ПОМОГНЕТЕ МУ НА ДЕТЕТО ДА СЕ СПРАВИ СО СТРЕС
Зошто е потребно децата да ги учиме да ја развијат вештината: управување со стрес?
Зошто е потребно децата да ги учиме да ја развијат вештината: управување со стрес?
Времетраење на читањето: 5 минути
Јуни 2021
Многу ретко ги учиме децата да ја развијат вештината Управување со стрес. Си претпоставуваме дека децата живеат безгрижен живот и дека немаат стресни искуства. Сепак, постојат многу работи кои предизвикуваат стрес кај децата. Стресот е едноставно функција на барањата кои се поставени пред нас и наша способност да ги исполниме. Децата се соочуваат со училишни барања дадени од наставниците, домашни обврски и од врсниците. Ако децата не можат да ги исполнат тие барања или се чувствуваат презаситени од нив, тие се подложни на стрес.
Наодите од истражувањето укажуваат дека во овој 21ви век тинејџерите го доживуваат стресот многу слично како и возрасните. Според Американската асоцијација за психологија (АПА) “многу тинејџери доживуваат нездраво ниво на стрес, не се сигурни во техниките со кои управуваат со стресот и доживуваат симптоми на стрес во бројки како и искуствата на возрасните“.
На пример, истражувањето на АПА за мерење на стрес покажа дека 40 проценти од тинејџерите пријавиле чувство на нервоза и лутина поради доживеан стрес, 36 проценти изјавиле дека се чувствуваат вознемирено и нервозно, додека други 30 проценти се чувствуваат тажно или депресивно. Што се однесува до тоа како стресот влијае на нивното физичко здравје, 36 проценти од тинејџерите изјавиле дека стресот ги прави уморни, 36 проценти велат дека доживуваат главоболки кога се под стрес, а 23 проценти изјавиле дека ги прескокнале оброците поради доживеаниот стрес.
Се прашувате, што е тоа што им предизвикува толку голем стрес на децата? Имајте на ум дека секое дете има различно ниво на толеранција на стресот и дека, различни работи му причинуваат стрес. Најчести причини за стрес кај деца се стандардизираните тестови, немањето доволно време, проблеми со врсниците, користењето на социјални мрежи, семејни проблеми, тековни настани и насилството.
Насилството (поврзи линк со текстот “Како да му се спротивставиме на насилството”) е особено проблематично затоа што се повеќе е присутно на социјалните мрежи. Ако сте од тие генерации кои одевте на училиште пред постоењето на социјалните мрежи, сигурно се сеќавате дека откако ќе завршеше училишниот ден, маките завршуваа
Но тоа не е така со денешниве деца. Малтретирањето продолжува надвор од училиштето. Насилниците продолжуваат да ги малтретираат децата на различни социјални платформи и медиуми, а другите ги тераат да им се придружат во насилството. Кога сте дете, тешко ви е да поверувате дека по такво доживеано јавно понижување на социјалните мрежи можете да се вратите во нормала. Ваквото размислување и неможноста некои деца да се справат со стресот од малтретирање, доведуваат до екстремни ситуации и некои деца си го одземаат животот.
Многу деца нема да ви кажат кога се под стрес. Можеби не се свесни дека се презаситени од стрес. Затоа е важно да ги препознаете предупредувачките знаци кога детето доживува стрес. Еве неколку вообичаени знаци за предупредување земени од овој ресурс за управување со стресот.
Според студијата на АПА, многу тинејџери кога чувствуваат високо ниво на стрес не умеат ефикасно да се справат со стресот и често, за да се справат со стресот, се свртуваат кон седечки активности. На пример, 46 проценти од тинејџерите играат видео игри за полесно да управуваат со стресот, 43 проценти сурфаат на Интернет, а 36 проценти гледаат телевизија или филмови кога го менаџираат стресот.
Според овие наоди, јасно е дека уште од рана возраст треба да ги учиме децата како да го препознаат стресот во себе и да ги научиме како да користат ефективни стратегии за справување и управување со него.
Текстот е превземен од: kiddiematters.com
www.mvg.mk ви нуди пакет тренинг активности за родители, наставници и советници кои сакаат да управуваат со стресот кој го доживуваат деца на возраст од 10 до 18 години (4то основно образование до 4та година средно образование). Располагаме со бројни игри, работни листови, активности и проекти со кои децата влегуваат во стресни ситуации преку игра со улоги, разговор за вообичаени стресни фактори, и истражуваат стратегии за справување со нивниот стрес на позитивен начин. Овој пакет на тренинзи им користи и на возрасни.
Примете совети за развој на емоционална интелигенција, таленти и исклучителност. Направете Subscribe за бесплатен пристап до нашите содржини.