FROZEN, ФИЛМ ЗА МАГИЈАТА ВО СЕБЕ ПРИФАЌАЊЕТО
Филм кој го опишува животот на една млада личност која има проблем да се прифати себе и својата различност во светот во кој живее.
Филм кој го опишува животот на една млада личност која има проблем да се прифати себе и својата различност во светот во кој живее.
Пишуваше: Ирем Таук
Време траење на текст: 7 минути
Поминаа осум години откако се објави филмот на Дизни “Frozen” кој не воодушеви со магијата на Елса и ги стопи срцата на публиката од сите возрасти, а во 2019 година се сними и продолжението од “Frozen”. Филмот заработи скоро 1,2 милијарди долари ширум светот. Аудио записот сеуште е на врвот на топ-листите, стана најголемиот анимиран филм и петти најголем филм на сите времиња. Секако, овој филм е феномен на нашето време и ги надминува сите културни граници, а причината лежи многу подлабоко од бизнис логиката, паметниот маркетинг, времето кога е пласиран, квалитетот на анимацијата или други причини за успешен пласман.
Филмот “Смрзнато Кралство” многу суптилно го опишува животот на една млада личност која има проблем да се прифати себе и својата различност во светот во кој живее. Драма филмовите често го прикажуваат животот на луѓето кои се поразлични и отфрлени од другите, луѓе кои можеби имаат и ментална болести. Но да се наслика личност како Елса на толку чувствителен и реален начин на големиот екран, тоа е навистина тешко. Во светов постојат голем број на луѓе кои се борат со различни нарушувања и се плашат отворено да зборуваат за нив. Тие се плашат од социјалното осудување и стравуваат од реакциите на другите луѓе, како ќе ги сватат нивните нарушувања. Филмот на Дизни “Замрзнато Кралство” е филм кој уникатно го прикажува животот на една таква личност и позитивно влијаеше на многу луѓе во цел свет.
Што е тоа со Елса и нејзината песна “Let It Go“ кои се поврзаа скоро со секој на земјиниов глобус? Елса не е само уште една убава принцеза од Дизни анимационите филмови. Вообичаено за Дизни филмовите, ликот на принцезата станува наше аспиративно јас, некој што е совршен и според нејзиниот изглед и природа. Некој во кој може да се заљубите. Таа може да се соочи со негативци-ликови кои прават заговор против неа, но однекаде во бајката ќе се појави „Мајка Божја“ или „Принцот“ за да ја спасат. Принцот обично е зачуден од нејзината убавина и златното срце, ја спасува и живеат среќно засекогаш. А кога ќе заврши шоуто, малото девојче забревтано дише и си помислува „Ох! Би сакала да сум како неа“.
Но оваа принцеза Елза не може да биде ничија аспиративна јас. Па, како би можела да биде? Таа е со недостатоци, внатрешно се бори со своите комплексности и дури не се ни смее. Елса одлучи да се затвори и скрие од својата сестра Ана и целиот свет затоа што родителите ја замолија да ги скрие своите недостатоци.
„Прикриј, не чувствувај. Направи шоу. Направи еден погрешен потег и сите ќе знаат“.
https://youtu.be/L0MK7qz13bU
Повеќето од нас се препознавме себеси во нејзината борба за самоприфаќање. Оваа принцеза не беше наше “совршено” јас и не соочи со срамот, неподготвеноста да се прифатиме такви какви што сме, да го издржиме општествениот притисок и да ги скриеме “недостатоците” и стандардите поставени од претходните принцези олицетворенија на совршенство. Со песната „Пушти го тоа“ ни испрати моќни пораки за прифаќање, зајакнување и надеж.
Елса е родена со магични сили кои не може да ги контролира. Сè што допира, се претвара во снег и мраз и поради тоа се чувствува различно и исклучено. Како личност која што е поразлична од другите, Елса се бори со своите лични демони и се труди да ги контролира нејзините уникатни сили.
Откако со своите моќи таа ненамерно ќе ја повреди својата малечка сестра Ана, кралот и кралицата ја советуваат Елса да ги задржи нејзините моќи скриени во себе за да не повреди некого. Никогаш повеќе. Нејзините родители и даваат ракавици кои мора постојано да ги носи со цел да ги скрие нејзините прсти, а воедно ја учат и да ги потиснува своите чувства.
Дури и со најдобри намери, родителите честопати ги игнорираат или не ги препознаваат емотивните доживувања на своите деца. Тоа однесување ги наведува децата да ги закопаат своите емоции, наместо преку нив да работат и да развиваат здрави комуникациски механизми за справување со проблеми.
Кога Елса и Ана се тинејџери, нивните родители умираат во бродолом а Елса продолжува со својата изолација. Се затвора и крие од сите вклучувајќи ја и сестра и Ана. Не само што се плаши да не ги повреди другите, туку се плаши и од самата себе. На сличен начин луѓето кои се срамат од своите несовршености честопати се плашат од предрасуди заради социјалната стигма која ја опкружува нивната состојба и затоа избираат да се изолираат. Исто и Елса, со години го чувала својот дар во осаменост.
Елса е во состојба да ја крие својата тајна сè додека на денот на нејзиното крунисување таа ненамерно го креира своето Царство во бескрајна зима. Исполнета со срам и страв Елса бега од Арендел, барајќи скривалиште во ледените планини каде што може да биде сама.
За некој што не се прифаќа себе, стигматизирачките ставови можат да доведат до длабоки чувства на срам, што може да биде исто толку тешко како и справувањето со симптомите на самото нарушување.
Елса се наоѓа сама во нејзиниот прекрасен леден замок, ги отстранува нараквиците во кои цел живот ги криела своите волшебни сили, ја пушта својата косата преку рамена прегрнувајќи го нејзиното вистинско јас. Се чувствува моќно. Додека се ослободува од нејзиното минато и стравовите кои ја задржувале, таа ја пее песната „Пушти го“.
Луѓето кои не се прифаќаат себе си онакви какви навистина се, честопати имаат ниска самодоверба и се сомневаат во својата вредност и уникатност.
Стравуваме дека самоприфаќањето ќе го запре само-подобрувањето. Често пати сакаме да играме улога на свои „диктатори за самоподобрување“ кои го потиснуваат „малото дете во нас“ да биде совршено, цело време да биде добро и послушно. Но, исплашеното дете не може да биде “совршено” цело време. Напротив, самоприфаќањето значи да сме самосвесни за тоа зошто сме такви какви што сме и како што рече Карл Јунг: “Не можеме да смениме ништо освен ако не го прифатиме тоа“.
Магичноста на филмот се создаде кога Елса ја прифати нејзината слабост, се отвори кон другите и ја отклучи својата вистинската сила. Таа го прифати она што ја прави најмоќна од сите: нејзината способност да чувствува. На децата им покажа како полесно може да се прифатат себе а на возрасните им покажа како полесно да се поврзат. Додека децата ја гледаат хероината Елса како се бори со своите емоции, тие учат дека и тие можат да бидат херои дури и ако тие или нивните родители се справуваат со очекувањата од нивните деца.