РАБОТИ КОИ (НЕ) ТРЕБА ДА ГИ ПРАВИТЕ ЗА ДА ИЗРАСНЕТЕ ГЕНИЈАЛНИ ДЕЦА

Што можете да направите за да му помогнете на вашето дете да го достигне својот најголем потенцијал?

Пишуваше: Марија Донева
Време траење на текстот: 9 минути
Јуни 2021

Ако се прашувате како да одгледате генијалец, сè што ви е потребно е љубов, време и посветеност кон вашето дете. Многу родители мислат дека треба да бидат паметни, но тоа не е неопходно. На вашето дете му е потребно само вашето внимание.

Во текот на првата деценија од животот на вашето дете, тоа ќе научи многу работи што некогаш би можело да ги направи, бидејќи неговиот мозок формира трилиони врски. Секогаш кога вашето дете доживува нешто ново, мозокот воспоставува друга врска. Тие врски му помагаат на вашето дете да учи подобро во други области. На пример, часовите по музика можат да им помогнат во развивањето на нивните математички вештини.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕМЕ СВОЈОТ ЦЕЛОСЕН ПОТЕНЦИЈАЛ?

Што можете да направите за да му помогнете на вашето дете да го достигне својот најголем потенцијал? Еве неколку корисни начини со кои можете да се обидете да ја зголемите интелигенцијата на вашето дете:

1. Разговор со користење на техники

Наместо обични Да-Не прашања, на вашето дете поставувајте му отворени и добро смислени прашања. Ова може да им помогне на децата да размислуваат за она што веќе го знаат. Во разговор со детето, важно е да му дадете повратен одговор и укажете дека го цените неговото размислување. Исто така, кога разговарате со вашето дете, обидете се да не користите „бебешки говор“ туку зборови што ви е пријатно да ги користите. Ова ќе му помогне на детето да го подобри неговиот вокабулар и го разбере јазикот. Можеби на почетокот нема да го сфати значењето, но ќе го дознае откако подоцна ќе се соочи неколку пати со изразот.

2. Читајте му на вашето дете

Читањето на вашето дете му помага на неговиот мозок да се поврзе со околината и му дава многу информации за животот и светот околу него. Познат факт е дека читањето на вашето дете од најрана возраст може да го направи попаметно и му го олесни учењето. Експертите веруваат дека читањето е основа на целото знаење. Mоже да се обидете да направите рутина и го споделувате она што сте го читале, а детето ќе има корист од вашиот разговор, од размислувањето и изразувањето.

3. Пофалете го правилно

Кога детето прави нешто како што треба, внимавајте да не го фалите премногу затоа што тоа ќе го натера да има превисоко мислење за себе и ќе му создаде стрес. Наместо тоа, дајте му позитивни пофалби дури и кога дома ќе донесе тест со не толку добри оценки. Кажете му работи од типот „Скоро да си го разбрал материјалот правилно“. Охрабрувањето, гледано долгорочно е од голема помош но треба да не е ни премногу позитивно, ни премногу негативно.

4. Поттикнувајте ја љубопитноста

Кога вашето дете беше мало или во предучилишна возраст, можеби забележавте дека тоа сака да знае за сè околу себе. Но откако ќе стигне на училишна возраст, љубопитноста постепено му опаѓа. Затоа, со вашето дете постојано правете работи со кои ќе ја разгорувате неговата љубопитност, соодветно на неговата возраст. Носете го во уметнички галерии, на музички претстави, во библиотеки и музеи, секаде каде што и вие и детето може да откриете нови и интересни работи.

5. Искористете ја секоја можност за да го учите

Откако ќе се вратите од работа, разговарајте со вашето дете за тоа што сте направиле. Исто така, можете да го однесете на шопинг и да му покажете како да ги споредува цените. На вашето 3-4 годишно дете дајте му задача да одбира јаболка или портокал. Побарајте ги по име (пример, најди ги портокалите) и оставете го тоа да ги најде за вас. Постојат многу можности да го научите вашето дете за светот во секојдневниот живот!

ШТО (НЕ) ТРЕБА ДА СЕ ПРАВИ ЗА ДА СЕ ИЗРАСНЕ ГЕНИЈАЛЕЦ:

Можеби спротивно од вашите уверувања, воспитувањето паметни деца не значи дека треба да бдеете над нив. Еве неколку работи кои што треба да ги знаете кога го раснете вашиот мал генијалец.

1. ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИТЕ:

– Дозволете им самостојно да размислуваат. Кога вашето дете треба да реши некој проблем, оставете го тоа само да го направи. Ако му ги дадете сите одговори на сите прашања, односно доколку вие му ги решавате тие проблеми, тогаш децата нема ништо да научат од тоа искуство.

– Не одговарајте веднаш на детските прашања. Можеби ви звучи грубо, но всушност не е така. Кога вашето дете ќе ви постави прашање за некоја тема, оставете го само да го побара одговорот. Уште од рана возраст научете го да користи ресурси од енциклопедија, да користи алатки за пребарување и библиотеки. Понекогаш да се биде паметен не значи да се знае одговорот, туку да се знае како да се пронајде одговорот.

– Нека се ангажираат во активности со своите врсници. Кога работат во тим тие дебатираат, а натпреварот во уметност или математика ги охрабрува да научат да работат заедно со другите. Ова може да биде и добар стимулатор на нивната самодоверба.

– Бидете креативни со вашите деца. Кога им покажувате на вашите деца како да извршат некоја работа, бидете креативни и забавни! Кога правите нешто, користете ги рацете и покажете им на вашите деца како и тие можат самостојно да градат. Кога креациите ги гледаме на хартија, може да ни немаат смисла но кога ги изработуваме тро-димензионално, тие добиваат смисла.

– Одржувајте поврзаност со вашите деца. За време на вечера, прашајте ги како им поминал денот. Дозволете им да ви зборуваат за своите чувства и за тоа кои работи им се случиле на училиште. Дајте им до знаење дека ако им треба нешто вие сте тука за нив. Одржувајте блиска врска со нив.

– Уште додека се мали, дајте им до знаење што очекувате од нив. Седнете да разговарате со вашите деца и заедно, поставете си цели. На пример, може да ги прашате „што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“ Направете чекор понатаму и разговарајте за плановите за колеџ и за она што го очекувате.

– Славете го успехот. Можеби вашето дете ќе го поттурнете во една насока, а тоа ќе постигне успех во нешто сосема друго. Кога станува збор за било каков успех, само подржете го. Дајте му до знаење дека вие се гордеете со него, без оглед во што се истакнува.

– Размислувајте надвор од поставените граници. Научете ги децата да размислуваат од друга перспектива. Научете ги да изградат систем на неверување. Оваа вештина може да им помогне да бидат креативни, иновативни и прогресивни, а тоа е клучот за успех во нашето општество.

– Проблемите никогаш не се лоша работа. Научете го вашето дете да решава проблеми кои се појавуваат околу него. Вашето дете нека наведе листа со работи за кои смета дeка се проблеми, и потоа користете ги како основа за идни креативни проекти.

2. ШТО НЕ ТРЕБА ДА ПРАВИТЕ:

– Одбегнувајте премногу рутини во секојдневниот живот. Не го притискајте детето премногу силно. Кога децата се надарени, им треба порелаксирана атмосфера за да го истражуваат она што ги интересира. Исто така, тие сакаат да скокаат од еден во друг интерес по своја волја и време.

– Избегнувајте да ги “китите” со етикети како „надарени“ или „генијалци“. Етикетите само ќе го одделат вашето дете од другите деца, а поради тоа другите деца може да го задеваат или малтретираат. Можеби детето ќе се плаши да ве разочара, а етикетата може да му претставува “товар” и му предизвикува голем стрес. Затоа, кон детето однесувајте се како и кон секое друго дете.

– Не ја пренагласувајте популарноста. На надарените деца навистина не им е лесно да се вклопат. Тоа е така затоа што тие се на различно ниво од децата на нивна возраст. Надарените деца обично имаат само еден, можеби двајца пријатели и тоа е сосема во ред ако изгледаат среќни.

– Обидете се да не ги спречувате да напредуваат. За било каков прогрес кој им е потребен во животот, не ги воздржувајте во напредокот. Ако уште во второ одделение чувствуваат досада затоа што брзо ја совладале материјата од редовната настава, нека не ве исцрпуваат вас и нивните наставници. Размислете да ги запишете во повисоко одделение. Охрабрете ги да одат напред со свое темпо и да бидат „паметни“ деца.

Извор: www.newkidscenter.org