ВЕБИНАР СО БОРИС ЈАНКОВСКИ
Како да го развиеш своето хоби во кариера?
Практични совети од Борис Јанковски – успешен инжењер, човек чии резултати и дела македонското образование треба да ги изучува од основно до високо образование.
Како да го развиеш своето хоби во кариера?
Практични совети од Борис Јанковски – успешен инжењер, човек чии резултати и дела македонското образование треба да ги изучува од основно до високо образование.
Време траење на текстот: 7 минути
Изразуваме голема благодарност до почитуваниот Борис Јанковски кој се вклучи на нашиот вебинар: “Како да го развиеш своето хоби во кариера” и искрено ги сподели своите лични искуства со нашите талентирани натпреварувачи.
Борис Јанковски е роден во Прилеп а дипломиран машински инжењер во Белград. За својата успешна работа има добиено многу меѓународни признанија, а својата кариера ја посветил на развој на технологија за производство на нова генерација уреди за аеросолно гасење на пожар со нетоксичен гас за луѓето и човековата околина. Истовремено развил уште неколку технологии меѓу кои: технологија за модификација на време (одбрана од град и стимулација на дожд), технологија за добивање на енергија од алтернативни извори на енергија кои успеваат на нашето поднебје (посебно семето од тутунот кое не се користи за други намени, а може да се искористи за добивање на биодизел гориво и храна за пилиња и риби), технологија за развој на термопластични композитни ракетни горива.
Слика 1. Опрема за производство на биодизел
МВГ: Што би ни препорачале, како да почнеме да го развиваме хобито во кариера?
ЈАНКОВСКИ: Времето тече брзо кога хобито го претворате во кариера, живеете творечки набој и трепет, поготово ако околу вас имате истомисленици околу идеата, побрзо ќе стигнете до целта.
На овој пат често сте сами. Најтешкиот проблем е како ќе ја реализирате сопствената идеја. Потребни ви се финансиски средства, потребни ви се лабораториски услуги да ги докажете свите идеи, потребно ви е совет од искусни и добронамерни луѓе кои со своето искуство ќе ви помогнат да го направите тоа што сте го смислиле. Ама пред се, потребна ви е упорност.
Кога имате некое хоби, настојувате да ги продлабочувате знаењата за истото, дури и подлабоко од она што стандардно се учи. Луѓето кои имаат хоби понекогаш знаат да навлезат посуштински во тоа нешто, одколку професионалците што се занимаваат со таа проблематика. Никако не треба да се запре само на стандардното, основно учење.
Слика 1. Системски генератор за гас
МВГ: Колку редовното образование ни помага во донесување на голема животна одлука – Избор за најсоодветна кариера?
ЈАНКОВСКИ: Целта на образованието е да стекнете искуства и начини на размислување, да научите како да ги решавате проблемите околку вас. Учењето е дел од нашата иднина, не се препуштајте на судбината туку размислете како животот ќе ви биде интересен утре кога ќе се занимавате со она кон што сте се определиле. Задоволството да го работите она што го сакате е незаменливо!
Пред се треба да научите да размислувата ,,вон боксот”, односно ако решавате некој проблем кој некој не успеал да го реши по стандардните патишта, ако вие појдете по истиот пат сигурно нема да го решите. Решението побарајте го со примена на ,,нестандарден,, пристап во решавање на проблемите.
Тоа ќе биде вашата најголема предност.
МВГ: Како да знаеме дека нема да згрешиме ако сами направиме избор на кариера, ако не ги послушаме советите од околината?
ЈАНКОВСКИ: На патот кон успехот, нормално се соочуваме со критики. Некои тоа ќе го прават поради личната несигурност или страв да не се погреши, некои нема да ја сватат вашата идеа па ќе ја изразат својата недоверба, но и ќе наидете и на критики кои многу тешко му паѓаат на човек. Можеби ќе сфатите дека сте погрешиле, со едните. А другите храбро ќе ги издржите. Мора да научите како да опстоите и да не скршнувате од патот кој води кон целта. Ако сте потврдиле дека вашата идеја и цел се исправни – мора да најдете сила во себе и да опстанете. Да ја најдеме силата во себе значи да бидеме посилни од волјата на критикувачите.
Колку луѓето се спремни да навлезат во нештото што го сакаат, покажува колку истите одбиваат околината да им влијае спротивно на тоа и да ги обесхрабри.
Многу често ние луѓето го губиме фокусот од работата. Потребно е да направиме селекција на она што ни е најбитно. Концентрацијата треба да ни биде толку силна колку што и целта треба да ни биде јасна. Ако вашата цел е јасна, било какви отскокнувања кои понекогаш и морате да ги направите во животот, нема да ве оттргне од вашата определба и крајна цел.
Слика 3. Опрема за производство на биодизел
МВГ: Што ако не можеме да обезбедиме финансиска поддршка за кариерно усовршување?
ЈАНКОВСКИ: Кога сте убедени и со полно срце верувате во својата определба, нема потреба да стравувате да побарате помош од разни фондови кои подржуваат иновации во општеството, но можно е да најдете подршка и во поединци кои можеби поминале на истиот пат и можат да препознаат вредност во вашата идеа.
Една работа не смеете да заборавите, мора да се потрудите вашата идеа убаво да ја раскажете, претставите со краток текст или слики за да може да ве разбере и оној кој можеби и не во областа која вие ја претставувате.
Нема никој да ви верува на вашите добри намери и идеи, поготово денес кога се може да се провeри дали постои нешто слично, или и ако постои – во што е бенефитот кој вие го предлагате.
МВГ: Што би ни препорачале како најважно во развојот на хобито во кариера?
ЈАНКОВСКИ: Никогаш не ја испуштајте улогата која ви припаѓа, морате вие да бидете локомотивата која оди напред, а во вагоните сместете ги вашите подржувачи и добронамерни следбеници.
Бидете амбциозни, бидете упорни и одлучни, бидете храбри.
Пред се верувајте во себе и на тие околу вас.
Задоволството од работата која сами сте си ја смислиле и реализирале ќе биде преголемо, ќе ве направи задоволен и среќен човек.