ТРЕНИРАЈ ХЕМИЈА СО МАРИНА СТОЈАНОВСКА
Научи зошто хемијата има своја магија! Разбери ја целата материја, како е направена од хемикалии и како со истражувачки постапки можеш да решаваш и проучуваш проблеми.
Научи зошто хемијата има своја магија! Разбери ја целата материја, како е направена од хемикалии и како со истражувачки постапки можеш да решаваш и проучуваш проблеми.
Почетен
Индивидуален/Групен
Индивидуален
500-12.000
600-14.000
1-24
1-24
Во нашиот секојдневен живот, хемијата е насекаде – храната што ја јадеме, облеката што ја носиме, куќата во која живееме, транспортот што го користиме, лекот што го земаме кога сме болни, огнот што го користиме за готвење итн. Се очекува научните достигнувања да го олеснат животот и да го направат светот подобро место за живеење.
Хемијата има своја магија. Хемијата е природна наука која во својата основа го има научниот метод, применува истражувачки постапки кои ни овозможуваат решавање на проблеми, развој на критичко мислење, ослободување на нашата креативност и донесување одлуки, како лични така и одлуки значајни за заедницата во која живееме.
Се очекува дека овој тренинг ќе ја засили љубовта кон хемијата кај децата преку примена на иновативни наставни методи и практична (експериментална) работа. Со меѓусебен договор, менторите ќе ги водат децата низ тајните на хемијата и понатаму ќе го развиваат нивниот талент („хемиската интелигенција“), како и многубројните вештини потребни во секојдневниот живот.
Хемијата е експериментална наука и токму хемиските експерименти ја даваат најголемата убавина на ова природна наука. Изучувањето на хемиските концепти и изведувањето на хемиските експерименти нѐ учат:
Овој тренинг е наменет за сите талентирани и заинтересирани ученици од основните и средните училишта.
Нудиме 2 типа на часови:
Индивидуални часови
1. пакет од 24 часа (максимално време на користење е едно полугодие со минимум една средба седмично од два часа) за помош при совладување на редовната настава по хемија од основно и средно образование (вкупно 12.000 денари или 500 ден/час)
2. блок часови (два часа) по потреба на ученикот за совладување на редовна настава по хемија од основно и средно образование (800 денари/блок часови)
Групни часови
4. блок часови (два часа) по потреба на група од максимум три ученици за совладување на редовна настава по хемија од основно и средно образование (700 денари/блок часови
ХЕМИЈА: Професор Марина Стојановска
Менторката Стојановска е професор на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Вклучена е во едукација на студенти – идни наставници по хемија и работи со талентирани ученици при подготовката на учениците за Меѓународната олимпијада по хемија (IChO) и Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO). Со неа децата ја учат хемијата по различни методи на истражување, но и по методот на проба и грешка, често пати стануваат силно едуцирани истражувачи кои се конкурентни на странскиот пазар, развиваат критичко размислување и трпеливост, одлично анализираат и набљудуваат.
Како член на Институтот за хемија, од 2005 година, освен нужниот професионален ангажман, учествувала во голем број активности наменети за популаризација на природните науки кај ученици, работа со талентирани ученици, како и со активности насочени кон професионалниот развој на наставниците. Некој од нив се: манифестацијата Ноември – месецот на науката, хемиски спектакли, Меѓународна олимпијада по природни науки, натпревари по хемија за ученици од основното и средното образование, семинари за наставници по хемија, работилници и обуки за наставници по природни науки итн. Автор е на две збирки по хемија и голем број едукативни игри. Со сите овие активности проф. Стојановска ги поттикнува креативноста и инвентивноста, а знаењето го подига на едно повисоко ниво.