ЗА ПРОГРАМОТ
Создаваме исклучителни личности кои ќе ја инспирираат својата генерација со висок интегритет и генијални способности.
Создаваме исклучителни личности кои ќе ја инспирираат својата генерација со висок интегритет и генијални способности.
Програмот “Мали и Возрасни генијалци” е наменет за да ги отклучи потенцијалите на деца и млади до 18 години, да ги развива нивните таленти и емоционална интелигенција. За да ги инспирираме и држиме во постојана љубопитност, развиваме специјални тренинг програми прилагодени за потребите на личноста земајќи ги во предвид нивната возраст и степен на знаење.
Во програмот ја применуваме научно потврдената методологија на нашата ментор организација Six Seconds, најнови истражувања од Универзитетите Харвард, МИТ, Стенфорд а за профилирање и кариерно насочување користиме индивидуален коучинг и дијагностички алатки кои се интернационално акредитирани со златни стандарди во меѓународни институции. Со нив ги мериме емоционалната интелигенција, ги идентификуваме талентите и факторите кои влијаат на успехот на младите.
Програмот “МАЛИ И ВОЗРАСНИ ГЕНИЈАЛЦИ” во април 2017 година доби согласност за работа од Министерство за Oбразование и Наука на Република Македонија и Бирото за Образование на Возрасни и до септември 2020 едуцираше 120 талентирани ученици. Програмов е креиран од компанијата EQ Excellence кој како сертифициран нетворк лидер на Six Seconds се разви во стратешки тренинг центар за развој на емоционална интелигенција, таленти и кариерно насочување на млади и возрасни индивидуи.
EQ Excellence е единствена компанија во балканскиов регион која од 2013 година активно користи користи меѓународни сертифицирани тренинг програми и тестови од Six Seconds за развој на социо-емотивните вештини и таленти на деца и возрасни.