ТАЛЕНТ АНГЕЛИ

Нашите Талент Ангели веруваат дека над сè, потребно е да имате верба во себе и човештвото. Треба да сакате и креирате. Тие се убедени дека основниот напор на образованието е да ги ослободи луѓето, не да ги припитоми.

01-Andrej-Petrov

Инспиративна мисла: “Ако имаш креативна идеја за која мислиш дека е сериозно добра, тогаш не дозволувај му на некој идиот да ти го попречи патот до реализирање на таа идеа.” – Стен Ли

Моите интереси се: музика, математика, астрономија, информатика, сликање, лингвистика. Моите таленти се: свирење клавир, пеење, програмерство итн. Кога ќе пораснам, сакам да работам како професор по англиски, но паралелно со тоа и да бидам програмер во некоја голема фирма.

Силни вештини: Во програмот “Мали и Возрасни Генијалци”, Андреј покажа исклучителен сензибилитет за разбирање на емоционалната интелигенција, со таленти за соработка, решавање на проблеми, адаптабилност. Во неколку видеа имаше улога на актер, правеше видео монтажа на неколку видеа за генијалци и го режирање видеото: Амбиција.

02-Anja-Sitnovska

Инспиративна мисла: “Предизвиците го прават животот интересен, додека пак исполнувајќи ги, го прават животот значаeн!”

Мојот најголем талент е глумата, а моја втора љубов се музиката и танцот. Умеам да изработувам рачни изработки, а мое хоби е декупаж на стакло. Кога ке пораснам сакам да бидам архитект за внатрешно уредување.

Силни вештини: Во програмот “Мали и Возрасни Генијалци”, Ања покажа исклучителност во разбирање на емоционалната интелигенција, со таленти за приоретизирање, критичко размислување, проактивност и решавање на проблеми. Таа учествуваше како актерка во три видеа.

03-Vlatko-Stojkoski

Инспиративна мисла: Нашите избори покажуваат она што сме навистина, многу повеќе од нашите способности“ – Албус Дамблдор

Мои интереси: програмирање, пливање, научна фантастика, физика…

Мои таленти: Јас сум програмер со седиште во Македонија. Моите информатички вештини ги користам за да правам алатки кои помогнуваат на што е можно повеќе луѓе. Го сакам она што го работам и го обожавам креативниот процес. Тоа може да даде бесконечни можности. Развојот на апликациите отсекогаш ми бил омилен и го изучувам веќе неколку години. Темелно уживам во тоа.

Силни вештини: Во програмот “Мали и Возрасни Генијалци”, Влатко доби прва награда за изработен проект – макета безвременска машина и покажа исклучителност во разбирање на емоционалната интелигенција, со таленти за приоретизирање, критичко размислување, проактивност и решавање на проблеми. Во програмот МВГ ја изработуваше првата верзија на веб страната www.mvg.com

04-Dea-Avdiu

Инспиративна мисла: “Вашите ограничувања се само вашата имагинација.”

Мои таленти: Учам во основното музичко образование и свирам пиано, зборувам повеќе јазици, активно учествувам во хор и оркестар, се натпреварувам и имам освоено повеќе награди: 1ва награда за танц танго, 1во и 3то место по природни науки, 1во и 3то место по математика, 2ро место за учество во еколошки проект. Имам активно учество во програмот Stem Academy на тема “Хибриднина -Обновливи извори на енергија и хибридна технологија. Еден ден сакам да го прошетам светот, да одржувам концерти секаде околу светот и да им помогнам на тие на кои им треба помош.

Мои главни интереси се: науките, музиката,уметноста и читањето книги. Кога ќе пораснам сакам да имам свој бизнис, да работам работа која ќе ме прави среќна и да им помагам на светот и луѓето.

Силни вештини: Во програмот “Мали и Возрасни Генијалци”, Деа покажа исклучителност во разбирање на емоционалната интелигенција, со таленти за имагинација, проактивност и толерирање на ризик. Таа учествуваше во Онлајн Талент Шоуто и освои 4то место.

05-Igbal-Saidova

Инспиративна мисла: “Следи ги своите соништа! Тоа е единствениот прав пат, а кога ќе паднеш потсети се колку малку чекори останале до твојата среќа.”

Нејзини таленти: Уште од мали нозе имам желба да бидам глумица, затоа што само така можам да ги почуствувам сите ситуации и да ги работам сите работи.

Нејзини интереси: Освен тоа што сум веќе 4 години дел од драмската секција во Кочани, член сум во неколку невладини организации од Источна Македонија а истовремено сум и врснички едукатор за родова еднаквост. Во 2019 имав можност да започнам да го снимам својот прв филм под мое сценарио и режија.

Силни вештини: Во програмот “Мали и Возрасни Генијалци”, Игбал покажа исклучителност во разбирање на емоционалната интелигенција, со таленти за толерирање на ризик, соработка и емпатија. Таа имаше неколку улоги како актерка и сценаристка во нашите видеа.

