ПРОФИЛИРАЊЕ НА ТАЛЕНТИ

Сериозната наука е едноставна. Додека многу тестови за емоционална интелигенција и психолошки профили се фокусираат на однесувањата, овие алатки ставаат фокус на личноста.

BBP-Profil

Краток Ментален Профил (BBP)

Како се фокусира, одлучува и функционира вашиот ум? Кој е вашиот ментален стил?
Brain Brief Profile: Како вашиот ум избира да ја користи Вашата EQ?

Brain Brief Profile: Како вашиот ум избира да ја користи Вашата EQ?

Краткиот Ментален Профил (BBP) е синтеза за начинот на кој мозокот ги обработува емоционалните и когнитивните податоци. Оваа анализа е прикажана на една страница.
Базирајќи се на невронауката и 15 години научни истражувања за емоционалната интелигенција, BBP ни дава едноставно, практично резиме на стилот на кој една личност ја користи емоционалната интелигенција – како личноста го интегрира мислењето + чувствувањето за да донесе добри одлуки и постигне позитивни резултати.

Како да се користи: BBP е многу ефективен за развој, учење, коучинг, менторство, развој на тимови и за менаџерите да ги користат за да градат комуникација со своите луѓе.

Што има во него: BBP се базира на три димензии на EQ:

 

Овие скали создаваат 8 профили:

Научник: Точен, внимателен, прецизен.

Визионер: Страствен, трансформативен, размислувач напред.

Пронаоѓач: аналитички, креативен, отворен.

Чувар: грижлив, внимателен, прагматичен.

Стратег: Прецизен, внимателен, ориентиран кон иднината.

Енергетизирач: Посветен, креативен, реален.

Доставувач: ориентиран кон задачи, генеративен, практичен.

Мудрец: грижлив, заштитен, долгорочен фокус.

Краткиот ментален профил го добивате со бесплатен „Водич за кратко толкување на мозокот“, е-книга за стиловите на мозокот. Вклучува дополнителна позадина, плус насочување како да работите со вашиот стил – и како да работите со луѓе од други стилови.

BTP-profil

Профил на Ментални Таленти (Brain Talent Profile)

Кои се вашите силни ментални таленти со кои ќе ја креирате иднината?
Како можете најдобро да ја ставите EQ во акција?

Како можете најдобро да ја ставите EQ во акција?

Како може најдобро да го искористите капацитетот на вашиот мозок?

Направено е истражување со проценка на 1000 лидери на кои им се идентификувани 18-те основни таленти кои влијаат во креирањето на нивната иднина. Овие „Апликации за мозок“ се алатки за јакнење на вашата ефикасност, слично како апликациите за паметни телефони.

Кои „апликации“ сакате да ги користите?

Како да се користи: BTP е идеален за кариерен и перформанс коучинг, формирање на тимови и широк спектар на обуки и развој. Кои се врвните таленти во вашиот тим? Дали ги користите?

Што има во него: BTP се базира на 18 ментални апликации:

Профил за истражување на мозокот (BRAIN DISCOVERY PROFILE)

Како вашиот стил на размислување, силни страни и предизвици создаваат резултати?

Вашите највисоки и најниски таленти за EQ

Профилот за откривање мозок ја прави врската помеѓу EQ, талентите и перформансите.

За што ни користи овој профил:

  • Тренинг на перформанси
  • Интервјуирање и селекција
  • Поставување цели за планови за учење

Ова е трет профил од пакетот алатки за Ментален Профил. Можете да го видите менталниот стил на лицето со Brain Brief Profile, да ги разберете неговите/нејзините таленти со профилот Brain Talent Profile и да одите во длабочина со профилот Brain Discovery Profile. Профилот Brain Discovery Profile ви дава концизна синтеза на способностите на личноста.

ТАБЛА ЗА ГРУПНО ПРОФИЛИРАЊЕ НА МЛАДИ (DASHBOARD Youth Version)

Кои се силните и слабите EQ вештини на една група, тим, класа?

Примарен поглед врз групните EQ таленти и перформанси

Сакате да нурнете и да ја истражите рамката на вашите способности? Придружете се на бесплатните курсеви, вебинари и следете ги нашите блогови на www.mvg.mk

Менталните Профили и Таблата на која е прикажано Групно Профилирање на млади сега се достапни на ваше барање. На сите кои работат со Менталниот Профил за возрасни, Менталниот Профил за млади и Профилот за Ментални Таленти им овозможуваме да разберат како нивниот мозок се фокусира, одлучува и што е тоа што го управува. Овие профили се базираат на научни докази и им помагаат на младите да ги препознаат нивните клучни таленти и силни страни, ефективно им помагаат во постигнување на успеси на училиште и во животот.

Таблата за Групно Профилирање на млади е многу корисна алатка за наставници или лидери на групи кои сакаат да го проценат целокупниот EQ на групата, стилови на мозок, таленти, предизвици и резултати врз основа на темелната и научно потврдена проценка на SEI-YV за млади. Покрај извештаите за млади, додадовме дел за воспитувачи и родители кој ќе им биде корисен за поддршка на младите и зголемување на свеста.

Плус, еве го воведот за моделот од Џошуа Фридман, извршниот директор на Six Seconds https://vimeo.com/180796639