И покрај напорите истото да се отфрли, oва уверување е цврсто вкоренето скоро кај цела човечка популација (Hughes, Lyddy и Lamb, 2013). Темата на филмот Lucy (2014) беше токму овој мит, во кој со специјални ефекти се покажува што наводно би му се случило на човекот доколку користи 100% од својот мозок. Филмот е направен за да се оправда вербата во некои псевдо-научно физички сили и намерно се премолчува можноста на многу програми кои се дизајнирани за „да го ослободат“ неискористениот човечки потенцијал. Hughes, (2013) увидел дека оваа заблуда (понатаму се нарекува 10% мит) е една од најраспространетите заблуди помеѓу луѓето. Позагрижувачки е тоа што Dekker (2012) посочил дека 50% од професорите од основни и средни училишта во различни држави го одобруваат тоа тврдење – Митот 10%.

Постојат многу написи и видеа кои го разоткриваат овој мит и во популарните медиуми и од невролозите. Важно е да разберете дека денес научниците имаат софистицирана опрема која креира слики и ја следи функционалната активност и потенцијал на мозокот. Најпозната опрема е скенирањето PET (Позитрон Емисиона Томографија) и fMRI (Функционална Магнетна Резонанца). Овие техники кои сe почесто се користат во последните 25 години, револуционерно ги променија нашите размислувања и разбирања за функцијата на мозокот.
ОБЈАСНУВАЊЕ КАКО РАБОТИ PET СКЕНИРАЊЕТО
Кај позитрон емисиона томографија (PET скенирањето), радиоактивен изотоп или т.н трагач, се вбризгува во субјектот кој сакаме да го испитаме, во овој случај тоа е мозокот и најчесто е форма на глукоза. Радиоактивниот изотоп се метаболизира од страна на мозокот при што се емитуваат позитрони. Колку е поголема активноста на мозочните структури толку е поголема емисијата на позитроните. Ваквата емисија на позитрони е детектирана од страна на сензори кои работат на принцип на гама радијација при што компјутерот конструира тродимензионална слика на мозочната активност.
Слика 2. Доколку користиме 10% од нашиот мозок тогаш PET скенирањето ќе изгледа вака: Потоплите бои ја покажуваат активноста на мозокот. Плавите линии се черепот. Вие гледате во темето на овој човек

Синиот круг е черепот, а внатре обоениот ги покажува активните структури на мозокот. Голем дел од мозокот би бил темен поради неактивност. Но вака навистина не изгледа PET скен.
Слика 3. Вака изгледа PET scan на здрава личност: Д-р Џовани Дичиро, Оддел за невровизуелизација, Национален институт за невролошки нарушувања и мозочен удар

Целиот мозок е постојано активен дури и во период на спиење, регулирање, чувствување, планирање и дејствување. Важно е да знаете дека луѓето со дегенеративни нервни нарушувања како што се Алцхајмерова и Паркинсова болест, користат повеќе од 10% од својот мозок.
Ако сакате да истражувате повеќе за Студијата на случај на човек кој има само 10% од мозокот, побарајте го видео клипот во кој неврологот Мекдоналд го разоткрива митот, Мекдоналд (2016).
КАКО ПОЧНА ОВОЈ МИТ
Потеклото на митот 10% е нејасно, но некои луѓе го препишуваат на неразбирањето на изјава во една статија од Вилијам Џејмс (1907):
„Во споредба со она што треба да бидеме, ние сме само полубудни. Користиме само мал дел од сите можни ментални и физички ресурси со кои располагаме.“
Џејмс вели дека често пати чувствуваме дека не сме целосно полни со енергија, и физички и психички. Тој во никој случај не тврди дека користиме само мал дел од мозокот. Всушност тој набљудувал како манирите, социјалните норми и рутините не успеваат да ги активираат сите човечки ресурси. Јасно е, Џејмс не тврдел дека луѓето користат 10% од својот мозок а дека неговата изјава е во согласност со она што сега го знаеме за протокот на информации и нивно влијание врз нашето внимание.
ДРУГИ МИТОВИ ПОВРЗАНИ СО МОЗОКОТ:

- Луѓето имаат развиена само лева или само десна страна од мозокот.
- Амнезијата вклучува и заборавање на самиот себе.
- Развивањето на мозокот завршува во пубертетот.
- Кога спиеме мозокот е исклучен (заспан).
- Оштетувањето на мозокот доведува до трајно губење на функциите, особено кај постарите луѓе.
- Вежбањето на мозокот ја зголемува интелигенцијата.
- Функцијата на мозокот значително се намалува на постари години.
- Слушањето на Моцарт или музика од барокот помага при учење и зголемување на интелигенцијата.
Референции
Hughes, S., Lyddy, F., & Lambe, S. (2013). Заблудите во психолошката наука: Преглед, психолошко учење и настава по психологија, 12, 20-31. doi: http://dx.doi.org/10.2304/plat.2013.12.1.20
MacDonald, F. (2016). На овој човек му недостасува 90% од неговиот мозок и сеуште живее нормален и здрав живот. Business Insider. Данлодирано од http://www.businessinsider.com/missing-90-percent-of-brain-neuroscience-2016-7
William James (1907). Енергиите на човекот првпат објавени во „Наука“, N.S. 25 (No. 635), 321-332. http://psychclassics.yorku.ca/James/energies.htm
Извор: www.psychologicalscience.org