12 НАВИКИ НА РОДИТЕЛИ КОИ ВОСПИТУВААТ УСПЕШНИ ДЕЦА

Воспитувањето на успешни деца не е никаква детска игра. Откријте кои се најчестите навики на родителите кои имаат успешни деца.

Пишуваше: Ивана Димитрова
Време траење на текстот: 7 минути
Јуни 2021

Овие 12 работи што ќе ги направите може да му дадат добар почеток на вашето дете.
Сите сме слушнале за тоа дека успешните луѓе имаат одредени заеднички квалитети кои ги дефинираат, и дека овие квалитети во различни култури и земји по светов се секаде исти. Но, што ако Ви кажеме дека родителите на успешните деца исто така имаат и исти навики?
Секој сака да ја знае тајната за воспитување на успешни деца. Кој не сака деца со кои може да биде горд, нели? Затоа, овој напис објавен од Бизнис инсајдер ги има сите одговори кои некогаш ќе ви требаат. Еве 12 навики кои се вообичаени меѓу родителите на успешни деца. Ако барате практични совети за тоа како да воспитате успешно дете, не барајте повеќе. Следните навики се забележани како заеднички кај сите родители на успешни деца. Превземете ги овие, и ќе направите неколку чекори во вистинската насока!

1. Родителите им доделуваат домашни обврски на своите деца
Кај детето ова влева чувство на одговорност и го тера да се посвети на какви било активности што ќе ги преземе. Исто така, оваа навика влијае врз децата да станат независни и емпатични. Ако не сте почнале до сега, може да започнете да им доделувате домашни обрврски на вашите деца.

2. Родителите активно работат на развој на социјалните вештини на своите деца
Ова значи дека нема да заминувате во вашата соба затоа што ви е здосадено од гостите кои ви дошле дома. Всушност, истражувачите од Државниот универзитет во Пенсилванија и Универзитетот Дјук, на крајот од нивното 20-годишно истражување, дошле до заклучот дека децата со слаби социјални вештини имаат поголема веројатност да одат во затвор, да развијат навика за конзумирање на алкохол и да станат бездомници како возрасни луѓе!

3. Родителите поставуваат високи очекувања од децата
Не бидете лабави и не ги оставајте училишните перформанси на децата такви какви што се – родителите на успешните деца постојано работат на нивниот училишен перформанс со нив и постојано ги туркаат своите деца да направат нешто повеќе, да направат нешто подобро. Очекувањата кои родителите ги поставуваат стануваат целта на која децата се фокусираат: Kолку поголеми очекувања, толку поголема цел.

4. Родителите се борат помалку меѓу себе
Ефектот од растењето со борбени родители или во дом во кој родителите постојано се караат, може да биде длабок и долготраен. Забележано е дека разводот на родителите влијае и на децата но и во нивниот подоцнежен живот како возрасни. Од друга страна, и покрај постојаните борби, родителите кои се држат заедно независно дали се во брак или се разведени, можат да бидат причина децата да станат недостижни, успешни во својата област на делување.

5. Родители се прв модел за успешност во очите на своите деца
Како родители, ние сме првите модели за успешност во очите на нашите деца. Ние сме луѓето од кои децата бараат инспирација и аспирации. Да се биде високо квалификуван во образованието, дефинитивно е мотивација за вашите деца. Ако продолжите да учите, растете и се развивате како личност, со тоа може да ги инспирирате и нив да продолжат да учат повеќе, да не застанат само на матурирање или факултетско образование.

6. Родителите сериозно ја сфаќаат домашната работа по математика на своите деца
Верувале или не, раното изучување на математика на вашето дете може да му даде поголема шанса да успее. Истражувачот Грег Данкан од универзитетот Северозападен, во 2007 година го потврди ова, а на крајот од неговата групна студија забележа: „Совладувањето на математички вештини од рана возраст предвидува не само идни математички достигнувања, туку и успешни достигнувања во читањето“. Затоа, работете со децата од најмала возраст и заинтересирајте ги за математиката.

7. Родителите се поврзани со своите деца
Со други зборови, тие имаат изградено здрава, поддржувачка врска со своето дете. Еден возрасен човек што се грижи за своето дете може да направи голема разлика од која ќе зависи дали детето ќе стане успешно или пред тинејџерските години ќе заврши во истражен дом на социјални служби.

8. Родителите подобро управуваат со стресот
Гледајќи колку млади луѓе чувствуваат депресија овие денови, ова е важна поента. Стресот е неизбежен дел од денешниот брз живот, секоја мајка е под стрес. Но, тоа не значи дека сите треба да подлегнеме на тоа. А, родителите кои конструктивно се справуваат со стресот, всушност ги учат своите деца да го прават истото.

9. Родителите знаат дека се е до обидувањето
За овие родители, откажувањето не е опција. Тие ги учат нивните деца дека поважно е децата да се обидуваат со работите, а помалку важно е дали успеале или не успеале. Можеби ова ви звучи контрадикторно, но важно е затоа пред се, секој успех доаѓа со преземање на првиот чекор!

10. И двајцата работат, особено мајките
Децата на мајки кои работат се покажале поуспешни од оние на домаќинките, се вели во студијата за Харвард бизнис школата. Придобивките се гледаат и кај синовите и кај ќерките: додека синовите растат, учат како да бидат повеќе емпатични кон женските и така стануваат поподготвени за да се занимаваат со домашни работи, додека пак ќерките ќе имаат поголема веројатност да заработат повеќе отколку нивните врсници со мајки-домаќинки.
Забелешка: Иако горенаведеното откритие можеби е легитимно, може и да е не возможно секоја мајка да работи. Во вакви ситуации, можеби би било корисно ако дознаете повеќе за искуствата на мајки кои се вратиле на работа по пораѓај. Ако ништо друго, тоа ќе ви даде фер перспектива на ситуацијата!

11. Родителите се грижат нивните деца да јадат зеленчук
Значи, тие ја разбираат важноста на добрата исхрана и се трудат да не им даваат нездрава или брза храна на мали деца! Правилната исхрана не само што носи добро здравје, туку ве спречува постојано да боледувате, а исто така работи и на вашето ментално и психолошко здравје. Добро хрането дете е среќно дете, а среќните деца можат подобро да се фокусираат на нивните различни цели.

12. Овие родители се потпираат на авторитетно родителство
Стиловите на родителство можат длабоко да влијаат врз интелигенцијата и личноста на децата, а еден од стиловите на родителство што се појави како најдобар во различни култури, земји и студии е авторитетно родителство.
Извор: www.parenting.firstcry.com