СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА БЛАГОРОДНИ ЦЕЛИ
Во било која средина во која има победници и губитници, оној кој ја има пошироката, поглобалната перспектива се истакнува пред другите.
Во било која средина во која има победници и губитници, оној кој ја има пошироката, поглобалната перспектива се истакнува пред другите.
Причината за тоа е едноставна. Додека повеќето луѓе остануваат заглавени во сегашноста, луѓето кои имаат визија да постигнат благородни цели можат да размислуваат надвор од моментот на сегашните настани и со разни стратегии да влијаат врз динамиката на настани. Постојаното ширење на нивните перспективи им помага да не заглават во одреден проблем и да се мотивирани за да превземаат акции.
Овие луѓе се енергични, трансформативни и имаат силна визија за иднината. Ако овие личности инспирираат нови можности, значи дека имаат потенцијал да предизвикаат циклус од нови промени кои во одредена област може да го променат квалитетот на животот на луѓето. Нивната силна волја е нивна предиспозиција да станат лидери кои ќе постигнат благородни цели.
На овие личности им е важно да имаат благородна, повисока цел, а со нејзиното реализирање да се создадат подобри услови за живот и прогрес на целото човештво. Кога ќе им стане јасно која е нивната благородна цел, овие личности стануваат многу внимателни со нивните дневни одлуки со цел да го осигураат реализирањето на големите цели. Кога ги спроведуваат благородните цели, интегритетот и етичното однесување им помагаат да останат фокусирани, а инспирирањето им помага да ја споделат својата визија со другите.
Овие личности често пати ја гледаат поврзаноста помеѓу големата и малата слика. Додека ги поставуваат своите цели, нивната емоционална интелигенција станува се поважна и посилна. А додека учат како мудро да ги спроведат своите одлуки, учат како да не ги преувеличуваат проблемите поголеми од што реално се. За време на нивниот напредок, овие личности учат да се справат со било каков проблем и да погледнат на Визијата од секој агол се додека не дојдат до изворот на проблемот.
Не постои формула за креирање на големи лидери, ниту магичен пат по кој треба да одат. Големите лидери сами си го креираат својот пат, со уникатност, со сопствени вештини и Визија. Тие не имитираат туѓ стил на водење и однесување а се многу свесни за нивните јаки и слаби особини.
“ЛУЃЕТО ШТО ПОСТИГНУВААТ НЕШТО, РЕТКО ЧЕКААТ НЕШТАТА ДА ИМ СЕ СЛУЧАТ. ТИЕ ИМ СЕ СЛУЧУВААТ НА НЕШТАТА.” – Верокио, учителот на Леонардо Да Винчи
ЏОШУА ФРИДМАН
Неговиот интерес за Емоционалната Интелигенција се родил кога почнал да работи во училиштето НУЕВА. За време на неговите предавања, Џошуа приметил дека неговите ученици се поразлични од останатите. Заинтригиран од тоа, почнал да истражува како атмосверата во училницата била моќен стимулатор за учење. Кога почнал да обрнува блиско внимание на неговите и емоциите на другите, станал подобар учител. Една од најголемите промени кои ги направил откако почнал да ја проучува емоционалната интелигенција била начинот на кој поставувал прашања! На пример, наместо: “Кои биле причините за војна”, тој прашувал “Ако мораше да донесеш одлука за да отпочнеш војна, како ќе се чувствуваше?” Во текот на следните години на негово работење како професор, предавањето го доживеал како магично искуство во кое студентите му биле соработници.
Откако се оженил со неговата сопруга Пети и им се родиле деца, дури тогаш почнал неговиот вистински “EQ Тренинг”. Иако го сакал својот татко, тој знаел дека неговите деца сака да ги воспитува на поразличен начин. Џошуа израснал мислејќи дека за да ја заслужи љубовта на татко му, треба да е “паметен”. Но во очи на татко му, тој никогаш не бил доволно паметен. За своите деца сакал да пораснат во средина во која ќе бидат сакани и почитувани како луѓе, со слобода на сопствен избор и себе изразување и посветеност да го направат светот подобро место за живеење. На овој начин родителството влијаело на три области на развојот на Џошуа:
1. Научил како да не се плаши од емоции. Научил да биде присутен. Кога некое од неговите деца или некој друг ќе покажел силни емоции, тој останувал љубопитен и смирен. Понекогаш му се случувало да се обиде да ги “поправи” емоциите но се поретко ги потиснувал и бегал од нив.
2. Поради урамнотеженоста со емоциите, Џошуа научил како да биде помалку реактивен а повеќе смирен. Претходно знаел брзо да го изгуби трпението и да покаже нервоза, но сега ја развил вештината “само контрола” и со неа научил како да го најде мирот од внатре, да биде во баланс.
3. Како CEO на Six Seconds, денес тој постојано делегира, приоретизира, ги разјаснува очекувањата на луѓето и гради сојузништва меѓу нив. Таа позиција го прави да е оддалечен од луѓето, но практикувањето на емоционалната интелигенција му помага да се поврзе со луѓето на начин кој ги обединува сите луѓе од овој свет. И учи како да го стимлира срцето да чувствува дека сите ние сме во ова заедно.
Инспирирани од методологијата на Six Seconds и Џошуа Фридман