ЗОШТО ТРЕБА ДА УЧИМЕ МАТЕМАТИКА?
Има многу причини зошто да учиме математика, а дел од нив се следниве:
- Учењето математика е добро за вашиот мозок
Математичкото размислување е многу повеќе од аритметика или решаваwe проблеми со алгебра. Тоа е посебен начин на гледање на нештата, поедноставување на сложените проблеми во помали и полесно решливи проблеми, без разлика дали се нумерички, структурни или логички. И ако не сакате да продолжите да студирате математика, математиката ќе ви помогне да БИДЕТЕ што е можно подобри по вашата насока.
- Математика е универзален јазик, математиката е јазикот на универзумот

Секако, претежно e со равенки, броеви и некои грчки букви, но математиката се разбира буквално истo низ целиот свет. Математичката равенка не треба да се преведува на друг јазик за да може да ја разбере некој од другата страна на планетата. Математичките закони не се менуваат затоа што некој зборува различен јазик од вашиот. Иако некои од древните цивилизации се одамна исчезнати, ние можеме да го разбереме нивниот математички систем кој ни помага да го разбереме светот во тоа време.
БЕНЕФИТИ НА ПРОГРАМОТ

- Целосна едукативна поддршка на учениците од основно и средно образование по математика при изучувањето на редовната наставна програма
- Подготовка на талентирани ученици за учество на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари по математика
ПОНУДА НА ЧАСОВИ

ЗАБЕЛЕШКА: Целата содржина на програмот за математика ќе биде доставен во живо и нема да биде снимен претходно во облик на лекции, а учесниците ќе имаат можност активно да учествуваат во истиот. Нудиме две опции:
- регуларни тренинзи за ученици кои се подготвуваат за учество на натпревари по математика
- тренинзи за ученици на кои им треба помош за совладување на наставната програма по математика во склоп на основните и средните училишта
Индивидуални часови

- пакет од 24 часа (максимално време на користење е едно полугодие со минимум една средба седмично од два часа) за помош при совладување на редовната настава по математика од основно и средно образование (вкупно 12.000 денари или 500 ден/час)
- пакет од 24 часа (максимално време на користење е едно полугодие со минимум една средба седмично од два часа) за совладување на наставната програма што се тестира на натпреварите по математика за основно и средно образование (вкупно 14.400 денари или 600 ден/час)
- блок часови (два часа) по потреба на ученикот за совладување на редовна настава по математика од основно и средно образование (800 денари/блок часови)
Групни часови

- За група од три до осум ученици предложуваме пакет од 24 часа (максимално време на користење е едно полугодие со минимум една средба седмично од два часа) за совладување на наставната програма што се тестира на натпреварите по математика за основно и средно образование (10.800 денари или 450/час)
- За група од максимум три ученици нудиме блок часови (два часа) по потреба, за совладување на редовна настава по математика од основно и средно образование (700 денари/блок часови)
ПОГЛЕДНИ БРОШУРА