ТРЕНИРАЈ ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН СО МАТЕЈ КОСТОВСКИ

Научи да работиш со програмите: Adobe Illustrator, Photoshop и InDesign! Графички дизајнирај и креирај логоа, постери, флаери, креативни карактери и многу важно – создади портфолио на сопствени проекти!

НИВО:

Почетен

ТИП:

Индивидуален

ЦЕНА:

14.400

БРОЈ НА ЧАСОВИ:

12

Графички дизајн

ЗОШТО Е ВАЖНО ДЕЦАТА ДА УЧАТ ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

Со тренингот по графички дизајн ги учиме децата како креативно да размислуваат и како визуелно да ги решаваат проблемите дадени пред нив. Овие способности подоцна ќе им помогнат на децата да развијат вештини со чија помош ќе можат да навлезат во психологијата на дизајнот и да можат послободно да се изразуваат. Во денешното време кога сме бомбардирани од реклами преку секој можен медиум, способноста за препознавање, но и изработка на квалитетен дизајн е од есенцијална важност за секој поединец. Изучувањето на теоријата и практичната работа со дизајнот ќе може да има секојдневна примена кај сите деца.

ЦЕЛ НА ТРЕНИНГОТ

Овој тренинг е динамичен и бара голема посветеност од детето, како и целосна поддршка на родителите во неговиот развој. Тренингов има за цел да ги научи децата да развијат креативно, визуелно размислување и да го променат пристапот на решавање на проблемите. Целта на часовите е да се навлезе во тематиката за дизајнот и истата да се примени од самите деца. По завршување на тренингот децата ќе ги владеат основните дизајнерски принципи за изработка на лого, постери, флаери, креативни карактери и ќе се стремиме кон тоа да создадат сопствено портфолио на проекти.

БЕНЕФИТИ ОД ТРЕНИНГОТ

Во програмот “МАЛИ И ВОЗРАСНИ ГЕНИЈАЛЦИ” децата се запознаваат со дизајнот, ги изучуваат сите програми потребни за нивно творење. Освен тоа се запознаваат и со теорискиот дел кој е од клучна важност при изработка на било каков проект. Придобивките кои децата ќе ги добијат се развивање на креативноста, критичко размислување, мотивација и слобода на изразување.

ОБЛАСТИ ОПФАТЕНИ СО ТРЕНИНГОТ

 

  • Основи на графичкиот дизајн. Преку работа на проекти, младите графички дизајнери ќе се стекнат со знаење и ќе развојат вештини за основите на графичкиот дизајн и користење на програмот Adobe Illustrator Pen Tool
  • Логоа и карактерен дизајн. Младите графичари ќе учат брендирање и пренесување на цртежот во Adobe Illustrator
  • Фотоманипулација и Дизајн. Младите графичари ќе ги совладаат основните принципи за работа со Photoshop, ќе дизајнираат постер и креираат различни фото-манипулации
  • Бизнис Дизајн. Младите ќе имаат прилика практично да работат на конкретни проекти за различни бизниси, ќе изработуваат различни дизајни за нив и ќе се запознаат со принципите на работа со програмот InDesign

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ ОВОЈ ТРЕНИНГ

Овој тренинг е наменет за сите млади и повозрасни индивидуи кои сакаат да ги совладаат основите на графичкиот дизајн. Пред почеток на програмот, тренерот прави индивидуално проценка за знаењето и стекнатото претходно знаење од областа, како и проценка на знаењето и стекнатите вештини за време и по завршувањето на тренингот. Учениците по графички дизајн добиваат пристап до снимени лекции согласно нивото на нивно знаење. По секој одржан час практично работат на дадените задачи, а менторот ги контролира во нивниот прогрес. На крајот од тренингот, учесниците се тестираат за нивото на стекнато знаење а потоа добиваат сертификат.

ПОНУДА НА ЧАСОВИ

Нудиме 1 (еден) тип на часови: Индивидуални часови
Понудата се состои од пакет од 12 часа тренинг (максимално време на користење се 6 месеци со една ОНЛАЈН средба на секои 14 дена) и проверка на стекнатото знаење секој 7 (седум) дена (вкупно 14.400 денари или 600 ден/час)

ЗАБЕЛЕШКА: Целата содржина на програмот за графички дизајн ќе биде доставен онлајн и ќе биде снимен претходно во облик на лекции по теми, а учесниците ќе имаат можност активно да учествуваат во истиот со помош на следниов начин:

  • онлајн снимените часови, преку примери, менторот дава целосно видео и аудио објаснување (со практични примери) за совладување на модулите. По секој час учениците добиваат домашни задачи кои е потребно во одреден временски период да ги изработат и редовно му ги праќаат за проверка на својот ментор
  • работа на конкретни проекти за различни бизниси, изработка на различни дизајни за нив и запознавање со принципите на работа со програмите Adobe Illustrator, Photoshop и InDesign.

ПОГЛЕДНИ БРОШУРА

ТРЕНЕР: МАТЕЈ КОСТОВСКИ

Костовски е дипломиран специјалист по 3Д анимација на Европска Филмска и Театарска Академија – ЕСРА Скопје. Работи  како тренер за графички дизајн во програмот “Мали и Возрасни Генијалци” и како мултимедиа артист каде што секојдневно соработува со локални и странски клиенти. Освен тоа има и добиено неколку награди на државни и интернационални филмски фестивали. Неговата пасија кон дизајнот и кон визуелната уметност, креативноста и енергијата која што ја поседува со сигурност ќе ја пренесе на секој студент кој што ќе работи со него.

Заинтересираните ученици за изучување на графичкиот дизајн, како и за продлабочување на своите знаења и развивање на визуелна и логична интелигенција, може да стапат во контакт со него со избор на понуда