ЗОШТО Е ПОТРЕБНО ДА ИНВЕСТИРАМЕ ВО РАЗВОЈ НА ТАЛЕНТИТЕ
Како возрасен човек да ја зголеми самоодговорноста и вербата во себе, без притоа да се предаде на притисокот од околностите? Дали околината е виновна за нашата судбина, успеси и среќа?
Како возрасен човек да ја зголеми самоодговорноста и вербата во себе, без притоа да се предаде на притисокот од околностите? Дали околината е виновна за нашата судбина, успеси и среќа?
Секој ден околу себе гледаме многу луѓе кои од најмали нозе ги игнорираат своите таленти а денес се заглавени во професии кои ги работат само за да преживеат и не уживаат во она што го работат. Тоа се луѓе кои донесуваат одлуки не поврзани со себе и своите инстинкти, туку под влијанија ја околината кои ги приморува на одредени однесувања, врски и кариери и им ги наметнала како нивни.
За да се избегне ваков квалитет на живот, потребно е уште од најмали нозе да се препознае талентот на детето и да му се помогне во негово понатамошно усовршување и развој. Истражувањата потврдуваат дека уште од рано детство сме природно привлечени од одредени личности или активности, независно од влијанието на нашите родители. Може да ги наречеме “Првобитни склоности” но тие се природните афинитети кои ја креираат нашата уникатност. Важно е да разбереме дека тие “Првобитни склоности” ни зборуваат, како глас. Како што старееме тие гласови се стишуваат под влијание на нашите родители, учители, околина, менталитетот во кој растеме. Затоа, сетете се кога бевте мали, од кои работи бевте воодушевени, за што чувствувавте страст и силна љубопитност. И прашајте се, кога треба да почнам да инвестирам во развој на склоностите на моето дете?
Кога зборуваме за инвестирање во развој на таленти, мислиме на тоа КАКО со помош на тим од ментори кои се меѓу најдобрите во Македонија и методологијата на Six Seconds да ги отклучиме потенцијалите и да ги развиваме младите талентирани деца да бидат подготвени евентуално за студии во престижни универзитети во светов и во следниве 30-40 години го работат тоа што го сакаат.
ИСКЛУЧИТЕЛЕН ТАЛЕНТ е постојана способност да се извршува одредена задача до совршенство. Талентот се трансформира во исклучителност кога свесно се користи стекнатото широко знаење, вештини и пракса.
Секој од нас има таленти. Секој талент и конфигурација на таленти може да се користи продуктивно, благодарение на тоа што ќе им служиме на другите подобро и што ќе се чувствуваме подобро со нас самите. Резултатите од тестот Brain Talent Profile не дефинираат што можете да направите, туку како пристапувате кон проблемите и како природно и инстинктивно ги решавате.
Со други зборови, комбинацијата на вашите индивидуални таленти не ги покажува јасно оптималните области на развој или предложените позиции. Тоа ви овозможува подобро да ги разберете своите однесувања и да започнете свесно да го негувате она што е најефикасно во нив. Сепак, одлуката за тоа дали ќе инвестирате во вашите таленти и ќе ги развивате во предности, зависи само од вас. Ние се обидуваме да го олесниме ова со обезбедување на алатки во пријателска средина.
Прашања кои често се поставуваат во високо развиени општества: Како возрасен човек да ја зголеми самоодговорноста и вербата во себе, без притоа да се предаде на притисокот од околностите? Дали околината е виновна за нашата судбина, успеси и среќа? Како да ги воспитуваме децата уште од најмала возраст дека сами се одговорни за креирање на својата среќа и дека во животот секогаш имаат можност да изберат да учат од секое искуство.
Додека се соочуваме со брзиот развој на технологијата и традиционалното образование, немоќни пред последиците од таа динамика, сведочиме во креирање на системски проблем – образование круто кон промени. Бизнис секторот е најзасегнат од квалитетот на кадри кои се произведуваат во нашиве образовни институции и алармира да се превземат итни мерки за јакнење на капацитетите за да произведуваме квалитет а не квантитет од таленти. Накратко, проблемот е видлив: во образованието постои недостаток на креативност, идентификување и охрабрување на уникатност. Талентите и уникатноста кај децата нередовно се стимулираат и како последица од таквиот системски пристап многу често нивниот развој “зависи” од ентузијазмот и расположението на наставниците.
Емпатично согледуваме дека училишните кадри не се соодветно стимулирани ниту финансиски се наградени да работат со талентираните деца и млади. Искусните ментори и тренери кои ги спремаат талентираните ученици за на олимпијади се фрлени на милост и немилост пред нозе на државата која до денес нема развиено систем преку кој ги идентификува, следи и инвестира талњнтираните во нивниот развој. Наместо со системска поддршка на идните лидери на оваа држава ние се соочуваме со масовно иселување на младите и талентирани кадри кои по завршено средно а се почесто и основно образование ги пакуваат куферите и заминуваат таму каде гледаат повеќе перспективи за свој развој.