ЕМПАТ И НАРЦИС – ПАР ОД ПЕКОЛОТ
Да бидеме искрени, сосема е природно ако ве привлече нарцис. А зошто да не? На прв поглед тие делуваат прилично шармантно, отворени се, забавни и привлечни.
Да бидеме искрени, сосема е природно ако ве привлече нарцис. А зошто да не? На прв поглед тие делуваат прилично шармантно, отворени се, забавни и привлечни.
Пишуваше: Љупка Јорданова
Времетраење на текст 5 минути
Ако ја гледате познатата слика на Вилијам Вотерхаус “Ехо и Нарцис”, ќе ја приметите Ехо како е загледана во нарцис, прашувајќи се себе си до кога ќе го чека за да ја забележи дека постои!? Нејзиниот очај предизвикува поголема болка од неговата само-апсорпција. Можеби сакате да и кажете „продолжи душо, продолжи понатаму“. Веројатно тоа е најлогичната реакција која што човек може да ја има. Но, понекогаш се чини дека рационалноста и логиката не функционираат заедно. Инаку, ретко се сретнуваме со вакви љубовни комбинации. Знаеме дека постојат вакви односи, а можеби и сме ги искусиле во некој момент од нашиот живот.
Да бидеме искрени, сосема е природно ако ве привлече нарцис. А зошто да не? На прв поглед тие делуваат прилично шармантно, отворени се, забавни и привлечни.
Истражувањата покажуваат дека на првите седум состаноци вашите првични впечатоци за нив можат да се позитивни.
Како може некој да се заљуби во некој кој не може да види ништо освен себе. Зошто некој би направил таков самоуништувачки избор? Најиронично е тоа што оној кој се вљубува во нарцис има тенденција да биде Емпат. Постои нешто во привлекувањето на спротивности, но исто така, таа привлечност е токсична и осудена на пропаст.
Според психијатарот Judith Orloff, емпатите лесно ги апсорбираат чувствата од другите луѓе. Тие се како „емоционален сунѓер“, а за нарцисот тоа е привлечна карактерна особина бидејќи препознаваат “плен” кој ќе им ги исполнува нивните потреби на несебичен начин.
Но, што е тоа што ги привлекува Емпатите кон Нарцисот и ги држи заглавени во врска со нив?
Емпатите пронајдуваат среќа во заздравувањето. Кога ќе видат некој за кого сметаат дека е во голема болка, тие сочувствуваат, сакаат да ги негуваат и исцелат тие рани. Поголемиот дел од времето тие сметаат дека Нарцисот е повредена душа на која и треба лекување – со нивното сочувство и љубов.
Поголемиот дел од времето, Емпатите сметаат дека Нарцисот е повредена душа која треба да се исцели со нивното сочувство и љубов.
Емпатите кои се вљубуваат во нарцис, може да имаат потсвесна потреба да бидат емпати и се чувствуваат сакани и посакувани, бидејќи во нивното детство имале примарен старател кој воглавно бил емотивно недостапен за нив. Затоа, возрасните емпати бараат потврда и чувство за себе вреднување, дури и од токсични луѓе.
Понекогаш им е тешко да разберат дека се наоѓаат во врска со нарцис. Според Judith Orloff во нејзината книга „Емоционална слобода“, овие прашања може да си ги поставите за да проверите дали имате работа со нарцис.
Ако на едно или две прашања одговорот е „да“, веројатно имате работа со нарцис.
Добро, вљубувањето може да се објасни. Но кога партнерите ќе сфатат дека се во токсична врска – зошто сеуште остануваат во врската?
Поради надежта дека нивниот партнер ќе се промени – затоа остануваат во врската многу подолго отколку што треба. Понекогаш кога гледаат дека нарцисот не им возвраќа, тие се обвинуваат себеси дека не се трудат доволно. Се надеваат дека на крај, нивната безусловна љубов ќе создаде силна врска. Но, за жал, чекањето е потрошено време затоа што нарцисот не гледа ништо освен себе.
Ако го рационализирате неприфатливото однесување на нарцисоидниот партнер, тоа значи дека едноставно не можете да поставите здрави граници. Здравата граница постои за да им покажете на луѓето како сакате да се однесуваат со вас, што ви е прифатливо а што не.
Имајте на ум – ние ги учиме луѓето како да се однесуваат со нас.
Да повториме – да се биде Емпат е редок подарок и никогаш не го сметајте за ваша слабост. Но, разбирајќи ја ранливата страна на нашата природа, ако сме емпат, важно е да созрееме, да научиме како да создаваме здрави граници, да сме еластични, да се прифатиме себе си, да се сакаме и да ја прифатиме тешката вистина дека – нашата љубов не е доволна за да го “поправиме” нарцисот.
Извор: soulcafeblog.com