06-Irem-Tauk

Инспиративна мисла: “За да започнете нешто, потребно е да престанете со зборување и почнете со делување.” – Волт Дизни

Кога човек има силна желба да постигне нешто ново, треба да трча по неа, без разлика на се. Потребно е да го доживееме искуството, да видиме како изгледа, затоа што на крај ќе научиме нешто ново.

Нејзини интереси и таленти: пишувањето, читањето и играњето одбојка. Во иднината сакам да објавам книга на англиски јазик. Многу сакам да се натпреварувам и учествувам на owlypia и world scholars cup по англиски каде што добив 2 бронзени, 6 сребрени и 2 златни медаљи. Освоив 2 дипломи Cambridge Starters и Movers по англиски јазик, бронзен медал по АСЕФ натпревар по роботика, 3 сертификати по програмирање со code.org, учествував со сумо робот на Mini Maker Fair, 5то и 4то место на македонско првенство по шах, еднаш 1во, еднаш 2ро место и 4 пати 3то место на натпревари по математика, 3 бронзени медаљи и 2 дипломи во интернационални натпревари по математика, 1 златен медал по одбојка. Кога ќе пораснам, сакам да бидам писателка.

Силни вештини: Во програмот “Мали и Возрасни Генијалци”, Ирем покажа исклучителност во разбирање на емоционалната интелигенција, со таленти за фокусираност, соработка и емпатија. Таа одржа вебинар за жените лидери и освои 4то место на Олајн Талент Шоуто.

07-Jana-Oltovska

Инспиративна мисла: “Биди промената која сакаш да ја видиш во светот” – Махатма Ганди

Нејзини интереси и таленти: Од секогаш сум мислела дека немам талент бидејќи не цртам, пеам, свирам. Но сватив дека не секој талент е пеење или свирење. Мојте таленти се одлично решавање на проблеми и тоа што сум добар аналитичар. Сеуште не знам што би сакала да работам бидејќи секој ден моето мислење се менува, но во овој момент би сакала да работам во банка.

Силни вештини: Во програмот “Мали и Возрасни Генијалци”, Јана покажа исклучителност во разбирање на емоционалната интелигенција, со таленти за аналитичност, решавање на проблеми и емпатија. Таа сними неколку едукативни видеа за генијалци и занимливости.

08-Ljupka-Jordanova

Инспиративна мисла: “Смиреноста е супер сила!”

Нејзини интереси и таленти: Обожавам да глумам, глумата е моја прва љубов. Исто така сакам говорење пред јавност на јавни настани, тоа навистина ми лежи и го правам со задоволство. Еден ден би сакала да бидам архитект, но таа моја желба не гарантирам дека со текот на годините и возраста нема да се промени. Но сега за сега, тоа е мојата работа од соништата.

Силни вештини: Во програмот “Мали и Возрасни Генијалци”, Љупка покажа исклучителност во разбирање на емоционалната интелигенција, со таленти за емпатија, адаптабилност и аналитичност. Таа сними неколку едукативни видеа за генијалци и занимливости и напиша неколку блогови.

09-Marija-Doneva

Инспиративна мисла: “Вербата во себе, посветеноста и јасно поставената цел се клучот на успехот.”

Нејзини интереси и таленти: Јас сум првенец на генерацијата во ООУ “Св.Кирил и Методиј” – Кочани. Завршив Основно музичко образование, свирам на гитара и учествав при хорот и оркестарот на голем број концерти. Имам освоени награди на државни натпревари, меѓу кои прво и трето место на Државен натпревар по Биологија, второ место на Државен натпревар по Македонски јазик, трето место на Државен натпревар по Природни науки. Учествував на државни натпревари и освоив висок пласман и по Германски јазик, Млади библиотекари, Математика. Учествувам на меѓународни натпревари по информатика и на селекционен натпревар за Интернационална олимпијада по Природни науки.

Бев водителка на свечени академии и приредби. Учествував и освоив голем број награди на литературни конкурси. Имав учество во ПХВ активности преку Црвен крст, Erasmus, Etwinning проекти и други младински проекти. Во иднина би сакала да се занимавам со научно-истражувачка дејност.

Силни вештини: Во програмот “Мали и Возрасни Генијалци”, Марија покажа исклучителност во разбирање на емоционалната интелигенција, со таленти за адаптабилност, Визија, соработка и толеранција на ризик. Таа сними неколку едукативни видеа за генијалци и занимливости и напиша неколку блогови.

10-Matej_Belicev

Инспиративна мисла: “Победниците не прекинуваат да докажуваат”
Негови интереси: Моите најголемите интереси се глумата и јазикот. Во тие две работи уживам кога работам.

Негови таленти: За таленти би кажал дека ми се: сликањето, цртањето, кошарката… Во моите соништа се гледам како “Бред Пит”, глумец во Холивуд, во најдобрите филмови и ТВ серии исто така на Оскарите како ги земам најдобрите награди. Голем сон имам јас.

Силни вештини: Во програмот “Мали и Возрасни Генијалци”, Матеј покажа исклучителност во разбирање на емоционалната интелигенција, со таленти за конекција, соработка, адаптабилност, аналитичност. Тој сними неколку едукативни видеа во продукција на нашиот програм.

