ПРОГРАМ ЗА ПАРТНЕРСТВО
Поддржете го движењето за развој на надарени и талентирани деца од Македонија со цел да ги ВИДИТЕ, РАЗБЕРЕТЕ, ЕДУЦИРАТЕ и ПРЕДИЗВИКАТЕ младите таленти од Македонија!
Поддржете го движењето за развој на надарени и талентирани деца од Македонија со цел да ги ВИДИТЕ, РАЗБЕРЕТЕ, ЕДУЦИРАТЕ и ПРЕДИЗВИКАТЕ младите таленти од Македонија!
ФОНД ЗА ПОДДРШКА НА ТАЛЕНТИРАНИ УМОВИ
Фондот за поддршка на младите таленти од Македонија ќе почне да функционира од 2022 година. Создаден е од финансирање од корпорации и фондации кои му помагаат на програмот “Мали и Возрасни Генијалци” со цел да ја реализира својата Визија и да ги поддржи оние кои го подобруваат растот и развојот на надарените и талентирани деца преку образование, застапување, градење заедница и истражување.
Партнерите се донатори чии средства се посветени на: развој на талентите и високиот потенцијал на младите, вреднување и активна поддршка на надарените и талентирани млади кои преку едукација сакаат да го извадат најдоброто од себе и придонесат во нивните заедници.
ДОНИРАЈ ОНЛИНЕ:
Бидете и вие дел од движењето!
Неограничените донации ги поддржуваат активностите од централно значење за Визијата на МВГ. Вашите донации ги насочуваме кон најголемите потреби на талентираните умови: едукација, пракса за работа во компании, истражување за избор на најдобрите практики и студии во најдобрите домашни и светски Универзитети, подготовка за студии во странство и креирање на родителски ресурси.
Фонд за стипендиирање на студии на талентирани млади
Овој фонд обезбедува делумна/целосна стипендија на надарени и талентирани студенти во домашни/странски Универзитети.
Фонд за членство на родители
Овој фонд им овозможува на семејствата со ограничени финансиски средства можност да се приклучат на МВГ како родител-член.
Фонд за истражување за избор и подготовка за аплицирање на додипломски студии
Овој фонд ќе поддржи истражување за избор и подготовка за аплицирање на додипломски студии.