ЗА НАС

Едукативниот програм “Мали и Возрасни генијалци” е долгорочен проект на EQ Excellence со Визија: “Развој на таленти и емоционална интелигенција за секое дете”.

Зошто работиме со најдобрите тренери?

Програмот за развој на таленти е креиран од тим на професори и тренери со меѓународни постигнувања во својата област, кои ги спремаат учениците за домашни и меѓунардони натпревари. Програмот за развој на емоционална интелигенција е воден од меѓународно сертифициран напреден тренер и е базиран на 30 години научно потврдени искуства од светски реномирани научници како Даниел Големан, организацијата Six Seconds и тековни истражувања од Универзитетот Харвард.

.

Каде е фокусот во нашата едукација?

Нашиот фокус е врз практичното поврзување на стекнатото знаење и негова примена во пракса. Создаваме “АХА” моменти и одржуваме високо ниво на љубопитност при учењето. Ги идентификуваме и развиваме потенцијалите и “примарните склоности” на личноста кои уште од рано детство ги препознаваме како интереси, а со тек на време и под влијание на разни околности истите ги развиваме во кариерни способности.

.

Како ги развиваме кариерните способности?

Секој талент може да се развие во кариерна способност ако личноста се посвети на практично развивање на талентот. До сега имаме реализирано над 200 проекти во кои учениците практично ги развиваат своите вештини. Со помош на четири алатки, меѓу кои е Brain Talent Profile, ги идентификуваме менталните таленти а потоа младите ги стимулираме како да ги процесираат информациите преку работа на специфично креирани проекти според нивните индивидуални потреби. Накратко – Учиме преку искуство и креираме вредности.

Зошто да го одберете програмот
“Мали и Возрасни Генијалци”

Мали и Возрасни Генијалци е едукативен програм фокусиран на развој на исклучителност, емоционална интелигенција и таленти на деца и млади до 18 години

Секој човек е роден со некаков талент, дарба, специфичен интерес. Нашиот фокус се потенцијалите и “примарните склоности” на личноста кои уште од рано детство ги препознаваме како специфични интереси а со тек на време истите ги развиваме во кариерни способности. Честопати, примарните склоности на личноста може да се под влијание на интересите на други личности и процеси од околината. На таков начин младата личност се трансформира и развива комбинација на своите природни и ново стекнати интереси. Доколку индивидуата чувствува страст кон своите интереси, таа може да продолжи да се развива и усовршува, или да ги запостави и со тек на време ќе ги игнорира своите интереси.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ ОВОЈ ПРОГРАМ?

Овој едукативен програм е специјално дизајниран за деца и млади до 18 години и нивните родители, со цел да ја забрза еволуцијата на нивниот емотивен и ментален ум и ги зајакне нивните емотивни и когнитивни способности над човечките ограничувања! Користиме научно докажани алатки со кои децата се развиваат и кариерно насочуваат. Се фокусираме на развој на емоционалната интелигенција и талентите, учиме како работи нашиот мозок, ги усовршуваме нашите таленти и ги користиме како наша предност.

КРЕИРАМЕ ВРЕДНОСТИ, УЧИМЕ ПРЕКУ ИСКУСТВО И СЕ ЗАБАВУВАМЕ

Работиме на супер проекти кои може да ги следите преку нашава веб страна и социјални мрежи (YouTube, FB, Instagram). Инспирирани од креативноста и слободата на себе изразување, за вас креираме интересни и поучни драми, кратки видеа, блогови, мотивациони пораки, аудио книги… се што може да ве инспирира во вашиот личен и кариерен развој, да ги подобри вашите таленти и емоционална интелигенција. Додека работиме и учиме… многу се забавуваме. Бидете дел од нашиот тим!

Овој програм ги мотивира младите да бидат упорни и со страст да продолжат да ги развиваат своите интереси во таленти. Преку многу работа и креативни проекти ги охрабруваме еден ден да станат експерти во својата област на делување, со силни кариерни способности и изградени здрави врски со себе и околината. Креираме вредности, учиме преку искуство и се забавуваме.

Додека работиме и учиме… многу се забавуваме. Бидете дел од нашиот тим на Талент Ангели!