ТРЕНИРАЈ МОДЕРЕН И УРБАН ТАНЦ СО ИВАНА БАЛАБАНОВА И БИТРИКС

Научи да танцуваш и го ослободи го телото од стресот. Разбуди ја креативноста и развивај ја својата координација, концентрација, брзина и јакост на телото.

Модерен танц

ЗОШТО Е ВАЖНО ДЕЦАТА ДА УЧАТ МОДЕРЕН И УРБАН ТАНЦ

Танцот е дисциплина која влијае позитивно врз растот и развојот на децата и младите, делувајќи и унапредувајќи ги психомоторните способности кај нив. Со танцот се развива координација, концентрација, брзина, јакост на телото, се зајакнува и одржува мускулниот тонус, еластичноста на телото а истовремено, се ослободува телото од стресот, се буди креативност и се развива дисциплини. Во најголемиот број земји во светот, танцот е дисциплина која е вклучена во образовниот процес уште од најмала возраст, со цел да се придонесе кај младите кон развивање на сите горенаведени вештини и да се поттикне одржување на здраво тело и здрав дух.

БЕНЕФИТИ НА ПРОГРАМОТ

  • Правилен раст и развој на телото на едно дете
  • Унапредување на вештини на телото на децата и младите (координација, концентрација, мускулен тонус, еластичност, агилност, брзина)
  • Унапредување на психо-социјални вештини (дисциплина, отвореност, развој на позитивни вредности и култура, социјализација и комуникација)
  • Развој на креативноста кај децата и поттикнување на нивна креација како и слобода во изразување

ПОНУДА НА ЧАСОВИ

Часовите за танц ги одржуваат обучени педагози кои се долгогодишни активни танчари и предавачи во Битрикс Културно-уметнички Центар. Во овој центар има часови за различни возрасти и тоа: Мини деца (4-6 години), Деца (7-11 години), Јуниори (12-15 години), Сениори (16+ години)

Кои танцови се изучуваат: Хип-Хоп, Современ танц, Dancehall, Freestyle.

Согласно за кој тип на танц и за која возраст станува збор, часовите се организирааат двапати неделно во соодветен термин кој е однапред предвиден за соодветната група.

ЗАБЕЛЕШКА:

Целата содржина на програмот за модерен и урбан танц ќе биде доставен во живо и нема да биде претходно снимена во облик на лекции, а учесниците ќе имаат можност активно да учествуваат во истиот.

ПОГЛЕДНИ БРОШУРА


БИТРИКС КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКИ ЦЕНТАР

Ова е организација која веќе десет години активно работи во сферата на изведбените уметности, со посебен акцент на танцот, поспецифично урбаните танци и современ танц. Низ годините, Битрикс паралелно делува на неколку фронта и тоа:

  • развој на млади и квалитетни танчари
  • развој и промоција на млади кореографи
  • развој и имплементација на проекти од областа на танцот и перформативните уметности со цел унапредување на танцовата сцена кај нас

Членовите на Битрикс се двократни вицешампиони на ESDU Светското првенство во модерни танци, многупати првенци на домашни, регионални и европски првенства, а истовремено креатори се и на:

  • проектот „Битрикс Танцова Лига“ (1,2,3,4,5 и 6) / Единствениот интернационален танцов камп и фестивал кој се одржува во С.Македонија
  • проектот „Битрикс Спешлс“ (1,2 и 3) / Отворени танцови работилници за целата сцена
  • претставите: „Издигнување“ 2013, „Делови“ 2016, „Тишина“ 2018 и „Етер“ 2019.
  • проектот „Битрикс танцов караван“ 1 и 2 / отворени и бесплатни танцови работилници во повеќе градови од С.Македонија
  • проектот со УНИЦЕФ – Позитивно родителство / работилници и перформанси во 15 градови во С.Македонија, и уште многу други.

Преку програмот за танц, децата ќе добијат можност да бидат вклучени во часови по танц кои можат да бидат групни и инвидуални, а притоа ќе работат прилагодена програма согласно возраста и нивото на познавање на танцови техники.

ТРЕНЕР: ИВАНА БАЛАБАНОВА

Ивана Балабанова (1992 Скопје, С.Македонија) е танчар, кореогеаф, сопственик и раководител на еден од најистакнатите танцови центри во Северна Македонија “Битрикс Културен Центар” и проектен координатор на многу културно-социјални и уметнички проекти со УНИЦЕФ, UNHCR, UNDP, ЛДА Струга, Europe House, Американска Амбасада и сл. Таа има двојно образование во економија, маркетинг и менаџмент и танц, па постојано ги комбинира двата аспекти како база за развој на културни проекти, како и активности кои водат кон креација на силни и широки можности за младите, уметниците и културата Ивана е активна како танчар и кореограф во областа на урбаните танци повеќе од десет години и е 27 кратен меѓународен првак во соло категорија – урбани танци.

Со нејзините тимови пак, тие се повеќекратни финалисти на разни светски првенства, како и двократни вицешампиони на ESDU Светското првенство во модерни танци. Од 2014 – 2020 активно работи на создавање на поголеми дела и креатор е на четири поголеми танцови претстави „Издигнување“ (2013) , „Делови“ (2016), „Тишина“ (2018) и „Етер“ (2019), а во 2019 ги создава и двете минијатури „Апоптозис“ во соработка со композиторката Дарија Андовска и „Парфем“ во ко-креација со танчарата Теодора Ежовска.