НАЈЧЕСТИ ПРОБЛЕМИ КАЈ ТАЛЕНТИРАНИТЕ
Едукативниот програм за развој на таленти и емоционална интелигенција кај деца и млади до 18 години “Мали и Возрасни Генијалци” е долгорочен проект на EQ Excellence.
Едукативниот програм за развој на таленти и емоционална интелигенција кај деца и млади до 18 години “Мали и Возрасни Генијалци” е долгорочен проект на EQ Excellence.
Талентираните деца особено помладите, се соочуваат со училишна програма која им е досадна. Ако детето научило да чита течно пред да тргне на училиште, тогаш не може да очекувате од него дека почетното учење на букви ќе биде интересно за него затоа што тоа веќе го знае. Во некое блиско минато, децата кои во 1во одделение умееле да читаат, се соочувале со прекорувања од страна на наставниците а на нивните родители им било укажувано да прекинат да ги учат децата дома, затоа што во наставата тоа им сметало. Денес родителите се соочуваат со поемпатичен третман. Тешко е да се поверува дека покрај толкав избор на детски сликовници и литература во книжари, вашето 4 годишно дете нема да дојде во допир со книги кои му го привлекуваат неговото внимание.
Решение: Кога и да се во можност, интересот на надарените деца одржувајте го на високо ниво. Дозволете им на децата да работат со нивна брзина. Ако овие деца се принудени да работат со динамиката на останатите деца во класот, метафорично, тоа е како молзење на млеко но со брзина на коњска сила. Кога тоа се случува, децата се фрустрираат и почнуваат да манифестираат немирно однесување. Надарените деца кои се фрустрираат и не им се дозволува да работат со нивна динамика може да станат проблематични. Ако сте одговорни за нив, за ваше и нивно добро, помогнете им да останат заинтересирани.
За жал ако надарените деца се остават да работат со своја динамика, така се решава еден но се креира нов проблем. Многу набрзо другите деца ќе приметат дека надарените деца добиваат посебен третман од наставниот кадар. На пример, наставникот може да му дозволи на надареното дете да чита книга за диносауруси додека другите деца се трудат да научат самостојно да читаат. Децата приметуваат дека книгата со динаусуруси изгледа многу поинтересно од нивните книги и така почнуваат да се прашуваат зошто и тие немаат специјален третман. Тогаш наставниците им објаснуваат дека штом самостојно научат да читаат, тогаш и тие ќе може да читаат такви интересни книги.
Решение: Што поскоро соочете се со фактот дека надарените деца се поразлични од другите и тоа така ќе биде секогаш. Во животот учиме да ги прифаќаме сите видови на различности (боја на коса, кожа, карактер, национална припадност, спортски способности, вкус за музика, мода…) но исто така важно е да научите и високата интелигенција да ја прифатите како разлика. Во 21ви век повеќето луѓе прифаќаат дека е погрешно да имаме одбивен став кон нечија раса или кон дете со некаква попреченост. Нашето општество треба постепено и внимателно да го менува однесувањето кон различностите, иако прифаќањето на различности не значи дека ќе биде лесно.
Интелигентните деца најчесто имаат два начини на кој делуваат:
1. Супер концентрација: имаат способност моментално да се сконцентрираат (тогаш кога се доволно заинтересирани за тоа што го прават), и
2. “Ум на пеперутка”: Лесно се здосадуваат, многу се љубопитни и дозволуваат умот да им лета (така ја истражуваат целата наставна програма).
И двата начини имаат проблеми. Супер концентарцијата може да води до тоа детето да остане длабоко занесено во читање на книга, на друг час. Пример, на час по математика. Тогаш на наставниците им се потребни силни вештини за го убедат детето дека може да му биде корисно и интересно ако ја изучува целата наставна програма.
Синдромот “Ум на пеперутка” е позагрижувачки затоа што често наликува на АДХД (Attention Deficit Hyperactive Disorder). Оваа забуна понекогаш може да доведе до сериозни последици кога перфектно здрави деца се дозираат со стимулантот Риталин коој се користи за третирање на АДХД. Медицинските професионалци особено внимаваат да не се случи забуна или погрешна дијагноза. (Повеќе детали за проблемите од користење на Риталин, одете на страната https://breggin.com/breggin-testifies-before-congress-re-ritalin-and-adhd/).
Решение: Постои огромна разлика помеѓу дете кое не може да се сконцентрира и дете кое не сака да биде сконцентрирано. Исто така треба да сте свесни дека талентираните деца може да делуваат дека не се сконцентрирани а меѓувремено да го впиваат секој збор. Пред да превземите “чекори” за недостатокот на концентрација, важно е да дознаете што се случува. Голема е веројатноста талентираното дете да ја апсорбирало информацијата која сте му ја кажале и да ја преработува на неконвенционален начин.