11-Megi-Gorgieva

Инспиративна мисла: “Животот е краток, но сепак доволно долг за да ги оствариш своите цели.”

Нејзини интереси и таленти: Се пронаоѓам во пишување на проза и поезија, ја сакам глумата, сакам да изучувам јазици, да посетам многу држави и да се запознаам со нивната култура. Би сакала мојата работа да биде нешто што навистина ќе ме исполнува и ќе ме прави среќна и задоволна.

Силни вештини: Во програмот “Мали и Возрасни Генијалци”, Меги покажа исклучителност во разбирање на емоционалната интелигенција, со таленти за вербално изразување, конекција, соработка, адаптабилност, емпатија. Таа сними неколку едукативни видеа во продукција на нашиот програм и напиша неколку блогови.

12-Mia-Kunovska

Инспиративна мисла: Зборовите од другите на ве менуваат. Навредите од другите не ве менуваат. Вашите неубави мисли кои ви предизвикуваат стрес можат само да ве исплашат. Но тука е вашето срце кое што не чука залудно. Не чекајте да ви помине животот. Тоа ке ви ја даде потребната насока во вашиот живот… Слушајте си го срцето, најискреното нешто во вашиот живот.

Нејзини интереси и таленти: Мојот талент е Виолината. Виолинистка сум веќе четири години. Имам освоено неколку музички дипломи. Мојот втор талент е моделирањето. Мојот прв модел кој го изработив на 5 години беше 3 димензионален авион од хартија, долг два и пол метри. Понекогаш размислувам што ќе работам кога ќе пораснам, а моите идеи беа: на четири години сакав да сум докторка, на девет години дизајнерка, балерина, адвокатка и архитекта. Многу сакам да сум успешна и среќна во мојата иднина.

Силни вештини: Во програмот “Мали и Возрасни Генијалци”, Миа покажа исклучителност во разбирање на емоционалната интелигенција, со таленти за вербално изразување, конекција, соработка,аналитичност и решавање на проблеми. Таа сними неколку едукативни видеа во продукција на нашиот програм.

13-Oliver-Stefanov

Инспиративна мисла: “Најголемиот освојувач е оној кој освојува без борба и се бори без меч.”

Негови интереси и таленти: Учествував на државни натпревари по ликовна уметност, освоив прва и втора награда. Имам освоено многу први, втори и трети места по математика и биологија. Член сум на драмската секција во НУЦК “Бели Мугри”. Учествував во Etwinning и Erasmus проекти како и во невладини организации. Една од нив е “Младите можат” каде имаат издадено препорака. Напишав и издадов книга “Изворот на стихови”. Моите соништа се да станам одличен дизајнер на куќи, а можеби и успешен актер кој глуми во турски серии.

Силни вештини: Во програмот “Мали и Возрасни Генијалци”, Оливер покажа исклучителност во разбирање на емоционалната интелигенција, со способности за посветеност, приоретизирање, моделирање на процеси, имагинација и претприемништво. Тој беше актер и режисер на неколку едукативни видеа во продукција на нашиот програм и освои награда на Онлајн Талент Шоуто.

14-Raman-Rushenov

Инспиративна мисла: “Напорното работење е единствениот пат кон успехот кој го задоволува човечкиот дух.”

Негови интереси и таленти: Веќе четири години сум дел од драмската секција во Кочани а истовремено и сум ангажиран и како волонтер во многу организации. Од секогаш сум сакал да бидам глумец и да ја искусам таа слатка трема и напор.

Силни вештини: Во програмот “Мали и Возрасни Генијалци”, Раман покажа исклучителност во разбирање на емоционалната интелигенција, со способности за соработка, адаптабилност, посветеност и претприемништво. Тој беше актер во неколку видеа во наша продукција.

15-Sanja-Gelik

Инспиративна мисла: “Бродот е најбезбеден на пристаништето, но бродовите не се направени за тоа.”

Нејзини интереси и таленти: Сакам да го изучувам шпанскиот јазик и во слободно време сакам да читам книги. Во иднина сакам да бидам фармацефт.

Силни вештини: Во програмот “Мали и Возрасни Генијалци”, Сања покажа исклучителност во разбирање на емоционалната интелигенција, со способности за соработка, адаптабилност, посветеност и емпатија. Таа сними неколку едукативни видеа за генијалци и занимливости во продукција на нашиот програм.

16-Stefan-Hristovski

Инспиративна мисла: „Дури и најтемната ноќ ќе заврши и сонцето повторно ќе изгрее.“ – Виктор Иго

Негови интереси и таленти: Јас вака го започнувам денот. Мојот талент цртањето го покажав уште од мали години, а хоби ми е фотографирање. Инспирацијата за цртање ја добивам од секојдневните животни случки и од природата. Мојот сон е еден ден да бидам познат уметник.

Силни вештини: Во програмот “Мали и Возрасни Генијалци”, Стефан покажа исклучителност во разбирање на емоционалната интелигенција, со способности за имагинација, решавање на проблеми и емпатија. Тој сними неколку едукативни видеа за генијалци и занимливости во продукција на нашиот програм.