КАРИЕРНО НАСОЧУВАЊЕ

Што му е потребно на човекот за да се движи и развива вo посакуван правец? Што се случува за време на нашето основно и средно образование, доколку не дознаеме кои се нашите интереси и во која насока сакаме да се развиваме?

До денешен ден, часовникот и компасот се едни од најкорисните инструменти кои ги измислил човекот. Со часовникот го мериме времетo, а компасот ни дава ориентација во просторот каде што се наоѓаме. И покрај помошта од овие инструменти, на човечкиот мозок му е тешко да замисли нешто на кое претходно не бил изложен, (како на пример 4тата димензија), затоа што животот на земјата функционира во трета димензија. На човекот му се потребни и сетилата, за да со нивна помош може да се увери во постоењето на нештата, за да создава 3Д слики во својот мозок.

Низ времето човекот развил способност да планира цели, предвидува резултати, анализира можности и опасности. Чувствувал постојана страст за откривање нови нешта и создавал иновации. Поради неговата способност да учи, човекот еволуирал, станал супериорно суштество на планетава и кариерно напредувал.

Што се случува за време на нашето основно и средно образование, доколку не дознаеме кои се нашите интереси и во која насока сакаме да се развиваме?

Гледајќи ја големата слика, имаме две можности.

  1. Ако не го развиеме “внатрешниот” компас и часовник, ќе се однесуваме незаинтересирано за својот кариерен прогрес и ќе им се препуштиме да влијанијата на околината, а тековните популарни професии да одредат во која насока ќе ја развиваме кариерата. Слично како да сме изгубиле ориентација во простор и време.
  2. Ако самостојно и со поддршка на околината инвестираме во својата оригиналност, ги следиме своите интереси и свесно ги истражуваме можностите за наш кариерен развој, тогаш нашата мотивација и желба да учиме ќе растат. Тогаш интересите стануваат фокус на интерес, а ние ќе ја развиваме својата уникатност и вредност. Би имале јасен видик која е нашата кариерна дестинација.

ШТО ЗНАЧИ КАРИЕРНО НАСОЧУВАЊЕ

Кариерното насочување е процес кој ја одредува насоката во која се движи кариерата и животот на еден човек. Насочувањето има слична функција како компасот. Тоа е дизајнирана програма за информирање и развој на поединците кои треба да направат избори за своето образование и занимање. Едноставно кажано, тоа е патување на кое луѓето се развиваат за да донесат зрели и информирани одлуки. Тоа е патоказ на патот, начин на барање совет.

Кариерното насочување на младите им помага да се стекнат со потребните знаења, информации, вештини и искуства за да ги идентификуваат опциите за својата кариера, и како во инка, да ги селектираат изборите на помал број со цел од потесниот избор да донесат една одлука. Донесувањето на одлука за избор на кариера е многу важна, затоа што влијае врз нивното понатамошно социјално, финансиско и емоционално добро.

КОЈ ИМА ПРИДОБИВКИ ОД КАРИЕРНО НАСОЧУВАЊЕ

УЧЕНИЦИ ВО 8мо И 9то ОДДЕЛЕНИЕ

Ова е вистинско време за младите основношколци да почнат со правилно насочување и развој на нивни склоности во таленти. На таков начин ќе одбегнат многу забуни со кои може да се соочат при мапирање на целите во кариерата. Напомена, кариерното насочување и проценка на таленти кај учениците талентирани за музика, уметност и спорт, почнува од многу помлада возраст.

За оваа возраст, како поддршка во проценката ја препорачуваме алатката Brain Discovery Profile (поврзи линк со текстот B2) и избор на ментор.

УЧЕНИЦИ ОД 1ва ДО 4та ГОДИНА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Ова е период во кој средношколците почесто се соочуваат со прашања за избор кариера и затоа е важно да одговорат на прашања поврзани со изборни насоки на кои сакаат да учат. Ние ви нудиме повеќе од стотици избори и можности за нивниот развој, а за да бидете сигурни дека целиот процес е избор на вистински опции за кариера, важно е да побарате водтсво од информиран и искусен ментор (водич за кариера).

