МАПА ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ
Фокусираниот пат во развојот на кариерата заштедува време, финансии и енергија.
Фокусираниот пат во развојот на кариерата заштедува време, финансии и енергија.
Учениците кои се плашат да ризикуваат, најчесто се држат до неколку кариерни опции – што е во ред, но ако не се сигурни во својот избор, може да се случи да станат жртви на дилемите и нивниот фокус да се менува. Како резултат на тоа, тие сами ќе проценат дека не го користат својот потенцијал и дека не го добиле најдоброто од себе. Во ваква ситуација, нашите ментори ви помагаат да го расчистите сомнежот и ве фокусираат на вашиот кариерен пат.
Откако ќе ја направиме Мапата за развој на кариера, вклучувајќи ги и вештините кои сакате да ги развиете, потребно е да се ангажирате и почнете да ги следите инструкциите за ваш развој, а не да ја гледате како слика или да ја оставите во некоја папка во компјутер. Постојат многу, но ние ви поедноставуваме два начини.
1. СО ПОМОШ НА ПРОАКТИВНОСТ. За да може успешно да ја користите вашата Мапа, е да бидете проактивни во нашиот програм и под водство на вашиот ментор.
Запамтете: За да се развивате професионално, треба да сте проактивни и одговорни.
2. СО ПОМОШ НА КРЕАТИВНОСТ. За да може успешно да ја користите вашата Мапа, потребно е да се зачлените во разни друштва, клубови, да учествувате на зимски и летни кампуси кои се соодветно место каде што ќе ги развивате потребните вештини и ќе учите од слични како вас.
Запамтете: Читањето книги на теми кои ве фасцинираат и пријавувањето на кратки курсеви ќе ве направат љубопитни и гладни за повеќе знаење.
Што треба да разберете? Дека секој патоказ ви открива дел од мистеријата која се обидувате да ја решите. Факт е, ако знаевте како да продолжите со проектот, немаше да ви е потребна креативност. Тогаш ќе го следевте рецептот, ќе го прочитавте упатството или ќе штиклиравте полиња. Креативноста е дисциплина која ја користите кога не знаете што да одговорите, кога патувате на непознати места и така, секоја грешка ве приближува до решението.
Во донесувањето одлуки потрудете се да го употребите “внатрешниот компас”, посебно кога треба да одлучите која кариера ќе ја одберете. Дали кариера која околината ве уверува дека е најдобра за вас, или ќе се одлучите за кариера која што вие ја сакате.
При донесување на оваа одлука може да се двоумат и децата со талент и учениците со високи постигнувања.
Учениците со високи постигнувања се оние кои добиваат добри оценки, се природни лидери и имаат добри вештини за управување со времето. Тие не мора да бидат талентирани, но добро се покажуваат на училишните испити, а понатаму тој успех им носи високо бодирање на приемните испити на факултет.
Децата со талент не се секогаш со “сите петки” и високи постигнувачи. Тие се покажуваат добро на тестовите за мерење на способност, но честопати овие деца имаат уникатни стилови на учење и може да ги немаат највисоките бодови за прием на факултет кој е нивен приоритетен избор за развој на кариера.
Затоа, направете приоритети и донесете одлука која најмногу ви носи внатрешен мир. Размислете дали најтешката е истовремено и најисправна одлука. Инвестирајте во вашата уникатност и креирајте вредност кои ќе ви донесат социјални, финансиски и емотивни добра.
Знаењето е моќ, но знаењето е и профит. Тоа е патот до создавање на вашата вредност.