СОЦИЈАЛНО ЕМОЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ ЗА ДЕЦА И ТИНЕЈЏЕРИ

Социјално-емоционалниот развој на детето игра огромна улога во неговата сегашна и понатамошна способност за да постигне успех на училиште и во животот.

Времетраење за читање 5 минути
Јуни 2021

Социјално-емоционалниот развој на децата е многу важен затоа што им ги поставува темелите за тоа како во животот да ги разбираат и управуваат емоциите, како да постават и постигнат позитивни цели, како да ја чувствуваат и покажуваат емпатијата кон другите, како да изградат и одржуваат позитивни односи со другите и како да донесуваат одговорни одлуки. (Поврзи линк со текстот Како да ги научите децата да донесуваат одлуки).

Секое дете се развива со различно темпо, па затоа е важно да разберете дека во развојот на децата може да има некои варијации. Ако имате проблеми со социјално-емотивниот развој на вашето дете, ве молиме контактирајте не на нашиот мејл info@mvg.mk за да ги идентификуваме вештините кои може да ви помогнеме вашето дете да ги развие и да ви дадеме насоки во неговиот развој.

За повеќе информации околу проверката и извештајот кој лично го добивате на мејл, кликнете на следниот линк.

Подолу ги објаснуваме петте основни групи на способности за социјално-емоционалниот развој утврдени од Six Seconds и CASEL. За да им помогнеме на децата подобро да ги разберат овие поими, во текстов подолу вклучивме и прашања кои децата можат сами да си ги постават.

САМО УПРАВУВАЊЕ

Само-управување е нашата способност да ги контролираме нашите чувства, мисли и однесувања во различни ситуации. Тоа е наша способност со која може соодветно да ги користиме сопствените вештини за справување со стрес и притисок.
Кога ги контролираме нашите импулси, може да поставиме, да работиме и се фокусираме кон постигнување на лични цели. Кога практикуваме само-дисциплина, ние покажуваме дека поседуваме добри вештини за самоуправување.

ПРАШАЈТЕ СЕ:

Што можам да направам сега за да ги контролирам моите емоции и мојата реакција на тие емоции?
Како можам на корисен начин да реагирам во мојава моментална состојба?

САМОСВЕСНОСТ

Самосвеста е нашата способност со која ги препознаваме нашите чувства и мисли и како тие влијаат на нашето однесување. Кога сме самосвесни, можеме точно и самоуверено да ги идентификуваме работите во кои сме добри и работите на кои треба да работиме за да станеме подобри.

ПРАШАЈТЕ СЕ:
Како се чувствувам сега?
Зошто се чувствувам на овој начин?
Што мислам?
Што ме тера да размислувам на овој начин?
Како можам соодветно да ги искажам своите мисли и чувства?
Кои се моите силни страни?
Кои се моите ограничувања?

СОЦИЈАЛНА СВЕСТ

Социјалната свест е нашата способност да сочувствуваме со другите и да ги гледаме работите од нивна перспектива, дури и ако тие се од различни култури или имаат различно потекло. Кога сме општествено свесни, ги разбираме социјалните и етичките норми за тоа како да се однесуваме и соодветно носиме со ситуациите.

ПРАШАЈТЕ СЕ:
Како можам подобро да ги разберам туѓите мисли и чувства?
Како можам подобро да разберам зошто другите луѓе размислуваат и се чувствуваат како што размислуваат?

ОДГОВОРНО ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ

Кога се трудиме да донесеме одговорни одлуки, превземаме активности кои ги следат поставените правила, ја штитат нашата и безбедноста на другите, покажуваме почит кон себе и кон другите и покажуваме добар карактер.

ПРАШАЈТЕ СЕ:

Кои се можните последици што ќе ги имаат моите постапки врз мене и врз другите?
Дали моите постапки се во согласност со моите вредности и верувања? Објасни како.
Како можам да ги решам проблемите креативно?
Дали ги разгледав сите можни опции?

ГРАДЕЊЕ НА ВРСКИ

Нашите вештини за градење на врски покажуваат дека сме во состојба да оствариме и одржуваме здрави односи со другите, дури и кога другите се од различно потекло или култура. Тоа значи дека ние можеме да се изразиме, да ги слушаме другите, да бараме и им понудиме помош кога им е потребно, да се спротивставиме на притисокот од врсниците и да ги решиме конфликтите на соодветни начини.

ПРАШАЈТЕ СЕ:

Како можам да покажам вистински интерес за оваа личност сега?
Кои промени можам да ги направам за да го подобрам начинот на интеракција со различни луѓе?
Како можам да им кажам на другите луѓе што ми треба и што сакам на соодветен начин?