ИСТОРИЈА НА EQ

Според д-р Големан, сѐ почнало еден летен ден кога двајца професори: “Џон Мајер и Питер Саловеј ја измислија оваа област”, објаснува Големан, “додека разговарале за политика и фарбале куќа”.

Саловеј (сега претседател на Универзитетот Јеил) и Мајер (сега професор на Универзитетот во Њу Хемпшир) зборувале за нивното истражување за разбирањето на емоциите и почнале да дискутираат за некој политичар. Зачудено се прашувале: Како може некој толку паметен човек да се однесува толку глупаво? Нивниот заклучок е: Донесувањето на паметни одлуки бара повеќе од интелект кој е мерлив со традиционалниот IQ.

Низ еволуцијата на човекот, емоциите се тие кои му помогнале на нашиот вид да преживее. Уште кога човекот живеел во пештера, особено кога се соочувал со закана да преживее или награда за опстанок, пештерскиот човек морал да развие брзи реакции. За да не стане лесен плен на животните, човекот фокусирано ги набљудувал однесувањата на животните и околината и така ja збогатувал сопствената свесност за потребни реакции. Со свесност човекот развивал вештини. Развивајќи свесност што му е потребно за да преживее, почнал да создава алати (копја, разни сечива) кои ги користел како продолжени раце и нозе за полесно да лови и ги одбрани животот и територијата во која делувал. Инстинктивно, реакциите ги манифестирал преку говор и однесување. Тоа се истите реакции со кои денешниот модерен човек во 21ви век комуницира, донесува одлуки, гради врски, превзема одговорност и акции.

Цивилизациски гледано, емоционалните реакции се кодирани во нашите гени и затоа човекот има инстинкт да преживее уште од првите мигови на создаден живот во утробата на мајката. Во зависност од околностите, нашите индивидуални инстинкти може малку да се разликуваат едни од други, но најчесто тие се универзално слични кај сите луѓе. Научно постојат докази дека кодираните емоционални реакции и развиени инстинкти се слични и кај преостанатите живи видови (животни, растенија, повеќе клеточни организми, вируси…).

Затоа, ајде да ја развиваме вашата емоционална интелигенција, да ја осветлиме вашата само свесност и да ја зајакнеме вашата волја. Време е за позитивни промени!

Останати статии

ЕМОЦИОНАЛНАТА  ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
И УСПЕХОТ!

Каде сте вие на овој графикон?
Каде сакате да бидете?

За да ги развивате клучните фактори за успех,
придружете се на нашите тренинзи во
www.mvg.mk и започнете со практично учење и
развивање на вашите таленти и вештини за
емоционална интелигенција