КАКО ДА ЗАСТАНЕМЕ НАСПРОТИ НАСИЛСТВОТО

Како се всадува првото семе на омраза кон себе? Зошто патот за развој на самодовербата е долг и што треба да направиме за да ја развиеме самодовербата на малтретирано дете?

Времетраење за читање 5 минути
Јуни 2021

Насилството расте. А да се биде малтретиран боли … Но, запамтете: Може да биде подобро!

А децата кога се на училиште многу пати сведочат на насилство врз некое другарче, или пак се лично малтретирани од други ученици во или надвор од класот. Овие непријатни искуства можат силно да влијаат врз социо-емотивниот развој на детето и да направат емотивни трауми кои се провлекуваат низ животот. Ако детето не научи како да се справи со вакви искуства, постои опасност да продолжи да се “препознава” во односот жртва – насилник и да му се повторуваат вакви искуства се додека не научи како да застане наспроти насилството.

Насилството меѓу малолетниците може да се случи насекаде: на улица, надвор од игралиште, за време на часовите, во теретана. Детето насилник често пати се наметнува како лидер на група деца кои му се потчинуваат на неговата волја и послушно го следат во насилството. Како награда “ја користат” моќта која лидерот им ја овозможува со победа над другите. А кога детето насилник успева во заплашување на другите, чувствува радост и верува дека успеало во својата цел.

Кога детето жртва се соочува со детето насилник, доживува силно и побрзо чукање на срцето, рацете ги чувствува несигурни и разнишани, се плаши да остане на само со насилникот или групата на деца кои го исмејуваат и малтретираат. Самодовербата му се намалува, а тоа чувствува срам поради тоа што непријатната сцена може да ја видат други деца и да го обвинуваат за кукавичлук. А тоа е продолжение на агонијата. Овие деца најчесто се исмејувани поради нивниот изглед, финансиската моќ на нивните родители, бројот на пријатели и трпат секакви навреди кои може да ја вкочанат и уплашат нивната личност.

КАКО СЕ ВСАДУВА ПРВОТО СЕМЕ НА ОМРАЗА КОН СЕБЕ

Поради срамот и стравот кој го чувствуваат, често пати децата врз кое постојано се извршува насилство не зборуваат за тоа со околината, поради тоа што наставниците или родителите не покажуваат заштитнички интерес или тоа го прават без ефект. Ако детето кое било малтретирано подолг период не добие соодветна емотивна поддршка и грижа, голема е веројатноста дека ќе почне самото да се обвинува себе си и ќе почне да создава уверувања дека заслужува да биде малтретирано, дека го заслужува тоа што го добива.

Иако детето сака да може да им каже на своите наставници и родители дека често е малтретирано, тоа на почетокот може да ја споделува својата болка со нив. Но ако на подолг рок се покаже дека возрасните се типови кои не ги вреднуваат и не ги потврдуваат детските чувства, врз основа на искуствата од минатото, детето создава социо-емотивна слика дека возрасните ќе ја тривијализираат целата голгота. Затоа, кога детето е ранливо, најчесто избира да не ризикува да им каже на возрасните што му се случува. Детето избира да одбегне да се чувствува полошо.

Искуства со насилници, на децата им оставаат отворена рана и во наредните години. Долго време ја доведуваат во прашање нивната вредност и децата премногу се обидуваат да компензираат, со тоа што, со тек на време стануваат перфекционисти или тешки карактери. По секој доживеан неуспех, во својата глава тие повторно јасно и гласно го слушаат гласот на насилниците како ми кажува колку се безвредни, грди или глупави.

НЕГАТИВЕН РАЗГОВОР ЗА СЕБЕ

Ако малолетните деца кои се жртви на насилство не успеат да се соочат со доживеаната болка и ако продолжат со негативниот разговор сами за себе, може да се полнолетни и запишани на факултет но тие сеуште ќе продолжат да се самосожалуваат, како што стероидите ги пумпаат мускулите на телото. Повторно и повторно во својата глава ќе ја повторуваат секоја лоша, само омаловажувачка изјава на детето насилник од детството. По некое време, нема да го слушаат нивниот глас како раскажува со негативност, туку сега тој глас станува нивен. Почнуваат да го поседуваат тој идентитет и, може да се случи да не го одберат факултетот или работата која ја сакаат затоа што си размислуваат: “Не сум доволно добар/добра за да го направам тоа”.

ДОЛГИОТ ПАТ ЗА РАЗВОЈ НА САМОДОВЕРБА

За да се смени негативниот глас во глава, за да се променат подсвесните обрасци и најдлабоките емотивни уверувања за себе, потребни се храброст и напорна работа на себе. Понекогаш луѓето поминуваат долг пат додека се развијат од несигурна личност со ниска самодоверба, во личност со силна самодоверба. Сепак, може да станат родители или да доживеат длабока старост, а во себе сеуште да ги слушаат одекнувањата на гласот на насилникот. Среќни се ако имаат поддршката од својот брачен партнер, деца, пријатели кои сакаат секој ден да им помогнат да го видат најдоброто од себе. Тие поддржувачи се свесни личности кои им помагаат на овие деца да го слушнат гласот на љубовта и да не му дозволат на багажот од минато да тврди дека е нивна судбина.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА ТРЕНИНГ ЗА РОДИТЕЛИ

На нашиот тренинг за спротивставување на насилството, родителите ќе научат како да ги разберат однесувањата на своите деца и како да ги поддржат во социо- емотивното справување со насилството врз нив.

Тренингот е динамичен и родителите учесници преку игри и дискусија ги разработуваат следниве теми:

  1. Зошто малтретирањето не се заборава. Децата не забораваат насилство, само затоа што се деца. Децата кои се малтретирани се деца кои врз себе доживеале емотивно – физичко насилство и постои опасност насилството да го прифатат како “заштитна маска”, како свој стил на однесување. Нема зборови кои точно може да ја соберат и опишат болката кога некој постојано ги тепа физички или вербално. Затоа им треба поддршка во справувањето во насилството.
  2. Колку зборовите болат … а болат многу. Тие кои биле жртви на насилство, повеќе посакуваат да примиле храбро удар во стомак отколку повторно и повторно да слушаат зборови за тоа колку се безвредни, глупави, небитни… Болката од ударот ќе избледи, но болката од зборовите останува длабоко врежана во тоа што мислат дека се.
  3. Како да создадеме отворена комуникација. Родители, ве охрабруваме да разговарате со своите деца и да одржувате отворена комуникација со нив. Зборувајте со нив за било што. Колку повеќе разговарате со нив за тривијални работи, толку е поголема веројатноста дека и тие ќе разговараат со вас кога ќе бидат во неволја. Ако изградите отворен и доверлив однос со нив, тие ќе се чувствуваат доволно пријатно за да ви кажат што им се случува кога се беспомошни.
  4. Како да се биде оптимист и негува надеж. Ако познавате личност која е малтретирана, кажете и да и се обрати на личност на која и веруваат, нека и раскажат што им се случува. Во тешките моменти, жртвата на насилство треба да добие поддршка и да зајакне за да не продолжи да гори во огнот на насилство. Потребно е да научи како да му се спротивстави на насилството и да не губи надеж. Колку и да се големи повредите во моментов, има техники кои може да се применат за да стане подобро.