За поддршка и правилен избор на кариера, ви ги препорачуваме алатките Brain Talent Profile и Brain Brief Profile и избор на ментор.

СТОДЕНТИ КОИ ОДАТ НА ФАКУЛТЕТ / ПРОФЕСИОНАЛНИ РАБОТНИЦИ

За луѓето кои веќе донеле одлука и направиле избор на кариера, а сакаат да постигнат максимални резултати и да се развиваат, им препорачуваме ментор кој ќе ги информира за најдобрите можности за развој на кариера и искуствено ќе ги запознае со начините како да го направат најдоброто во полето кое го избрале. Општо, луѓето прават погрешни избори на кариера затоа што го одбрале погрешниот пат. Тие разбираат дека избраната кариера не е за нив, или дека избраната кариера не им е доволно силна за да ги задржи мотивирани и возбудени во текот на нивниот професионален живот.

За поддршка во правилно насочување во кариерата, во оваа фаза ги препорачуваме апатките Brain Talent Profile, и Dashboard (поврзи линк со текстот B2) и избор на професионален коучер.

ДАЛИ ВИ Е ПОТРЕБНО КАРИЕРНО НАСОЧУВАЊЕ

Пред да донесат важни одлуки од животно значење, како правење на избор на кариера, луѓето се двоумат и се наоѓаат во состојба на дилема. Општо земено, за ваква одлука најчесто се бара совет од родителите и пријателите. Но бидејќи луѓетосе рационални индивидуи, тие секогаш сакаат да го добијат најдоброто за себе. По таа логика, кога се двоумите помеѓу неколку опции за избор на кариера или сакате да направите промена на сегашната кариера, ви препорачуваме да одберете ментор кој професионално ќе ве насочи и води во изборот на вашата вистинска кариера.

Нашиот тим на ментори ќе ви помогнат свесно да се информирате за опсегот на секој избор за кариера и ќе ви овозможи да го приширите хоризонтот на кариерни можности.

КОИ СЕ РИЗИЦИТЕ ОД ПОГРЕШНО НАПРАВЕН ИЗБОР НА КАРИЕРА

Постои голема разлика во последиците од навреме и правилно донесена одлука за избор на кариера и погрешно донесена одлука. На пример, ако некој работел 10 години како инжењер и свати дека тоа не е професијата која го исполнува и мотивира, помислете на оваа личност со колкав социјален, економски и емотивен товар секојдневно ќе се соочува. Добро е што човекот може секогаш да научи лекции и да прави позитивни промени во животот и кариерата.

Откако ќе ја открие својата вистинска страст во професијата и ќе се соочи со сосема нови можности, на човек му е потребно планирање и дискусии за да се запознае со рамките на новите можности. Потребно му е водство на искусен професионалец во таа област кој ќе му ги укаже опциите за професионален раст и развој. Во спротивно, може да продолжи да работи на сегашната професија.

ШТО ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ

Ако мислите дека вашето дете е талентирано, ви предлагаме најпрво да го запишете во програми за едукација “во живо” или во онлајн едукација преку Интернет. Друга опција е да го запишете на дополнителни групни часови (по училишните часови) кои ќе му го збогатат неговото знаење или индивидуални часови со ментор.

Програмот МАЛИ И ВОЗРАСНИ ГЕНИЈАЛЦИ ви ги нуди индивидуалните и групните програми со ментор, како и можност за проценка на ментални таленти и кариерно насочување.

ЗАТОА, МЕРЕТЕ ГО ТОА ШТО Е ВАЖНО

МАЛИ И ВОЗРАСНИ ГЕНИЈАЛЦИ го мери тоа што е важно – факторите кои го одредуваат успехот на детето. Со помош на алатките од Six Seconds ги мериме менталните таленти и EQ вештините на младите, а низ процесот на менторирање и коучинг сесии ги насочуваме однесувањата децата со цел да се развиваат во најдобар правец, согласно резултатите и нивните интереси. Со секоја алатка креираме извештаи кои нудат длабоки анализи, графикони и конструктивни совети за тоа КАКО да превземете мудра акција.