КАКО ДА ГО УПОТРЕБИТЕ ЕМОТИВНОТО ТРКАЛО И ДОПРЕТЕ ДО ВАШИТЕ ЕМОЦИИ
Емоциите можат да бидат збунувачки! Но, што ако можете да ги истражите и разберете: Што значат, дали имаат некоја скриена порака за вас и што треба да научите од нив?
Емоциите можат да бидат збунувачки! Но, што ако можете да ги истражите и разберете: Што значат, дали имаат некоја скриена порака за вас и што треба да научите од нив?
Времетраење на читањето: 6 минути
Јуни 2021
Емоционалната писменост е прецизно идентификување и разбирање на емоциите. Таа е нашиот капацитет да им пристапиме и ги интерпретираме тие информации. Брзото читање на емотивните манифестации може да е од клучна важност за да сте умни со емоциите – за да може да ги разберете и да ги менаџирате.
Кога човек доживува тешки емоции, се чувствува како морепловец на сред бура во море и не му е лесно да управува со интензитетот на емоциите. Ако во вашиот живот сакате да внесете позитивни промени, пожелно е да научите како да ги именувате и комуницирате вашите чувства. Затоа луѓето кои имаат развиено силна емоционална писменост, умешно градат здрави релации со околината.
Психологот Роберт Плутчик го создал моделот Плучик прикажан подолу. Тркалото покажува дека има 8 основни емоции: радост, доверба, страв, изненадување, тага, предвидување, лутина и одвратност. Врз база на физиолошката цел на секоја од 8те основни емоции, Плутчик го организирал тркалото во форма на мал “конус на сладолед“ прикажан до тркалото за емоции.
Значи, што значат сите тие бои и ливчиња?
Примарно: Осумте сектори се дизајнирани со цел да прикажат дека има осум основни емоции: лутина, предвидување, радост, доверба, страв, изненадување, тага и одвратност.
Спротивности: Секоја примарна емоција има поларна спротивност. Ова се темели на физиолошката реакција која ја создава секоја емоција кај животните (вклучувајќи ги и луѓето… Плучик проучувал животни!):
Комбинации: Емоциите без боја претставуваат емоција што е мешавина од 2-те примарни емоции. На пример, предвидувањето и радоста се комбинираат за да се добие оптимизам. Радоста и довербата се комбинираат за да се создаде љубов. Емоциите честопати се сложени, а можноста да препознаеме чувство кое е комбинација на две или повеќе различни чувства е корисна вештина.
Исто така, постојат терцијарни чувства, кои не се прикажани на тркалото за чувства, кои се комбинација од 3 (а можеби некои чувства имаат 4 или повеќе делови).
Интензитет: Вертикалната димензија на конусот го претставува интензитетот на емоциите додека се движат однадвор кон центарот на тркалото, како што е означено и со бојата: Колку е потемна сенката, толку е поинтензивна емоцијата. На пример, лутината на најмалото ниво на интензитет е вознемиреност. На највисоко ниво на интензитет, лутината станува бес. Или, чувството на досада може да се засили до чувство на гнасност, прикажано со темно виолетова боја.
За овие правила треба да сте свесни во односите. Ако не ги контролирате и управувате, емоциите можат да се засилат. Тука лежи мудроста и потребата да го зајакнете вашиот емотивен речник кој е темел за ефективно управување со емоциите.
Тркалото на Плучик ни помага да ја погледнеме емоционалната писменост низ поширока леќа. Писменост значи „знаење кое го поседуваме за одредена личност, за одредена тема или област“. Значи, подобрување на емоционалната писменост значи не само да научиме зборови за емоции, туку и да разбереме колку различни емоции се поврзани едни со други и како се менуваат со текот на времето.
Објаснувањето на Роберт Плучик за неговиот модел на емоции можете да го прочитате во една статија што првично беше објавена во Американски научник во 2001 година и може да се прочита на Спрингер Интернешнл Издаваштво АГ
Извор: https://www.6seconds.org/2020/08/11/plutchik-wheel-emotions/
www.mvg.mk ви нуди пакет тренинг активности за родители, наставници и советници кои сакаат да управуваат со емоциите и ја развиваат емоционалната интелигенција на деца и тинејџери на возраст од 10 до 18 години (основно и средно образование). Располагаме со бројни игри, работни листови, активности и проекти со кои децата преку игра со улоги, разговор за вообичаени стресни фактори истражуваат стратегии за разбирање на нивните емоции на позитивен начин. Овој пакет на тренинзи им користи и на возрасни. За понуда пополнете го овој формулар.