СТРАТЕГИИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА ВАШАТА ЖИВОТНА ЦЕЛ

Мизеријата која ве угнетува не извира од вашата професија, туку од вас самите! Во светов, кој човек би ја сметал својата ситуација за неподнослива, ако избере занает, уметност, или каква и да е друга форма на животот, што му лежи на срце?

Оној што е роден со талент, без сомнеж мора сам да го пронајде занимавањето кое му причинува големо задоволство! Се на светот си има своја тежина. Само некаков внатрешен нагон – задоволство или љубов, може да ни помогнат да ги надминеме препреките и да се вратиме на правиот пат!
ЈОХАН ВОЛФГАНГ ФОН ГЕТЕ

Ако повикот не е толку јасен и силен, тогаш може да се јави тивко, како струење на потокот кој, без да знаете, преку бранови нежно ве поттурнува кон одредено место на бреговите. Свртувајќи се наназад, можете да почувствувате дека судбината замешала прсти во сето тоа…

Можете да го запоставувате и одбегнувате, можете дури и од време навреме да не го забележувате, но имате избор и да му дозволите целосно да ве опседне за да на крајот на краиштата, повикот излезе на површината и ви го достави своето барање…

Инспирирани од “Мајсторство” и ЏЕЈМС ХИЛМАН

Слушај аудио книга: Мајсторство


КАКО ДА ЈА ОТКРИЕТЕ СВОЈАТА ЖИВОТНА ЦЕЛ И ИСКЛУЧИТЕЛНОСТ

Се чини дека нешто, без разлика дали порано или подоцна, ќе почне да не повикува на едно патување, предодредено за нас. Можеби ќе се присетите дека тоа “нешто” ви се јавило како сигнал уште во детството, како ненадеен нагон, како привлечена сила. Тој СИГНАЛ ќе биде вашиот патоказ, внатрешен глас, неизбежен тек на настани кои како сообраќајни знаци по патот ќе ви соопштува: “Ова треба да го направам, ова треба да го имам. Ова сум јас…”
Ако повикот не е толку јасен и силен, тогаш може да се јави тивко, како струење на потокот кој, без да знаете, преку бранови нежно ве поттурнува кон одредено место на бреговите. Свртувајќи се наназад, можете да почувствувате дека судбината замешала прсти во сето тоа…
Можете да го запоставувате и одбегнувате, можете дури и од време навреме да не го забележувате, но имате избор и да му дозволите целосно да ве опседне за да на крајот на краиштата, повикот излезе на површината и ви го достави своето барање…

ИЗВОНРЕДНИТЕ ЛИЧНОСТИ ГО ПРЕПОЗНАВААТ СВОЈОТ ПОВИК

Можеби токму затоа и се толку фасцинантни. Но, од другата страна, можеби се извонредни бидејќи нивниот повик е толку јасно изразен и бидејќи секогаш му се верни…
Извонредните личности подобро сведочат за овој повик, бидејќи лесно се справуваат со работите со кои обичните смртници не можат. Можеби ниската мотивација и расеаноста не оддалечуваат од исклучителноста. Иако нашите судбини имаат ист, универзален мотор, извонредните луѓе не се некоја друга класа, туку работата на овој универзален мотор е поочигледна кај нив.

Инспирирани од “Мајсторство” и ЏЕЈМС ХИЛМАН

Останати статии