EQ POP-UP фестивал

По повод на Светскиот ден на децата, EQ Excellence беше Партнер со UNICEF и Six Seconds во Македонија и постигна голем успех во спроведување и организација на EQ POP UP фестивалот.

По повод на Светскиот ден на децата, EQ Excellence беше Партнер со UNICEF и Six Seconds во Македонија и постигна голем успех во спроведување и организација на EQ POP UP фестивалот.

EQ POP-UP фестивалот се слави во 200+ земји од светов и сите споделуваат бесплатни, разиграни, значајни активности со цел да им помогнат на децата да ја развиваат својата емоционална интелигенција и да преземат активности кои поттикнуваат одржлив развој (SDG).

Во Македонија EQ POP UP се одржа во неколку основни и средни училишта, во период од 2016 до 2019 година. На фестивалот учествуваа повеќе од 5000 ученици, нивни родители и 200 наставници. На децата, нивните родители и наставниците им беа овозможени голем спектар на активности за развој на социо-емоционални вештини.

За да може да опфатиме што поголем број на учесници на фестивалот, EQ Excellence во секое училиште обучуваше по 10 наставници кои, со помош на Координатор успешно ги спроведуваа EQ активностите. Соработката беше исклучителна и веруваме дека ќе продолжи и во иднина. Како резултат на мерење на ефектите од EQ активностите во редовната настава, во иднина ќе ги објавуваме и бенефитите од практикувањето и развојот на емоционалната интелигенција.

Ве покануваме да ни се придружите и станете дел од нашите идни EQ POP UP фестивалски активности во Македонија! Ако сè уште имате прашања, пратете ни мејл за да закажеме состанок.

Училишта кои беа учесници на EQ POP UP фестивал во Македонија:

ООУ “Јохан Хајнрих Песталоци“ , Скопје– Центар
ООУ “Кирил Пејчиновиќ” – Скопје – Кисела Вода
ООУ “Владимир Полежиновски” – Кичево
ООУ “Димче А. Габерот“, Демир Капија
ООУ “Вера Јоциќ”, Скопје
ООУ “Стив Наумов”, Скопје
ООУ “Димитар Миладинов”, Скопје
ООУ “Димче А.Габерот“, Демир Капија
ООУ “Јан Амос Коменски” Скопје – Карпош
ООУ,”Кирил И Методиј“, Скопје-Центар
ООУ “Петар Мусев”, Богданци
ООУ “11ти Октомври”, Скопје
ООУ “Ацо Шопов”, Скопје – Бутел
СОУ “Мирче Ацев”, Прилеп
ООУ “Видое Подгорец” Струмица
ООУ “Д-р “Трифун Пановски”, Битола, с. Трново

ЕМОЦИОНАЛНАТА  ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
И УСПЕХОТ!

Каде сте вие на овој графикон?
Каде сакате да бидете?

За да ги развивате клучните фактори за успех,
придружете се на нашите тренинзи во
www.mvg.mk и започнете со практично учење и
развивање на вашите таленти и вештини за
емоционална интелигенција