СТРАТЕГИЈА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ПРВОБИТНА СКЛОНОСТ
Навратете се на своите почетоци. За да станете исклучителни во една област, вашиот интерес мора да ја надмине самата област и да се граничи со фасцинираност.
Навратете се на своите почетоци. За да станете исклучителни во една област, вашиот интерес мора да ја надмине самата област и да се граничи со фасцинираност.
Важно е да ги препознаете овие предвербални склоности бидејќи тие се јасни знаци за една привлечна сила која е недопрена од желбата на другите.
Кај Ајнштајн не била физиката причина да го разбуди својот интерес, туку фасцинацијата од невидливите полиња и сили кои владеат со универзумот. Кај Марија Кири, интересот го разбудила љубопитноста што се создава во стаклените кутии и лабараториски инструменти. Кај Ингмар Бергман не бил филмот, туку опсесијата да создава и анимира живот.
Кај Мајсторите, склоноста често јавува со неверојатна јасност, во детските години од животот. Понекогаш, се јавува како предмет што предизвикува еден длабок здив. Кога Алберт Анјнштајн 1879-1955) имал 5 години, татко му му подарил компас. Начинот на кој стрелката го менувала правецот при секое придвижување на компасот длабоко продрел во момчето. Замислата дека некаква магнетна сила, невидлива со голо око, ја движи стрелката, допрела до неговата срцевина. Што ако постојат и други сили, исто така невидливи, но и исто толку моќни – сили кој човекот сеуште ги нема откиено или сватено? До крајот на неговиот живот, сите негови интереси и идеи ке се вртат околу едноставно прашање за невидливите сили и полиња. И секогаш би се навраќал на компасот од кои заискрила неговата прва фасцинираност.
Кога Марија Кири (1867-1934), идниот пронаоѓач на Радиумот, имала 4 години, влегла во работната просторија на татко и и застанала пред една стаклена кутија со секакви лабараториски инструменти, потребни за хемиски и физички експерименти – глетка која длабоко погледнала во неа. Набрзо потоа често се навраќала во собата, одново и одново, само да зјапа во инструментите замислувајќи дека прави разни експерименти со сите тие епрувети. По неколку години, кога стапнала во вистинска лабараторија за да прави експерименти, веднаш се навраќала на нејзината детска опсесија; знаела дека тоа е нејзината професија.
Кога шведскиот режисер, писател, продуцент Ингмар Бергман (1918-2007) имал само 9 години, родителите на брат му му подариле кинематограф – машина која проектирала едноставни сцени со помош на филмски ленти со фотографии. Ингмар, силно посакувал да ја има оваа машина само за себе. За да го постигне тоа, тој го убедил брат му да направат размена. Брат му му ја дал машината, а Ингмар му ги подарил сите свои играчки за неа. Кога веќе машината му припаѓала само нему, тој ќе дотрчал до некој голем орман и ќе се затворел внатре за да можел да ги гледа светликавите слики што ги проектирала машината. За Ингмар сите тие слики изгледале како магија која оживува секогаш кога ќе ја вклучел машината. Создавањето на ваква магија ќе стане негова животна опсесија а тој ќе биде запаметен како еден од највлијателните режисери на сите времиња.
Инспирирани од “Мајсторство” и Роберт Грин