Научи компјутерско програмирање. Во оваа дигитална ера, кодирањето е основна писменост и затоа е важно децата од рана возраст да разберат како луѓето можат да ја контролираат интеракцијата помеѓу луѓето и машините. Кодирањето им помага да развијат комуникациски и математички вештини, пишување и самодоверба.
НИВО:
Почетен
Напреден
ТИП:
Индивидуален/Групен
Индивидуален
ЦЕНА:
1104-1200/час – 360-730/час
1104/час
БРОЈ НА ЧАСОВИ:
12-24
24
Програмирање
ЗОШТО Е ВАЖНО ДЕЦАТА ДА УЧАТ ПРОГРАМИРАЊЕ
Со тренингот по програмирање ги учиме децата како да размислуваат логички и како конструктивно да му пристапат на решавањето на даден проблем. Ваквиот начин на размислување им помага на децата да развијат вештини во кои ќе ги планираат своите потези на начин на кој компјутерот тоа го прави, што им е од голема полза и во секојдневниот живот. Проблемите кои ќе ги решаваме со кодирање наоѓаат секојдневна практична примена што придонесува за поголема ангажираност од страна на самите деца. Со помош на “логички замки” се обидуваме да им воочиме за ситуации кои најчесто во секојдневниот живот се занемаруваат а се и те како важни.
ЦЕЛ НА ТРЕНИНГОТ
Овој тренинг е динамичен и бара голема посветеност од детето, како и целосна поддршка на родителите во неговиот развој. Тренингов има за цел да ги научи децата да развијат логичко размислување и да го променат пристапот на решавање на проблемите. Се цели кон тоа да нивниот пристап при дадени програмски проблеми биде конструктивен и плански. По завршување на тренингот децата ќе ги владеат основните програмерски техники и алгоритми, циклуси и контролни структури, работа со датотеки, рекурзии, матрици.
БЕНЕФИТИ ОД ТРЕНИНГОТ
Во програмот “МАЛИ И ВОЗРАСНИ ГЕНИЈАЛЦИ” децата се запознаваат со кодирањето, програмскиот јазик C++, развиваат техники за решавање на проблеми, значајни вештини кои ја јакнат нивната креативност, исклучителност, креативен ум, натпреварувачки дух. Проектите се симулација на посакуваните цели и се исполнети со многу возбуда и лекции.
Проблемите кои се решаваат со кодирање се внимателно одбрани да поттикнат љубопитност и мотивација кај самите деца се со цел поуспешно совладување.
ПОНУДА НА ЧАСОВИ:
Целата содржина на програмот за програмирање ќе биде доставен во живо и нема да биде снимен претходно во облик на лекции, а учесниците ќе имаат можност активно да учествуваат во истиот. Нудиме две опции:
регуларни тренинзи за ученици кои се подготвуваат за учество на натпревари по програмирање,
повремени инцидентни тренинзи за ученици на кои им треба помош за совладување на наставната програма по програмирање во склоп на основните и средните училишта.
1. Индивидуален час со времетраење од 60 минути за помош при совладување на редовната настава по информатика од основно и средно образование (вкупно 1200 ден/час)
2. Пакет од 12 часа (максимално време на користење е едно полугодие со минимум една средба седмично од 60 минути) за помош при совладување на редовната настава по информатика од основно и средно образование (вкупно 13.400 денари или 1116 ден/час)
3. Пакет од 24 часа (максимално време на користење е едно полугодие со минимум една средба седмично од 60 минути) за помош при совладување на редовната настава по информатика од основно и средно образование (вкупно 26.500 денари или 1104 ден/час)
4. пакет од 24 часа (максимално време на користење е едно полугодие со минимум една средба седмично од 120 минути) за совладување на наставната програма што се тестира на натпреварите по информатика за основно и средно образование (вкупно 26.500 денари или 1.104 ден/час)
Групни часови
5. За група од два до пет ученици предложуваме пакет од 12 или 24 часа (максимално време на користење е едно полугодие со минимум една средба седмично од 60 минути) за помош при совладување на редовната настава по информатика од основно и средно образование и за совладување на наставната програма што се тестира на натпреварите по информатика за основно и средно образование (понудата ви ја даваме во зависност од бројот на ученици и пакетот кој го избирате. Цените се движат од 730 до 360 ден/час)
Менторот Спасев е дипломиран инженер на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје. Тековно, како студент на пост-дипломски студии, оддржува лабораториски и аудиториски вежби на Факултетот на предмети поврзани со основите на програмирање, веб дизајн, интернет програмирањето и изработка на интерактивни апликации. Работи со талентирани деца и студенти. Негова цел е децата да се здобијат со познавање на концептите во програмирањето и длабински да ги разберат суштината на проблемот и начините за пристапување кон негово решавање.