ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ
Донесувањето на одлуки е животна вештина и процес кој се учи и може да е клучен во развојот на самодовербата и критичкото размислување на детето.
Донесувањето на одлуки е животна вештина и процес кој се учи и може да е клучен во развојот на самодовербата и критичкото размислување на детето.
Времетраење за читање 4 минути
Јуни 2021
Со оваа вештина децата, полесно развиваат само одговорност и учат како да проценуваат различни типови на личности според начинот на кој донесуваат одлуки.
Ви се случило ли некогаш да сте во продавница со дете и љубезно да го замолите да одбере што сака?
Можеби искуството ви наликуваше на “ваѓање заби”! Замислете, децата пред себе гледаат долги полици преполни со чипсови, бонбони, колачиња, светкави играчки и сите тие како да ги предизвикуваат дечињата: “Земи ме, многу сум шарено и интересно!” А вие, од друга страна, сакате да ги насочите да изберат поздрава храна, но не можете да ги задржите пред тој штанд?
Шега на страна, но оваа одлука може да е тешка и за децата и за родителите.
Да се биде неодлучен за грицки, е една работа. Но на дневно ниво, децата треба да научат да донесуваат широк спектар на одлуки како што се избор како да се однесуваат, со кои пријатели да поминуваат време или каква облека да носат.
За децата, донесувањето на одлуки е вредна животна вештина. Како што стареат, така и одлуките кои ги донесуваат стануваат сè покомплицирани. На пример, некои деца треба да одлучат на кој факултет сакаат да студираат, дали воопшто сакаат да одат на факултет или кој кариерен пат да го изберат.
Кога децата ќе го научат процесот и чекорите во донесувањето на одлуки, тогаш тие ќе можат полесно и поодговорно да донесуваат одлуки, а штом научат да ја применуваат оваа вештина, ќе бидат подготвени да донесат големи одлуки кои ќе влијаат на нивната иднина.
Донесувањето на одговорни одлуки не секому му доаѓа природно. Оваа вештина треба многумина да ја научат. Најчесто постојат три типови на луѓе кои донесуваат одлуки. Тие се:
Децата кои паѓаат во стапицата „Не донесувам одлука“ наместо самите, им дозволуваат на другарчињата, или на некој возрасен кому му веруваат, да донесува одлуки за нив. Наместо да донесуваат свои одлуки, тие им дозволуваат на другите да им кажат што да прават.
Ова често пати се случува, затоа што децата се плашат дека ќе донесат погрешна одлука. Тие се сомневаат во себе и бараат друг да одлучат за нив. Децата кои спаѓаат во категоријата: „Не донесувам одлука“, треба да се потсетат дека: Во ред е да прават грешки. Правењето грешки им дава можност да учат и растат.
Предвремените одлуки се случуваат кога децата донесуваат одлуки без да направат соодветна анализа на ситуацијата. Тие не ги разгледуваат последиците од нивните постапки и реагираат на она што се случува.
Постојат моменти кога донесувањето предвремени одлуки е во ред. На пример, кога правите избор помеѓу чипс и јогурт. Тоа не е одлука која ќе им го смени животот на повеќето луѓе (секако, освен ако имате алергии на храна или проблеми со исхраната). Општо земено, изборот помеѓу двете намирници не бара да ги одмерите добрите и лошите страни. Не е одлука за која треба длабоко да размислите.
Сепак, ако донесете предвремена одлука за тоа каде сакате да студирате, тоа не е добра идеја. Пред вас постојат многу можности и опции кои треба да ги разгледате. Факултетот е инвестиција за која сакате да сте сигурни дека е најдобриот избор за вас.
Децата кои се склони на донесуваат предвремена одлука ќе им биде корисно да научат како да застанат, направат пауза и да размислат пред да преземат нешто.
Одговорните одлучувачи размислуваат за последиците од нивните постапки и за последиците од одлуките кои ќе влијаат на нив и на луѓето во нивните животи.
Многу е важно децата да научат да донесуваат самостојни одговорни одлуки.
Понекогаш на децата им треба водство од возрасни личности од доверба кои ќе им помогнат за да направат добар избор. Сепак, ќе дојде време кога треба да се потпрат на себе за да го направат вистинскиот избор.
Затоа е корисно децата да ги знаат чекорите во процесот на донесување одлуки.
Извор на информации: kiddiematters.com