НАЧИН НА РАБОТА

Начинот на работата е важна карактеристика во структуирањето на личниот и социјален идентитет; градењето на семејни и социјални врски; нивото на активност, самодоверба, дневни рутини, физичка и ментална благосостојба.

1. ИДЕНТИФИКУВАМЕ ТАЛЕНТИ И ЈАКНЕМЕ ВНАТРЕШНИ КАПАЦИТЕТИ

  • Талентите ги идентификуваме во комбинација со индивидуална проценка на тренерот и научно потврдени мерења, т.е. електронски тестови кои се наменети за мерење на емоционална интелигенција, идентификување на умствени таленти и фактори за одредување на успешност.
  • Родителите на мејл ги добиваат резултатите од двете тестирања на децата во форма на Извештаи кои со текстуални и графички објаснувања ги водат во нивниот понатамошен развој.
  • Едукацијата ја спроведуваме со селектиран и искусен тим од професионални тренери кои во зависност од специфичните потреби на детето и степенот на развој на талентот работат преку индивидуални коучинг / групни тренинг сесии.

2. УЧИМЕ ПРЕКУ ИСКУСТВО И РАЗВИВАМЕ “ГОЛЕМА ИДЕЈА”

На учениците им помагаме да развијат “Голема идеја” и преку примери ги поттикнуваме да направат сопствен избор – да бидат врвен изведувач. Во процесот на едукација учениците учат како да развиваат здрава слика сами за себе со помош на доверба и чесност. Учат формула за врвни перформанси и ја разбираат важноста на комуникацијата со тим. Применуваме блендирано учење, т.е. комбинираме индивидуална работа со ментор и групна динамика во развојот на таленти и емоционална интелигенција.

3. ПОДГОТОВКИ ЗА НАТПРЕВАРИ И АПЛИКАЦИИ ЗА СТИПЕНДИРАНИ СТУДИИ ВО СТРАНСТВО

Децата кои покажуваат натпросечни таленти и способности, како и децата кои учествуваат на државни и меѓународни натпревари, ги подготвуваме да аплицираат за добивање на стипендии за студии во најдобрите Универзитети во државава и странство. Дополнително, ги препорачуваме на домашни и странски компании кои превземаат обврска да ги стипендираат талентираните млади за време на нивните студии а по завршување на студиите земаат обврска да ги вработат на договорен временски период.