ЗОШТО Е ВАЖНО ДЕЦАТА ДА ЈА УЧАТ ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Помислете на децата на кои им се воодушевувате. Тие деца изгледаат самоуверено, лесно се справуваат со животните предизвици, градат квалитетни врски со околината, се мотивираат сами себе и фокусирано ги постигнуваат своите цели. Со тренингот за емоционалната интелигенција ги учиме децата како да ги препознаат своите и емоциите на другите, како да комуницираат со емоциите и го разберат своето однесување, како да градат висока самодоверба и емпатија, да донесуваат квалитетни одлуки, да прават избори со кои ќе креираат живот исполнет со среќа и задоволства.

Со силна самодоверба, секој човек може да постигне многу повеќе од што е свесен. На овој тренинг преку игри и практични примери децата учат меки вештини со кои ќе можат полесно да ги препознаваат можностите, а предизвиците ќе ги трансформираат во успеси. Запознавајќи ја моќта на емоциите и своите внатрешни капацитети, децата ќе научат како да бидат посилни, помудри и посреќни. И можностите и препреките се на чекор од нас, но тоа не се причини поради кои децата треба да се откажат од постигнување на посакуваните цели, туку се причини кои можат да ги направат посилни и помудри.

Овој тренинг е практичен и динамичен. Тренингов има за цел да ги научи децата да развијат висока емоционална интелигенција и преку практична работа на проекти да ги отклучат нивните потенцијали.
Во текот на 12 модули децата ќе имаат можност да работат на проекти кои се специјално креирани на нивната личност и потреби. Под водство на менторот децата ќе ги користат личните способности за да постигнат конкретни цели, ќе учат да донесуваат самостојни одлуки, ќе развиваат стратегии, а од врвни светски мајстори ќе бидат инспирирани да манифестираат исклучителност.
БЕНЕФИТИ ОД ТРЕНИНГОТ

Учениците развиваат 12 вештини за емоционална интелигенција под водство на својот ментор, работат на специјални проекти кои се симулација на нивните посакувани цели. Преку практична работа на разбирање на своите и туѓите емоции, децата развиваат емпатија и квалитетни врски, ефикасност и процесот како да донесат добри одлуки, мапираат цели кои сакаат да ги постигнат во наредните 30 години. На почеток на програмот правиме мерење на емоционалната интелигенција на децата со помош на алатките на Six Seconds, SEI Youth Profile а за време на целиот тренинг ги користиме резултатите од тестирањето.
Во тренинг програмот за развој на емоционална интелигенција се фокусираме на развој на 12 вештини, поделени во 4 области: Симни брошура