ТРЕНИРАЈ ХЕМИЈА СО ВЛАДИМИР ПЕТРУШЕВСКИ – ФИЛИ
Научи зошто хемијата има своја магија! Разбери ја целата материја, како е направена од хемикалии и како со истражувачки постапки можеш да решаваш и проучуваш проблеми
Научи зошто хемијата има своја магија! Разбери ја целата материја, како е направена од хемикалии и како со истражувачки постапки можеш да решаваш и проучуваш проблеми
Почетен
Напреден
Индивидуален/Групен
Индивидуален
500-12.000
600-14.000
1-24
1-24
Во нашиот секојдневен живот, хемијата е насекаде – храната што ја јадеме, облеката што ја носиме, куќата во која живееме, транспортот што го користиме, лекот што го земаме кога сме болни, огнот што го користиме за готвење итн. Се очекува научните достигнувања да го олеснат животот и да го направат светот подобро место за живеење.
Хемијата има своја магија. Хемијата е природна наука која во својата основа го има научниот метод, применува истражувачки постапки кои ни овозможуваат решавање на проблеми, развој на критичко мислење, ослободување на нашата креативност и донесување одлуки, како лични така и одлуки значајни за заедницата во која живееме.
Се очекува дека овој тренинг ќе ја засили љубовта кон хемијата кај децата преку примена на иновативни наставни методи и практична (експериментална) работа. Со меѓусебен договор, менторите ќе ги водат децата низ тајните на хемијата и понатаму ќе го развиваат нивниот талент („хемиската интелигенција“), како и многубројните вештини потребни во секојдневниот живот.
Хемијата е експериментална наука и токму хемиските експерименти ја даваат најголемата убавина на ова природна наука. Изучувањето на хемиските концепти и изведувањето на хемиските експерименти нѐ учат:
Овој тренинг е наменет за сите талентирани и заинтересирани ученици од основните и средните училишта.
Нудиме 2 типа на часови:
Индивидуални часови
Групни часови
Менторот Петрушевски е професор на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Вклучен е во едукација на студенти – идни наставници по хемија; работи и со талентирани ученици при подготовката на учениците за Меѓународната олимпијада по хемија (IChO) и Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO). Со него децата ја учат хемијата по различни методи на истражување, но и по методот на проба и грешка, често пати стануваат добро едуцирани млади истражувачи кои се конкурентни на странскиот пазар, развиваат критичко размислување и трпеливост, одлично анализираат и набљудуваат.
Проф. Петрушевски дипломирал во 1978 година на Хемискиот факултет во Скопје, како студент на генерацијата и како најдобар дипломиран студент по хемија во изминатите десет години. Се посветил на изучување на физичката хемија, поспецијално на молекулската спектроскопија. Во вториот дел од неговата кариера, целосно се посвети на проблеми од наставата по хемија, поспецијално хемиското експериментирање.