ДА ПОЧНЕМЕ ОД ТЕМЕЛИТЕ, ШТО Е ТАЛЕНТ

Талентот е природен, повторувачки модел на размислување, чувство или однесување што може продуктивно да се користи.

Талентот се способностите, вештините и стручноста кои утврдуваат што може човекот да направи. А напорот е степенот до кој човекот ги развива своите таленти.

Јасно е дека некои луѓе се и талентирани и вредни, но честопати постои тензија меѓу овие две крајности. На пример, талентот може да ги натера луѓето да бидат мрзливи затоа што со помалку напор и работа ја постигнуваат посакуваната цел, за разлика од помалку талентираните кои вложуваат многу труд и напор за да ја постигнат истата цел. Но, колку всушност е важен талентот? Што може личноста да добие со талентот доколку не го усовршува и додека постигне исклучителни резултати?

Ова се наши вродени вештини и често пати затоа што се многу очигледни, ги занемаруваме и не приметуваме колку се ретки и продуктивни. Сметаме дека “овој талент го има секој“, “ова може секој да го направи“, а тоа води кон непризнавање и занемарување на талентите.

Во програмот “МАЛИ И ВОЗРАСНИ ГЕНИЈАЛЦИ” може да ги идентификуваме талентите со помош на тестот Brain Talent Profile – неговите резултати претставуваат основа за понатамошна работа.

Термините “надарен”, “талентиран”, “високо интелигентен” или “многу паметен” често пати се користат кога се опишуваат талентираните деца. Иако овие термини можат да значат различни нешта за различни луѓе, тие се најчесто употребувани термини во секојдневната комуникација.

Во различни временски периоди во животот на детето, способностите варираат и затоа детските таленти можат да се опишат како просечни, надпросечни, супериорни или исклучително талентирани. Некои деца се еднакво “талентирани” во неколку области, а некои имаат високи амплитуди на талентираност во една до две области. Талентот се трансформира во исклучителност кога стекнатото широко знаење, вештини и пракса се користат свесно и со цел. А исклучителниот талент е способност постојано и речиси до совршенство да се извршува одредена задача.

Некои деца кои се талентирани може да го учат само тоа што тие го сакаат и затоа овие деца кои истовремено се надарени но и учат само тоа што го сакаат – често се опишуваат како “дупло исклучителни”. Овие деца може да имаат проблеми во читање, пишување, математика или да имаат емотивни проблеми како Аспергерово нарушување или проблеми со вниманието како АДХД (Attention Deficit Hyperactvity Disorder). За да може да учат, на талентираните деца им се потребни училишта со едуциран наставен кадар кои имаат изработено специјални напредни програми, истовремено да им даваат и емотивна поддршка токму поради нивните разлики од останатите.

Поттикнати од потребите на талентираните личности го креиравме програмот “МАЛИ И ВОЗРАСНИ ГЕНИЈАЛЦИ” со Визија да ги едуцираме децата и нивните родители како да креираат повисоки цели и со помош на алатките за идентификување на ментални таленти, кариерно насочување и развој на емоционалната интелигенција да ги менторираме во развојот на исклучителни таленти.

Откако ќе ги идентификуваме силните ментални таленти, се фокусираме на развој на исклучителност.

За повеќе информации околу идентификувањето на ментални таленти со дијагностички алатки и тестови на нашата ментор организација Six Seconds, кликнете на следниов линк.

Останати статии