ТРЕНИРАЈ ФИЗИКА, АСТРОНОМИЈА И АСТРОФИЗИКА СО СТАНИША ВЕЉКОВИЌ
Со помош на физиката научи како да се „приземјиш“ и разбери ги основните принципи кои ги управуваат сите физички аспекти на универзумот, енергијата, времето, медицинската наука и истражувањата за вселената.
НИВО:
Почетен
ТИП:
Индивидуален
ЦЕНА:
8000-12000
БРОЈ НА ЧАСОВИ:
80
ФИЗИКА, АСТРОНОМИЈА И АСТРОФИЗИКА
Без разлика дали збориме за Ескимите кои живеат во поларните услови близу Арктикот, Амазонските племиња населени длабоко во тропските џунгли долж реката Амазон, номадите во саваните на суптропска Африка, или пак „модерниот човек“ – жител во бетонските џунгли на мега-градовите како Њујорк или Токио, сите тие делат едно заедничко сведоштво: ноќното небото покриено со ѕвезди, понекогаш засенети од полната Месечина, а и Сонцето како единствен небесен објект на денското небо.
Преку програмот за астрономија и физика на „Мали и возрасни генијалци“ ќе го изучуваме ова античко и модерно заедничко сведоштво на човековиот род. Вооружени со моќните математички апарати како тригонометриски и логаритамски функции, линеарни и нелинеарни равенки, равенки со една или повеќе непознати ќе ги опишеме и предвидиме положбата и движењето на Сонцето, Месечината, ѕвездите и планетите како на ноќното небо, така гледано и од вонземската перспектива на астронаутите. Преку физиката и математиката ќе се „приземјиме“ и ќе одговориме на прашања зошто водените капки имаат тркалезен облик, како ја добиваме и користиме електричната енергија во нашите домови, како работат оптичките кабли и современите технологии на безжичен интернет и Блутут…
Забелешка: Целата содржина на програмот за астрономија и физика ќе биде доставен во живо и нема да биде снимен претходно во облик на лекции, а учесниците ќе имаат можност активно да учествуваат во истиот.
Нудиме две опции:
регуларни тренинзи за ученици кои се подготвуваат за учество на натпревари по физика, астрономија и астрофизика
повремени инцидентни тренинзи за ученици на кои им треба помош за совладување на наставната програма по физика во склоп на основните и средните училишта
БЕНЕФИТИ НА ПРОГРАМОТ
Целосна едукативна поддршка на учениците од основно и средно образование по физика при изучувањето на редовната наставна програма за учебната 2020/2021 година
Подготовка на талентирани ученици за учество на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари по физика, астрономија и астрофизика во решавање на задачи и изведување на експерименти
Учениците кои ја изучуваат физиката и астрономијата преку решавање на математички задачи од овие области на науката, покрај тоа што се здобиваат со познавање и разбирање на природните законитости истотака ги развиваат и нивните процедурално-аналитички способности применливи во голем опсег на модерни занимања и професии како компјутерско програмирање, банкарство и консултирање
ПОНУДА НА ЧАСОВИ
Нудиме 2 типа на часови:
Индивидуални часови
1. пакет од 24 часа (максимално време на користење е едно полугодие со минимум една средба седмично од два часа) за помош при совладување на редовната настава по физика од основно и средно образование (вкупно 12.000 денари или 500 ден/час)
2. пакет од 24 часа (максимално време на користење е едно полугодие со минимум една средба седмично од два часа) за совладување на наставната програма што се тестира на натпреварите по физика и астрономија за основно и средно образование (вкупно 14.400 денари или 600 ден/час)
3. блок часови (два часа) по потреба на ученикот за совладување на редовна настава по физика од основно и средно образование (800 денари/блок часови)
Групни часови
4. За група од три до осум ученици предложуваме пакет од 24 часа (максимално време на користење е едно полугодие со минимум една средба седмично од два часа) за совладување на наставната програма што се тестира на натпреварите по физика и астрономија за основно и средно образование (10.800 денари или 450/час)
5. блок часови (два часа) по потреба на група од максимум три ученици за совладување на редовна настава по физика од основно и средно образование (700 денари/блок часови)
Менторот Вељковиќ е тренер по физика, астрономија и астрофизика во програмот “Мали и возрасни генијалци”, професор по физика во Математичко-информатичка гимназија-Скопје и професор по физика во приватното средно училиште „Јахја Кемал“ во неговите подрачни единици низ државава веќе 12 години. Во склопот на училиштето покрај изведување на регуларна настава, подготвува и надарени ученици за учество на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари по физика, астрономија и астрофизика во решавање на задачи и изведување на експерименти. Четири пати бил лидер на македонската делегација од средношколци кои учествуваа на Меѓународните олимпијади по физика, а два пати на Меѓународните олимпијади по астрономија и астрофизика.
Менторот Вељковиќ е првиот дипломец од независна Македонија, на познатиот универзитет Харвард во САД, специјализиран во физика и астрофизика. Од неговото дипломирање до сега непрекинато сум вклучен во промоцијата на овие гранки на науката кај македонската младина меѓу преку образовниот процес дома и во странство.