Во МАЛИ И ВОЗРАСНИ ГЕНИЈАЛЦИ многу добро ги разбираме и радостите и предизвиците со кои секојдневно родителите се соочуваат во воспитувањето деца со високи способности. Одлучно сме посветени на едукација, анализирање, насочување и емоционална поддршка за надареноста. Нашата цел е да ви помогнеме вам, на родителите, да ги разберете уникатните карактеристики и способности што ја дефинираат надареноста на вашето дете и да ви обезбедиме практични ресурси кои ќе ви помогнат во решавањето на различните потреби на вашето надарено дете.
КАКО СЕ РАЗВИВА ТАЛЕНТ ОД СВЕТСКА КЛАСА

Во 1985 година, д-р Бенџамин Блум во соработка со други истражувачи од Универзитетот во Чикаго направиле истражување кое опфатило 120 луѓе кои постигнале успех од светски ранг во различни области како што се уметност, атлетика, музика и академици. Меѓу интервјуираните имало пијанисти на концерти, скулптори, шампиони во тенис, пливачи од Олимпијада, истражувачки невролози и математичари.
Резултатите од истражувањето покажале дека успешните лица имале многу слични фази на учење и развој. Во својата книга „Развивање талент кај младите“, Блум ги подели фазите на развој во раните, средните и доцните години.
На почетокот на 2о-ти век, истражувачот Алфред Норт Вајтхед (1929) опишал сличен модел на учење. Тој го подели учењето во три различни фази: романса, прецизност и интеграција. Блум се согласи дека овој модел точно го опишал долгорочниот развој на успешните субјекти во неговата студија.

ФАЗА НА РОМАНСА
Оваа фаза се карактеризира со игра, истражување, забава и време кога децата учат основни вештини и развиваат љубов кон одбраната област, било да е тоа спорт, музика, уметност или наука. Во оваа фаза повеќето деца се запознаваат практично со одредена активност. На пример, родителите го пријавуваат своето дете на часови по пливање во локален базен или кај некој сосед може да предава пијано. Овие први тренери и наставници всадуваат љубов кон активноста кај децата. Во текот на нивните кариери, страста за спорт или музика секогаш би била цврсто втемелена во овие спортисти и музичари.
Програмот МАЛИ И ВОЗРАСНИ ГЕНИЈАЛЦИ е креиран за семејства ориентирани кон развој на децата, каде што децата ја учат вредноста на напорната работа. Често пати родителите им велат на своите деца: „Ако вреди да се направи, тогаш вреди да се направи добро“. Во фазата на Романтизам важно е родителите да ги охрабруваат децата да бидат самодисциплинирани и одговорни затоа што:
РАНИОТ УСПЕХ Е ПРИМАРЕН ФАКТОР ЗА МНОГУ ОД ДЕЦАТА ДА ПРОДОЛЖАТ ВО РАЗВОЈ СО ОБЛАСТА НА СВОЈОТ ИНТЕРЕС.
ФАЗА НА ПРЕЦИЗНОСТ
Оваа фаза се одвива со помош на систематско учење и мајстор (ментор или тренер кој промовира долгорочен развој и на технички вештини). Типичен период во кој музичарите и спортистите го минуваат својот систематски тренинг за да бидат подготвени за меѓународна изведба е периодот од четири до шест години. Тогаш спортистите прават премин од „играње тенис – во тенисер“. Во овој период воопшто не смееме да ја потцениме огромната жртва која ја даваат родителите (пресметана во време и пари) за да им обезбедат можности за обука и натпреварување за своите деца.
ФАЗА НА ИНТЕГРАЦИЈА
За време на последната фаза, интеграција, едно лице продолжува да учи со Мајстор тренер или Мастер коучер и продолжува да тренира по многу часови на ден. Честопати, талентираните млади живеат и тренираат со други кои ги делат истите цели и посветеност во спортот, музиката, науката или областа која е нивен интерес. Секој од нив, индивидуално, е потребно на дневно ниво да посветува неколку часови работа и лично да ја усовршува вештината.

Според студијата на Блум спроведена со 120 личности кои постигнале меѓународни успеси, ова трифазно учење и развој се случуваат во временски период од 15-20 години. Во студијата е наведено: „До својата 12та година, само десет проценти од талентираните индивидуи напредуваат доволно далеку за да може да се дадат сигурни предвидувања дека овие личности ќе бидат меѓу првите 25 во својата област на таленти на возраст од дваесет до триесет години“. Важно е, да нема скокање на фазите во развојот на личноста.
Блум открил дека ако личноста пребрзо преминува од една во втора фаза (пример, пред да ја заврши фазата на романса ако премине во фаза на прецизност), постои опасност лицето да остане без потребните вештини, психо – физички развој или мотивација за да успее во новата фаза.
На пример, на пијанист му треба да има стекнато силна основа во техничките вештини со тастатурата и вокабуларот пред да се обиде да одсвири комплицирано музичко дело. Според истава аналогија, на олимписки пливач му се потребни неколку години обука за да ја усоврши техниката на замав и развие физички капацитет од светска класа. Должината на фазите и брзината на учење се различни кај секоја индивидуа. Или драматични транзиции или постепени промени кои се означуваат со фази. Она што е најважно е да има ритам на учење и да се запамети дека учењето се случува без долги паузи или одложувања.
За полесно мапирање на транзициите и по барање на родителите, на секоја индивидуа со талент и изработуваме МАПА на развојот на талентот.