Вие сте родени посебни и уникатни, силни и бестрашни, создадени да креирате позитивни промени. А успехот не е за слабите и плашливите. Затоа мора да бидете имагинативни, отворени. Мора да пробате работи кои можеби нема да успеат. И никому не смеете да му дозволите да ви поставува граници. Единствена граница се вашите уверувања. Во вас пулсира храбро срце. Ова е вистина.
Секој може да се натпреварува и порано или подоцна да добие награда, аплауз, момент на слава. Но само бестрашните можат да бидат генијални и живеат следејќи го пулсот на креативната енергија, да ги оживеат минатото, сегашноста и иднината. Да живеат со Визија. Поттикнати од моќта на позитивните промени ние делуваме согласно следниве вредности:
РАЗВИВАМЕ УНИКАТНОСТ
Нашата уникатност треба да ја разбереме како наш животен водич, да ни биде светилка во нашиот живот. Сигналите за нашата уникатност се јасни уште од нашето рано детство. Но ако ги слушаме туѓите уверувања кои сме и што треба да направиме, постои опасност да се изгубиме себе а својот идентитет да го замениме со комбинација на идентитети кои другите ги мислат за нас.
Во овој програм одлучив да го имплементирам сето стекнато формално и неформално знаење и вештини со цел да ги инспирираме младите да ги препознаат своите внатрешни капацитети и уникатност, да поверуваат дека кога нешто силно посакуваат – тогаш невозможното станува возможно. Да ги увериме дека со лична посветеност и многу работа може да ги реализираат посакуваните цели.
КРЕИРАМЕ ВРЕДНОСТИ
Креирањето на вредности од најмала возраст е слично како градежништвото. Потребно е да изградите силна архитектонска градба во која луѓето ќе живеат, создаваат потомства и таа имовина ќе ја пренесат во наследство како вредност. Тоа што ги поврзува вредносниот систем на човекот и стабилноста на архитектонските градби е ПОСТОЈАНОТО КРЕИРАЊЕ ВРЕДНОСТИ. За да ги научиме децата да креираат вредности, потребно е да разберат дека процесот на создавање вредности почнува со прифаќање на фактот дека секој човек има вредност, почнувајќи од себе. На младите им се потребни уверувања дека имаат слобода и капацитет да создадат нови одржливи вредности.
ЗНАЕЊЕТО НЕ Е САМО МОЌ. ЗНАЕЊЕТО Е ПРОФИТ.
За да го трансформирате знаењето во профит важно е да научите три вештини 1. Практично да го користите стекнатото знаење, 2. Да го цените своето знаење, 3. Да го комерцијализирате сопственото знаење.
Човечкиот мозок нè издвојува од сите останати видови на Земјинава планета и ни овозможува да ги постигнеме сите видови на чуда кои практично, ниту еден друг вид не може да ги направи. До денес човекот се искачи на Месечината, тековно прави истражувања на планетата Марс, разви вештачка интелигенција (Artificial Intelligence), компонира уметнички ремек дела во музиката, архитектурата, сликарството, литературата, иновативен е и ја вметна технологија во нашите животи. Сето ова беше возможно поради мозокот.
Стекнатото знаење и експертиза се најдобар начин да ја комерцијализирате својата професионална вредност. Со вашето знаење и експертиза ќе се чувствувате повеќе почитувани а на компаниите постојано им се потребни млади и квалитетни кадри како вас кои им помагаат да ја зголемуваат бизнис ефикасноста и профитабилноста.
КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ
Талентите еволуираат од интереси во кариерни способности. Изборот на кариерата е една од најважните одлуки која секој човек треба да ја донесе. Ако човек направи правилен избор на кариера, со срце и со разум, тогаш КАРИЕРАТА ќе му причинува секојдневно задоволство и начин на себе спознавање. Но ако човек направи избор на кариера која не ја сака или не се пронаѓа во неа, голема е веројатноста дека ќе се соочи со ниска мотивација, фрустрации кон професијата и ќе избегнува да ја користи својата креативна моќ.
Со цел да им помогнеме на младите да изберат што е најдобро за нив, да се насочат кон кариерата која ќе ја сакаат со срце и разум, правиме профилирање на младите со помош на научно потврдени тестови за кои сме меѓународно сертифицирани во организацијата Six Seconds. Со помош на резултатите од тестовите се фокусираме на развој на нивните силни таленти.Со мотивирање, насочување и упорна работа, нашите тренери им помагаат на учениците да ги развиваат клучните таленти и по потреба, ги подготвуваат за натпревари. На учениците кои се заинтересирани да студираат на некој од престижните светски Универзитети им помагаме во подготовка за аплицирање и добивање на стипендии. Како бонус, креираме МАПА за нивниот кариерен успех а тие работат на практични проекти во наши компании.
Нека биде Силата со вас.
Нела Јолеска.