаховска нотација и на крај на лекцијата се прави завршен тест, со 10 задачи.
  • Напреден степен: Активност на фигурите, двоен удар со кралица, врзување, уништување на одбраната, три златни правила, мат во два потега, двоен удар со коњ, матирање со топ, двоен удар со топ, откриен напад, кратка нотација и завршен тест од 2-ор степен.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ ОВОЈ ТРЕНИНГ

Овој тренинг е наменет за сите вљубеници во шах, ученици од основните и средните училишта.

ПОНУДА НА ЧАСОВИ

Нудиме 2 типа на часови:

Индивидуални часови

  1. Единечен индивидуален онлајн час(1200 денари /час)
  2. Пакет од 24 часа (максимално време на користење е едно полугодие со минимум една средба седмично од два часа) Вкупно 28.000 денари или 1200 денари/час)

Групни часови

  1. За група од пет до 10 деца предлагаме пакет од 24 часа (максимално време на користење е едно полугодие со минимум една средба седмично од два часа или две средби седмично по 1 ч/времетраење) (10.800 денари или 450/час)
  2. Блок часови (два часа) по потреба на група од максимум три ученици (900 денари по дете/блок часови)

ПОГЛЕДНИ БРОШУРА

ТРЕНЕР: ОРЦЕ ДАНЧЕВСКИ

Менторот Данчевски е FIDE интернационален шаховски тренер, наставник во приватниот колеџ Јахја Кемал во Скопје и претседател на шаховското друштво АСЕКО Гамбит. Позади себе има неколку државни и меѓународни победи а неговото мото е: Секој ден сме се подобри и подобри! Со Орце во шахот децата развиваат силна концентрација, фотографска меморија, критичко размислување, креативност, независност, стратешки размислувања и логички предвидувања.